6.8 C
Скопје
08/12/2024 14:26
МАКТЕЛ

 

(ВИДЕО) Од 1-ви декември нов пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата МојДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании

     

Владата го усогласи деветтиот пакет антикризни мерки кој е во вредност од 662 милиони евра. Пакетот содржи 26 мерки за социјална сигурност кои се насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории граѓани и компании, како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза, информира премиерот Димитар Ковачевски.Со мерките што ќе важат од 1 декември, како што информира на денешната прес-конференција се опфаќаат 120 илјади млади лица, над 74 илјади социјално ранливи категории на граѓани, над 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, речиси 540 илјади корисници на апликацијата МојДДВ, 600 илјади домаќинства и над 70 илјади компании.

 

-Со системските мерки за 2023 и 2024 година опфатени се над 338 илјади пензионери и 106 илјади вработени во администрацијата, рече Ковачевски.
Нагласи дека мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците се во износ од 156 милиони евра.
-Во овој пакет мерки обезбедивме поддршка за зголемување на ученичкиот стандард за основците и за средношколците од семејства од ранливи категории со ниски примања до 50 илјади денари, рече Ковачевски и додаде дека над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно по 1.800 денари месечно за што од Буџетот ќе се издвојат 14,3 милиони евра, посочи Ковачевски.

  

Поддршка ќе има и за 15 илјади студенти кои живеат надвор од местото на студирање. Тие ќе добијат ваучер за превоз.
-Студентите во наредните седум месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари за што се предвидени два милиона евра. Во наредните пет месеци по 1.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надомест заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, и родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка се опфатени 16 741 граѓанин со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра, рече Ковачевски.

Предвидена е и поддршка за пензионерите со најниски примања. Како што рече, во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно, со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2.000 денари месечно и оние со пензија од 16 до 19 илјади денари ќе добиваат по 1.500 денари месечно. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.
-Со новиот пакет е предвиден авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата и тоа за 40 илјади земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, и кои се занимаваат со сточарство за што се предвидени 8,1 милион евра, посочи Ковачевски.

Преку програмата за енергетска сиромаштија, додаде, предвидени се еден милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства. Предвидени се 1,1 милион евра за околу 2.250 корисници за финансиска поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, односно поддршка за фотонапонски панели до максимум 80.000 денари, максимум 15.000 денари за соларни системи, и до максимум 25.000 денари за инсталација на ПВЦ прозорци и врати.

Најави дека ќе продолжи и мерката за субвенционирање на струјата и дека ќе продолжи 90-процентното субвенционирање на цената на струјата за 611 илјади домаќинства и 68 илјади мали потрошувачи за што се проценува дека ќе бидат потребни 35 милиони евра.
-Ја субвенционираме и цената на топлинската енергија. За парното за домаќинствата и компаниите за 63 илјади корисници во Скопје и оваа година ќе биде обезбедена субвенционирана цена за што се проценува дека ќе требаат 7,4 милиони евра, рече Ковачевски.

Ќе продолжи, како што кажа, и финансиската поддршка за сметките за струја за домаќинствата со ниски приходи, корисници на гарантирана минимална помош и социјална пензија. За нив поддршката ќе изнесува 1.200 денари месечно во наредните шест месеци. Со мерката се опфатени над 50 илјади корисници и е во вкупен износ од 5,9 милиони евра.

Преку мерката Мој ДДВ, нагласи дека се обезбедени средства за поврат на ДДВ и дека е предвиден зголемен праг до 2.100 денари за секое тримесечје поединечно. За тоа се предвидени 42,2 милиони евра, а ќе опфати речиси 540 илјади корисници.
-Како дел од мерките предвидовме и законско решение со кое се ограничува затезната камата до висина на долгот, а воедно планирана е мерка со која се намалува висината на стапката на казнена камата за 3 процентни поени за граѓаните со низок доход, посочи Ковачевски.

