19.8 C
Скопје
30/05/2023 18:12
МАКТЕЛ

     

Од 138-та владина седница: Еве ги сите одлуки!

    

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.
Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз и се определува обврска на трговците, кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, како и трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот, да прибавуваат и/или да продаваат свежи јајца од кокошка.
Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година во трговијата на мало, за соодветната класа по производ.  Трговците кои претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење на трговска дејност во соодветен регистар согласно со закон, имаат обврска редовно да прибавуваат и да продаваат свежи јајца од кокошка, во количини што редовно се прибавувале и продавале во јануари и февруари 2023 година.
Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот, имаат обврска најмалку 70 проценти од своето производство на свежи јајца од кокошка, да го стават во промет на домашниот пазар.
 Највисоките цени на наведените производи во одлуката и  обврските на посочените трговци, ќе се применуваат до 30 април 2023 година.
Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.Според Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки.Министерството за економија, кое е предлагач на одлуката, информираше дека, врз основа на податоците од Царинската управа, на вкупен увоз на свежи јајца од кокошка во 2023 година, главно од Србија и увозот на  свежи јајца од кокошка за периодот јануари – 14 март 2023 година, е утврдено дека увозната цена на  свежи јајца од кокошка, има пораст во однос на 2022 година.Со оглед на тоа што цената на увозот на свежи јајца од кокошка расте, како и пројавениот интерес на извоз на домашното производство на јајца од кокошка, оценето е дека сето ова може да доведе до недостаток на пазарот и значаен пораст на цената, од сегашната продажна цена.

Што се однесува до оризот, согласно податоците од Царинската управа од 01.01.2023 до 15.03.2023 година, остварен е вкупен извоз на ориз во количина 1.070.383 кгр. во вредност од 70.034.849 денари, а просечната извозна цена на ориз изнесува 68,47 ден/кг за ориз со средни зрна, односно 64,34 ден/кг за ориз со долги зрна, што е повисока цена за 30 проценти, во однос на просечната извозна цена во 2022 година.
Поради значајниот пораст на цените на ориз и свежи јајца од кокошка, како и поради претстојните велигденски и бајрамски празници, за да се спречи евентуална турбуленција и недостаток на пазарот на свежи јајца од кокошка, одлучено е, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на свежи јајца од кокошка да го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на свежи јајца од кокошка што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година. Највисоката цена на ориз и највисоката цена на свежи јајца од кокошка се предлага да се утврди на нивото на цените кои се применувале на 15 март 2023 година, во трговијата на мало, со важност до 30 април 2023 година.
Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за активности во однос на дејноста регулирано производство на топлинска енергија, доставена до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Се препорачува на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, да го задолжи ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, да склучи Договор за закуп на основни средства за производство на топлинска енергија со сопственикот Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје. А, ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје, до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија да поднесе барање за издавање лиценца за дејноста производство на топлинска енергија, како би се обезбедило непрекинато вршење и сигурност во снабдувањето на топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, во мај 2023 година во Охрид.Ова е за првпат досега, да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, при тоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со  одржувањето на овој настан.
Во делот на кадровските прашања, Владата одлучи Зоран Јовановски да го именува за в.д. директор на Казнено поправен дом Идризово, со отворено одделение во Велес, откако го разреши Шпенд Таири од оваа позиција.
Новиот в.д. директор Јовановски има завршено високо образование на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита, ЦОК БОС Елисие Поповски, Скопје, а магистрирал на Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Според приложената биографија, има работно искуство во МВР, како командир на Единицата за специјални задачи, како заменик генерал на Полицијата, како шеф на Граничната полиција, како помошник директор на БЈБ. Учествувал и на бројни семинари во Луизијана, САД, Германија, Обединетото Кралство, во врска со техники на истражувања, криминалистички истраги.
Владата одлучи да го поништи огласот за избор на Државен правобранител на Република Северна Македонија.Владата одлучи Душко Арсовски да го разреши од портпарол на Владата на Република Северна Македонија, на негово барање. Премиерот Ковачевски изрази благодарност до Арсовски, за посветената и професионална работа во две ипол годишниот период на извршување на функцијата портпарол на Владата.
Владата да даде согласност на Одлуката од 17.03.2023 година на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, со којашто за вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е именуван Арсим Хасани.На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и донесе ваква одлука.
Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Северна Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 – 14 декември 2023 година во Њујорк.
Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот на Република Северна Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година.Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.
Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година (вторник);
  • за пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година (среда);
  • за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година (четврток) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година (петок).
Владата донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година.
Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.
Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.Потребата од донесување на оваа одлука е согласно Законот за сметање на времето и е во согласност со европски регулативи.
Донесувањето на одлуката, според образложението од предлагачот, Министерството за економија, придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори, како за транспорт и врски, така и на други сектори од индустријата, коишто бараат стабилно и долгорочно планирање.
Во Република Северна Македонија важи средноевропското зонско време.
На денешната владина седница се донесени и одлуки за основање две национални установи, на предлог на Министерството за култура.  Владата донесе Одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ – Скопје.
Установата се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност.
Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност.
Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, Република Северна Македонија.
Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај.Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој.

