Министерот вели дека тој нема одговорност за состојбите во затворите и најави дека за околу 4 до пет години ќе биде изграден нов затвор во Идризово.Тој рече дека не може да прејудицира кој точно затвореници ќе бидат опфатени со амнестијата откаков јавноста излезе информација дека двајца осуденици од случајот „Монструм“, Фејзи Азири и Хаки Азири ќе излезат од затвор ако се донесе новиот закон за амнестија.
-Од затворите сигурно нема да излегуваат академици, порача Лога.ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Законот со сите демократски механизми кои им стојат на располагање.Во моментов 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 чекаат да влезат во затвор. Со амнестијата се очекува 286 осуденици да бидат целосно ослободени од затворска казна, а 996 да бидат делумно амнестирани. Според објавениот предлог закон, казните нема да им бидат намалени на осудените на доживотен затвор, како и на тие кои се во затвор за убиство, измама при избори и гласање, мито и корупција, силување, семејно насилство и измама со пари од европски фондови.