И одговорот одМВР не беше конкретен туку општ одговор дека министерството постапува по повеќе предмети за крииминал и корупција без конкретен одговор добиле или не дојава или пријава од премиерот дека некој се обидел да го поткупи.
Вчерашното тврдење на Мицковски дека се обиделе за Коридорот 8 да го подмитат преку комуникациски канали а не директно но тој како искусен сватил дека сакаат да го поткупат во јавноста предизвика интерес кој се тој или тие што се обиделе да го прават тоа особено од потврдата од Мицковски дека ова го пријавил во институциите на нашата држава. Изјавите од ОЈО ГОК и неконкретната од МВР кои беа одговор на прашањата на медиумите за наводниот поткуп има ли и кој блефира околу „митото за премиерот“.
Во денешната негова изјава тој иако прашан не ги коментираше изјавите на институциите дека пријава не добиле туку вчерашното тврдење дека бил жртва на подмитување го сведе на „порака која јавно ја пратил до крииминалците дека ке се бори со нив“.