2.8 C
Скопје
17/02/2025 09:16
МАКТЕЛ

   

Онлајн тролови – исфрустрирани интернет зависници или моќно пропагандно оружје

     

Троловите и секаков вид на неавтентично онлајн однесување станува сеприсутно во онлајн просторот и има потенцијал за сериозни последици во „вистинскиот живот“ Најверојатно ви се случило – коментирате некаков свој став на Фејсбук или пак постирате нешто што и можеби не ви се чини така контроверзно. Се појавува некој со спротивставено мислење и со провокаторски, нелогичен и тврдоглав тон. Наеднаш, целиот разговор е фрлен во нов нелогичен правец, трошите време и живци и на крај се запрашувате како може да постојат вакви луѓе. Накратко, сте наишле на трол.

Троловите се онлајн феномен, чија дефиниција константно се менува и проширува. Генерално станува збор за луѓе кои го користат онлајн просторот за да изнервираат други корисници на одредена социјална мрежа и каква било нормална дискусија да ја исфрлат од колосек. Анонимноста на интернетот и како и недостигот на директен физички контакт го овозможува овој нов социјален и бихевиористички феномен, каде луѓе кажуваат работи кои најверојатно не би кажале лице в лице со некого. Но, во последните неколку години се забележува еден нов „подвид“ на оваа онлајн појава. Новите тролови не се кријат зад анонимен акаунт и не се веќе независни актери, туку носат со себе армија истомисленици.

   

Ваквите тролови се ангажирани и платени од политички партии – работат на т.н. „трол фарми“. Овие „политички“ тролови веќе не се само мотивирани од некој сопствен ќеиф, туку целат да го преплават онлајн просторот со своите ставови, или поточно ставовите на тој кој ги плаќа. Троловите и секаков вид на неавтентично онлајн однесување станува сеприсутно во онлајн просторот и има потенцијал за сериозни последици во „вистинскиот живот“, од српските „ботови“ до локални тролови кои создаваат лажна слика за нивото на поддршка на некој политичар.

Неавтентичноста и психологијата на троловите
Различните видови тролови го делат тоа што нивната онлајн активност не е автентична – дали поради тоа што ги преувеличуваат своите ставови за да добијат некаква реакција од друг за свое морбидно задоволство или поради тоа што се платени за да го имаат ставот кои го пласираат во онлајн просторот.

„Независните“ тролови кои одлучуваат да го уриваат онлајн просторот го илустрираат психолошкиот феномен наречен „негативна социјална потентност“, односно добиваат задоволство од тоа некој друг да страда или да реагира негативно на тоа што го прават. Според професорот Марк Грифитс, „повеќето луѓе ги тролаат другите за одмазда, за внимание, за лична забава или од досада“.

Екстремното тролање може и да премине во кибернасилство. Но, тоа што го двои тролањето од типично кибернасилство е тоа што троловите најчесто сакаат центарот на внимание сакаат да е на нив, а не на жртвата. За разлика од нив, на модерниот платен политички трол не му е цел ни тој ни жртвата да е во центарот на вниманието, туку идејата која одреден политички актер сака да се пласира. Кај платените тролови, помалку е важен индивидуалниот психолошки профил на троловите, бидејќи тие не делуваат од сопствена волја. Соодветно, Мета, сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, ги нарекува активностите на троловите од политичките трол фарми „координирано неавтентично однесување“.

Операциите на политичките тролови
Главната стратегија на платените тролови е „преплавувањето“, односно постирање содржини од одреден тип во изобилство. Станува збор за работа на „трол фарми“, мрежа од луѓе (кои често стојат зад повеќе акаунти) чија работа е да постираат одреден вид содржини на социјалните мрежи по цел ден.

„Ако имаме тема за којашто се зборува и се вклучат тролови поради некаква причина затоа што некој има интерес, тие ќе го преплават дискурсот. Ако јас и ти дискутираме нормално – јас сум за, ти си против – може да има некаква дебата. Ама ако ти имаш трол фарма и 200 луѓе под твојот коментар ќе напишат ‘да, да така е’ – во чиј интерес ќе оди дебатата?“, вели Михајло Лахтов, специјалист за медиуми и медиумска писменост.

Една од најпознатите трол фарми е руската „Агенцијата за интернет истражување“ (АИИ), со седиште во Санкт Петербург. Таа ѝ стана позната на јавноста поради нејзината улога во претседателските избори во САД во 2016 година, измислувајќи вести во политички интерес на Доналд Трамп. Еден од вработените во агенцијата зборуваше со Вашингтон пост за тоа како било да се работи во агенцијата.