За одржување на ликвидност ана компаниите, поттикнување на конкурентноста и поттикнување на инвестиции во обновливи извори на енергија во приватниот сектор, додаде, предвидени се 492 милиона евра. Во рамките на мерките предвидени се поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од 10 милиони евра, за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку издавање на зелена обврзница. Се проширува и опсегот на компании корисници на Гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка преку олеснување на критериумите за аплицирање за што се предвидени 39 милиони евра.

– Во соработка со ЕИБ предвидуваме поволна седма кредитна линија за зелена транзиција вредна 100 милиони евра за инвестиции во ЕЕ и ОИЕ по принципот 1+1. Во соработка со Француската агенција за развој предвидена е поволна кредитна линија во износ од 50 милиони евра за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и проекти со позитивен придонес за животната средина. Во соработка со Банката за развој на Советот на Европа планирани се 50 милиони евра за поволни заеми за мали и средни претпријатија, создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претприемништво за зелени инвестиции. Преку инструментот на ЕБОР за зелено финансирање обезбедуваме поддршка за малите и средните претпријатија, за поединци и домаќинства да инвестираат во ОИЕ и иновативни решенија за ЕЕ во висина од 790 илјади евра, прецизира Ковачевски.

Предвидена е и одлука за одобрување на користење на дехидрирано млеко за производство на млеко и млечни производи со цел да се намалат малопродажните цени.
-Во овој пакет мерки обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите за нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3 до 9 илјади денари. Продолжува и поддршката на јавниот сектор за што вкупно се предвидени 14,9 милиони евра. Во соработка со СБ предвидени се поволни кредити наменети за општините за инвестиции во ЕЕ за што се издвоени 10 милиони евра. Обезбедени се 5 милиони евра за Фонд за ЕЕ во Развојната банка во соработка со СБ со цел финансирање на проекти за ЕЕ и ОИЕ, рече Ковачевски.

Продолжуваме, нагласи, и со системските мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетската криза за што се предвидени 516 милиони евра од кои 189 милиони евра во 2023 година и 327 милиони евра во 2024 година од кои 36,2 милиони евра за зголемување на платите во јавниот сектор како усогласување со минималната плата за 2023 година , 52 милиони евра за зголемување на платите во јавниот сектор врз основа на општиот колективен договор за зголемување од 10 отсто и исплата на К-15. За истата мерка во 2024 година се предвидени 15о милиони евра. За 2023 година обезбедени се 100 милиони евра за исплата на зголемени пензии за над 338 илјади пензионери, а за 2024 година се предвидени 178 милиони евра за покачувањето на пензиите согласно новата методологија.Министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на прашање појасни дека антикризните мерки се финансираат од приливи од јавни давачки и дека не се финансираат од кредити како и дека се предвидени во буџетите за 2023 и 2024 година.

 

Најново

„ВОСХИТУВАЧКА ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА“ Ски авантурите на Шара се претставени во британски „Тајмс“

Sase Ivanovski

СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Патрон на МПЦ, извор на нашата духовност и образование

Sase Ivanovski

Претседателката на Грузија разговарала со Трамп и Макрон за „украдените избори“

Sase Ivanovski

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја за обид за државен удар

Sase Ivanovski

Сирискиот премиер бара слободни избори и потврди дека контактирал со лидерот на бунтовниците

Sase Ivanovski

Писмо напишано од Моцарт, кое се сметаше за изгубено, продадено на аукција за неверојатна сума

Sase Ivanovski

Лидерот на сириските бунтовници: Падот на режимот е близу, бидете милосрдни кон цивилите

Sase Ivanovski

Падна и Дамаск, Асад избегал од Сирија

Sase Ivanovski

На три прегледи не било за операција, кога дал мито му го оперирале пердето за три дена

Sase Ivanovski

Наумовски: САД би можеле активно да помогнат во спорот меѓу Скопје и Софија

Sase Ivanovski

Емануел Макрон ги пречека светските лидери во Париз на спектакуларна церемонија при повторното отворање на Нотр Дам, пет години по големиот пожар

