Во првите осум месеци од годинава, од јануари до август, биле издадени лциенци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, изјави претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.
„Во најголем дел тоа се компании кои поставуваат фотонапонски панели за да можат да ги задоволат потребите на основната дејност која ја работат. Или практично, со производството на струја од овие нови капацитети од обновливи извори може да се снабдуваат скоро 80 илјади домаќинства“, изјави Бислимоски. Минатата година Регулаторната комисија издаде лиценци за производство на струја од обновливи извори со вкупно инсталирана моќност од речи и 399 мегавати, додека во 2022 година биле издадени лиценци за 152 мегавати.