  

Најново

Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје

Sase Ivanovski

При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови, за една недела ќе може да се аплицира, вели Меџити

Sase Ivanovski

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Sase Ivanovski

AETM: Успешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија

Sase Ivanovski

За претседателот на Судскиот совет критиките се непријатни, но не отстапува од тврдењето дека се работи законски и без корупција

Sase Ivanovski

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Sase Ivanovski

Вратите на Хубо Маркет се повторно отворени

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Нема договор за повлекување на специјалните единици од Звечан, се огласи МВР на Косово

Sase Ivanovski

Џафери: Иницијативата за една изборна единица заглавена во Комисијата за политички систем

Sase Ivanovski

ЕУ преиспитува дали Унгарија е способна да претседава следната година

Sase Ivanovski

Решена мистеријата зошто позелене водата во Венеција

Sase Ivanovski

Основните јавни обвинителства во државава добиваат 18 нови јавни обвинители

Sase Ivanovski

Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто по ѓаволите пуштате дронови да летаат кон Москва?

Sase Ivanovski

Седум деца од Македонија во мрежата на трговците со луѓе

Sase Ivanovski

Спасовски: Ја цениме поддршката на САД, кои се гаранција за стабилност на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сојуз на глуви: Татко претседател, ќерка генерален секретар, старосватица секретарка, кум…

Sase Ivanovski

ФОКУС: Биљана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Sase Ivanovski

Американскиот КФОР пристигна во Лепосавиќ на Косово како засилување на италијанскиот контингент

Sase Ivanovski

Излезе од затвор собранискиот чувар Алими, кој ги даде клучевите за отворање на вратите на Собранието

Sase Ivanovski

Штом стигнат амандманите за измена на Уставот во Собрание, не може да се додаваат нови

Sase Ivanovski

Јанчева од СДСМ ѝ ја побара на градоначалничката Арсовска финансиската картичка на Градот

Sase Ivanovski

Универзитетот во Тетово го поништи конкурсот за избор на ректор, ќе распишат нов за да немало надворешни притисоци

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА ЗАТВОР НА МЕДИСКИОТ САТРАП МАРЈАН ДОКАЗ ОД 3 НА 2 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА РАСПАЛИ ПО СОВЕТНИЦИТЕ: Уличари,по 500 евра паушал зимате за да попувате место да работите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цените на зеленчукот се намалија за 40 отсто по замрзнувањето, затоа ги одмрзнуваме

Sase Ivanovski

Три девојчиња годинава биле цел на сексуална експлоатација, изјави министерката Тренчевска

Sase Ivanovski

Студент на Економскиот факултет во Крагуевац се заканил дека на пладне сите ќе ги убие

Sase Ivanovski

Борел: Русија нема да преговара додека не победи во Украина

Sase Ivanovski

Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати

Sase Ivanovski

Дадилката на Коста К.: Беше добро и послушно дете. Ништо во неговото однесување не навестуваше вакво злосторство

Sase Ivanovski

Лајчак се обидува да договори средба меѓу Курти и Вучиќ, засега безуспешно

Sase Ivanovski

Вучиќ: Државите на Квинта итно да спроведат мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите

Sase Ivanovski

Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз Москва

Sase Ivanovski

Лога го потпиша Упатството за внесување етничка припадност во матичните книги

Sase Ivanovski

Нападот на Москва го изврши Украина, објави руското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Борел го осуди насилството на Косово

Sase Ivanovski

Москва нападната со дронови, соборени од руската противвоздушна одбрана

Sase Ivanovski

Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата

Sase Ivanovski

Агелер: Зимата повторно ќе се врати, итно да се зголемат енергетските ресурси

Sase Ivanovski

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за долговите на Град Скопје

Sase Ivanovski

Пендиков се врати во Охрид да даде изјава пред истражителите, ќе присуствува и на утрешното судење