Sase Ivanovski

Јужнокорејскиот претседател кривично се гони за воведувањето воена состојба

Sase Ivanovski

Сирискиот премиер повика на слободни избори

Sase Ivanovski

Трамп: Асад веќе го нема, Путин го напушти

Sase Ivanovski

Превкусни специјалитети во ресторан Le Meurice Alain Ducass во Париз

Sase Ivanovski

Бела куќа: Ја следиме вонредната ситуација во Сирија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамаск падна, Асад со авион избега од земјата

Sase Ivanovski

Апел од МНР: Македонските државјани да ја напуштат Сирија

Sase Ivanovski

„ОЧИГЛЕДНО ЗНААТ ДА ЧИТААТ АМА НЕ ГО РАЗБИРААТ ТОА ШТО ГО ЧИТААТ“: Најчевска распали за албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Падот на режимот на Асад и почетокот на „новата ера“ во Сирија: Бунтовниците влегоа во палатата

Sase Ivanovski

„АКО ИМ СЕ РАСИПАЛ АВИОНОТ, ИМА РЕДОВНИ АВИО-ЛИНИ“: Ванковска со остра критика „нели им се воодушевувавме на скромните политички лидери?“

Sase Ivanovski

„СО ВАКВИ РЕКТОРИ И ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ УШТЕ ДОЛГО ЌЕ ТОНЕМЕ ВО СЕПТИЧКАТА ЈАМА“: Мојсоска без влакна на јазикот

Sase Ivanovski

НАД 1.000 ГРАЃАНИ ЈА ТУЖАТ ФОН ДЕР ЛАЈЕН ПОРАДИ ВАКЦИНИТЕ! Размениле пораки и повици со извршниот директор на „Фајзер“

Sase Ivanovski

Функционерите во Црна Гора си ги зголемуваат платите за 30 отсто

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова на свечена академија во чест на „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

Албанските демократи тврдат дека партијата на Трамп бара техничка влада во Албанија и оти „нон грата” за Бериша е веќе поништен

Sase Ivanovski

Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

Денеска и утре бесплатен паркинг на повеќе локации во Скопје

Sase Ivanovski

Свети Климент Охридски Чудотворец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стевчо Jaкимовски проговори за борбата со ракот: Најголема храброст ми даде д-р Докиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Макрон цел живот ќе го памети ракувањето при пристигнувањето на Трамп

Sase Ivanovski

Променливо време со ниски температури, дожд и снег

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Њујорк: Идентификуван е осомничениот за убиството на извршниот директор на UnitedHealth

Sase Ivanovski

Часови по крипто валути во школо

Sase Ivanovski

Сиљановска не заминала за Париз на отворањето на Нотр Дам затоа што се расипал владиниот авион

Sase Ivanovski

RÖYKSOPP се конечно во Скопје!

Sase Ivanovski

ПРЕЧЕК НА НОВАТА 2025-та ГОДИНА ВО МКЦ

Sase Ivanovski

Влатко Стефановски ја воодушеви публиката со третиот сингл од новиот албум “London Sessions”

Sase Ivanovski

На прашањето „Дали забраната за социјални мрежи за млади под 16 години, што ја воведуваат некои земји, е прекршување на нивните права?“, граѓаните дадоа различни и интересни одговори

Sase Ivanovski

Наместо на санки, германските Дедо Мразовци на Харли Дејвидсон собираа средства за детски новогодишни пакетчиња

Sase Ivanovski

„Тивок“ штрајк на новогодишен хор

Sase Ivanovski

Хајредини го коментира Законот за јазици кој ќе се најде на седница на Уставен суд

Sase Ivanovski

TАС во 1989 произвела 37.411 голфови, a фабриката имала 3.500 работници. Овој период бил симбол на индустриската моќ на Југославија

Sase Ivanovski

Кој е вашиот избор?