„Се чувствував како лик во книгата „1984“ од Џорџ Орвел – место каде што треба да напишете дека белото е црно, а црното е бело. Вашето прво чувство, кога завршивте таму, беше дека сте во некаква фабрика која лажењето, кажувањето невистини го претвори во индустриска монтажна лента. Имаше огромен број луѓе, од 300 до 400, и сите тие пишуваа апсолутни невистини“, раскажуваше за „Вашингтон пост“ анонимно лице кое било вработено во „Агенцијата“.

Една од зградите на „Агенцијата за интернет истражување“, лоцирана во Санкт Петербург | Фото: Charles Maynes, Public domain, преку Wikimedia Commons

Но, рускиот модел на тролинг е само еден начин на работа.

„Многу се интересни кинеските трол лаборатории. Тие користат позитивна трол стратегија, тоа значи дека нивните тролови не влегуваат во дискусија, не негираат ништо, не се караат (како рускиот трол модел), не ве убедуваат дека западот е лош и Кина е добра, туку само мултиплицираат претходно подготвени пропагандни видеа и содржини за колку е убаво и фино во Кина. Тие работат во заштита на специфичен интерес на државата. Кина има државна агенција за пропаганда којашто ја раководи пропагандата, тоа е сложен модел, реформиран во 1990-ти години“, објаснува Лахтов.

Доколку се обидеме да го сместиме ваквото „позитивно“ тролање во контекстот на првичната дефиниција на тролање како онлајн однесување чија цел е да изнервира друг човек, гледаме како користењето на неавтентично онлајн однесување се има развиено и проширено низ годините.
Разноликоста на видовите тролови се виде во обемниот список на трол акаунти кој беше објавен во 2023 година во Србија. Троловите, или „ботовите“ како што и се нарекуваат понекогаш, се поделени во три категории: „супер специјал“, „фанови“ и „хејтери“. Драган Видаковиќ – Мрки, кој го објави списокот, лани за Мета.мк објасни дека „супер специјал“ се најактивните ботови кои ги напаѓаат противниците на партијата и пласираат лажни информации за нив, а фановите шират „поддршка за режимот“.

„Хејтерите се тие кои ја напаѓаат секоја вест на слободните медиуми. Често може да се видат со коментари од типот ‘Не сум за Вучиќ, ама овие…’ или ‘Сите се исти’ и слични коментари. Хејтерите се задолжени за убивање на моралот на оние кои се политички неутрални“, објасни тогаш Видаковиќ за Мета.мк.


Пост на Инстаграм профилот на Александар Вучиќ, каде тој ги исмева обвиненијата околу ботовите | Извор: Инстаграм профил на Александар Вучиќ
Српските трол-фарми исто така открија дека троловите ненужно се платени. Како што раскажа Јована Брајовиќ, која јавно зборуваше како поранешен „бот“ на Српската напредна партија (СНС), таа не видела еден динар од своите активности, туку била уценета дека ако не „трола“ ќе ја загуби работата во хидроелектраната Ѓердап.

Лахтов вели дека има забележано ваков вид на неавтентични акаунти, ги има забележано и во коментарите на македонски политичари. Имено, поранешниот министер за здравство и за образование во владите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, во интервју во 2018 година откри дека партијата негува партиски ботови кои се користат за да спроведуваат линч на социјалните мрежи, да шират невистини и говор на омраза.

Слична изјава имаше и поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова која во 2019 година јавно го потврди постоењето на партиските ботови.

Што може да се преземе за троловите
Иднината на контролирањето на тролањето не е светла. Справувањето со тролање дополнително ќе се отежни откако нивната работа ќе им се „олесни“ со технологијата која користи вештачка интелигенција. Ако претходно споделувале дезинформации, сега истите ќе можат да споделуваат дезинформации со лажни слики или видеа, генерирани со помош на вештачка интелигенција.

„Мора да се стави акцент на медиумската писменост за да се намалат штетните ефекти на тролањето. Граѓаните од мали преку образованието треба учат како функционираат социјалните медиуми, на кој на начин оперираат. Треба да го разберат системот на алгоритми за да разберат зошто некоја содржина ви се појавила. Зошто се појавил кај тебе а не кај некој друг? Кој ги уредува и кој ги дизајнира денешните содржини, затоа што веќе нема еден уредник“, објаснува Лахтов.