Sase Ivanovski

Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето, но ќе реагираме ако има потреба

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Sase Ivanovski

Вучиќ до НАТО: Ако албанскиот окупатор пука, тогаш ситуацијата ќе биде сосема поинаква

Sase Ivanovski

КФОР ги повика Приштина и Белград да преземат одговорност за состојбата во северно Косово

Sase Ivanovski

Иницијативата за измени на Уставот на проверка во Министерството за правда

Sase Ivanovski

Специјалниот известувач на ЕУ Крамон порача Приштина да не праќа полиција во северно Косово

Sase Ivanovski

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”

Sase Ivanovski

Николај Денков доби мандат да формира Влада во Бугарија

Sase Ivanovski

ЛУДА ИДЕЈА: ЦВЕТАН ДИМОВ ВО ЧАИР ДА СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОТЕСНА ОД ШТО Е?!

Sase Ivanovski

Денеска избори за нов ректор на УКИМ: Во трка се шест кандидати

Sase Ivanovski

Костадинов: Одлуките што треба да се донесат ќе дефинираат два блока – проевропски и изолациски

Sase Ivanovski

Протест во Белград поради случувањата во Косово

Sase Ivanovski

БИЉАЛИ: И по 33 години партијата ВМРО не престанува со штетна националиситчка политика. Од одбивањето да прифатат министри албанци во првата влада, хистеризирањето со името на државата, преку протестите за настава на мајчин јазик, за територијалната поделба на државата, за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, и конечно за Коридорот 8

Sase Ivanovski

Изјавите на Агелар и Марфи сугерира дека дошло време да се тргне лончето од ринглата, за да не претече млекцето на Мицко, па сите да се попариме

Sase Ivanovski

Алтернатива: Косово има право на суверенитет на целата територија, но не по цена на загрозување на безбедноста

Sase Ivanovski

На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Sase Ivanovski

Вежба на МВР и САД утре ќе го блокира Скопје

Sase Ivanovski

КВИНТАТА ДА СИ ГО ВРАЗУМИ СВОЕТО ЧЕДО! Вучиќ со остри критики по судирот во Звечан

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ПРИФАЌА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, НО НЕ И УСТАВНИ ИЗМЕНИ „80 отсто од народот е против бугарскиот диктат“

Sase Ivanovski

Косовската претседателка: Српските илегални структури ја нападнаа полицијата, КФОР и новинарите

Sase Ivanovski

„Рамо до рамо до победа“ во Долнени, Велес и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил: ЕУ или Левица

Sase Ivanovski

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Sase Ivanovski

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД РУСИЈА: МЕЧКА БРКА ГРУПА ЛУЃЕ НА КРОВ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Курти има само една желба – да го доведе целиот регион до крвопролевање

Sase Ivanovski

Меѓународната заедница ги осуди нападите врз КФОР: Насилството во Косово мора веднаш да запре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ САКА ДА НАПРАВИ ВОЈНА НА КОСОВО: Припадниците на КФОР не можат да ги извлечат повредените колеги од обрачот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пожар во стан во Аеродром: На терен се противпожарните екипи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ, АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРА ДА ОДИ НА ПАТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАЛЧО: НА БРАНКО МУ ПРЕДЛОЖИВ СДСМ ДА ЈА ФИНАНСИРАМЕ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ДА ГИ ОТКАЧИМЕ ОЛИГАРСИТЕ, ТОЈ ОДБИ

Sase Ivanovski

Вучиќ: И покрај гаранциите, КФОР не ги заштити Србите ниту го спречи насилното преземање на власта

Sase Ivanovski

Канал 5 дознава: Во преамбулата на Уставот ќе се впишат и Ерменците

Sase Ivanovski

Повредени десетици демонстранти и припадници на КФОР во протестите на Србите во северно Косово

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГО ИЗЕДОА СТАПОТ ВО КОСОВО: 11 италијански војници се повредени во Косово, тројца потешко!

Sase Ivanovski

Вкупно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети – Вучиќ: Не КФОР, туку припадник на РОСА со калашников пукал кон демонстрантите

Sase Ivanovski

Вкупно 53 повредени, а едно лице се бори за живот по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕСКАЛИРА СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО, ИМА ПОВРЕДЕНИ ВОЈНИЦИ НА КФОР

Sase Ivanovski
Вчитувам....