Денес во Карпош го потпишавме Меморандумот за соработка со Општина Кочани, на иницијатива на в.д. градоначалникот Венко Крстевски. Разговаравме за: урбанизам, инспекциски надзор, заштита и спасување… но пред сè – за поддршка меѓу луѓе со иста цел. Кочани се соочува со предизвици, но има волја, визија и тим што сака да напредува. Нашите служби од Карпош ќе помогнат – со знаење, искуство и срце. Без политика, без калкулации – само човек за човек.
Особено ми значеше искрената изјава на градоначалникот Крстевски: „Јас и моите сограѓани никогаш нема да ја заборавиме пријателски подадената рака од Јакимовски и карпошани.“ Токму тоа е суштината на локалната власт: да се слушнеме, да се поддржиме, и да покажеме дека заедно – сме посилни.