Sase Ivanovski

Прекрасни 45 секунди во руско метро

Sase Ivanovski

Ова е најголемото бифе во Европа!

Sase Ivanovski

Неколку месеци пред Министерството за енергетика и рударство немаше македонско знаме!

Sase Ivanovski

Србија економски ТИГАР

Sase Ivanovski

“Каде се парите? со Горан Теменугов” гостува Глигор Бишев – Теми се пензионирањето до 67 години, јавниот долг, фискалните правила и големите трошоци што ги има државата

Sase Ivanovski

Трета година по ред, Виена е прогласен за град кој е најдобар за живот на светот

Sase Ivanovski

Милатовиќ: Легитимно е да се покрене прашањето за статусот на српскиот јазик во Црна Гора

Sase Ivanovski

Кого може да го замени вештачката интелегенција?

Sase Ivanovski

Во Киев блесна огромна новогодишна елка на плоштадот Света Софија

Sase Ivanovski

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Sase Ivanovski

(Видео) Со новите луѓе во партијата, СДСМ испраќа порака дека е подготвена за промени – Каранфилова Пановска во „Стадион“

Sase Ivanovski

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Sase Ivanovski

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Sase Ivanovski

Контраспин: „Македонско сценарио“ за Србија и(ли) „Српски свет“ за С. Македонија?

Sase Ivanovski

Груби: Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, има само нација

Sase Ivanovski

Снегот пристигнува: Обилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта!

Sase Ivanovski

Десетмесечно бебе донесено без знаци на живот во Поликлиника Чаир, ќе оди на обдукција

Sase Ivanovski

Ристески: Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Sase Ivanovski

Теменугов: Дали сме пред банкрот како држава?

Sase Ivanovski

Масовно труење со храна во студентски дом во Риека: Студенти завршија на инфузија, постои сомневање за опасен вирус

Sase Ivanovski

Илјадници демонстранти во Грузија беа растерани од полицијата со солзавец и водени топови

Sase Ivanovski

Украина почнува мобилизација на жените: „Без нив тешко ќе се реши хаосот во армијата“

Sase Ivanovski

При судир со авион, мршојадец остана да виси на шофершајбната за време на летот

Sase Ivanovski

Николовска: Најавата за отуство на седницата на Уставниот суд е неизвршување на функцијата

Sase Ivanovski

СУПЕРМЕН ПРОТИВ ЊУТН

Sase Ivanovski

„Оптимизмот е опиум за народ. Да живее Троцки!“

Sase Ivanovski

Трамп во Париз, големо враќање на меѓународната сцена

Sase Ivanovski

Путин: Западот не ја напушти Русија

Sase Ivanovski

ЛДП предлага да се забрани ТикТок: „Време е да се освестиме како општество“

Sase Ivanovski

„ Светските енергетски лидери во Скопје: Македонија домаќин на глобалниот форум за енергетска иднина во 2025“

Sase Ivanovski

Момче заврши со повреди од Супермен предизвикот и се плаши да се врати во училиште: Кукавица си ако не учествуваш!

Sase Ivanovski

СЕ ОБВРЗУВАМЕ ЗА ЦЕЛОСНА ТРАНФОРМАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Владата ветува повисок животен стандард во 2025 година

Sase Ivanovski

Таравари: Северна Македонија е рангирана како првата земја во регионот што има можност да ги добие средства од Планот за раст на ЕУ!

Sase Ivanovski

ДУИ: Министерот кој „имаше оперативни сознанија за софистицирани групи“ во Куманово ден пред да биде уапсено лице со ментална попреченост, сега има „оперативни сознанија“ за Денот на знамето

Sase Ivanovski

(Видео) Силно невреме ја зафати Европа, илјадници луѓе без струја

Sase Ivanovski

Група албански интелектуалци со отворено писмо до Уставниот суд

Sase Ivanovski
Вчитувам....