Во таа насока, ако воопшто има регулација во однос на онлајн просторите, Лахтов смета оти таа треба да биде насочена кон самите технолошки компании на чии платформи делуваат троловите, а не кон индивидуалните тролови, бидејќи таквите регулации лесно може да ги прекршат правата на слободата на изразување.

„Во овој свет имаме ситуација каде што како никогаш досега може да споделува информации и податоци без никаква контрола и без никаква регулатива. Никој, ниту Гугл ниту Мета, не открива како е направен нивниот алгоритам. Јас се залагам за правна регулатива, правна рамка, којашто ќе ги обврзни јавно да ги објават своите алгоритми – што води кон што, кои податоци се користат“, вели Лахтов.

Европската унија го изгласа Законот за дигитални услуги (DSA), кој бара повисоко ниво на транспарентност од големите онлајн платформи, како Мета, Гугл, Амазон и други, особено кога станува збор за политичко осетливи теми.

Во однос на САД, претседателот Џо Бајден во октомври 2023 година потпиша извршна наредба за користењето на технологијата која користи ВИ. Таа вклучува наредби за поголема транспарентност од компаниите во однос на податоците што се користат, заштита од дискриминација при користењето на овие алгоритми, како и соодветно обележување на содржините генерирани од ВИ.

Додека чекаме на соодветна правна регулатива во технолошкиот сектор, останува на секој од нас да внимава да не заглави во војни со коментари и да биде свесен какви сѐ тактики на манипулација користат политичките актери.

 

Најново

Герасимовски: Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа

Sase Ivanovski

Тест: Колку возила ќе поминат на црвено светло во период од половина час во Скопје?

Sase Ivanovski

Богдановиќ: Пред почетокот на доделувањето на ордените по повод “Денот на државноста на Република Србија” домаќините ми го покажаа македонскиот салон во некогашната Палата Југославија а денес Палата Србија

Sase Ivanovski

Во винското подножје на селото Трстеник во близина на Кавадарци ја посетивме @milev.winery, сериозно добра винарија со огромен капацитет на производство на вино од свои лозови насади

Sase Ivanovski

Богдановиќ: На повик на Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ присуствував на церемонијата на доделување на сретенските ордени по повод “Денот на државноста на Република Србија-Сретење”.

Sase Ivanovski

Родителите на балерина затворени затоа што ја занемариле ќерката – Ја капеле со внимание, но гладувала…

Sase Ivanovski

Маск е „офлајн“ откако инфлуенсерката тврди дека го родила неговото 13-то дете

Sase Ivanovski

Паркингот на Клиничкиот центар е долгогодишен проблем за пациентите и за здравствените работници, а хаосот што се создава на дневна база продолжува да се влошува

Sase Ivanovski

Зошто Доналд Трамп ја забрани детската книга на Џулијан Мур? Еве што дознавме

Sase Ivanovski

Милиони патници одлучија: Хрватска прогласена за најдобра земја за посета во 2025 година

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ НА СРБИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Вучиќ го одликуваше Стајиќ за негување на пријателството меѓу Скопје и Белград

Sase Ivanovski

Легендарна реклама на ЈАТ со најпознатите српски фаци

Sase Ivanovski

Семејството на загинатата Викторија кај Сити мол за правната голгота и осудениот Tошта за „27 април“

Sase Ivanovski

Чедо Јовановиќ за разводот: Се пробав… и на оџа сакаа да ме водат! Студентите не сакаат да го сменат Вучиќ

Sase Ivanovski

Иван Мирчевски – Кавги и дебати, политичари, кој не смее во Канал 5?

Sase Ivanovski

Кина и понуди на Германија да ги купи фабриките на Фолксфаген

Sase Ivanovski

Стив Џобс го предвиде Chat GPT уште во 1985-та

Sase Ivanovski

Моите родители се во брак 52 години и имаат прекрасен однос, јас не го следам нивниот пример

Sase Ivanovski

Во едно англиско село нема криминал, долгови или бездомништво: Причината е бизарна

Sase Ivanovski

КОД: Со еден тендер заработиле повеќе од Никола Тесла за целиот живот

Sase Ivanovski

Еве што рекоа познатите европски весници за шокот што го приреди САД на Минхенската конференција

Sase Ivanovski

Трамп: Ќе пробам да договорам со Русија и Кина сите заедно да ги намалиме воените буџети за 50%

Sase Ivanovski

Лидерот на Хезболах: Израелските војници мораат да се повлечат од Либан до 18 февруари

Sase Ivanovski

Росица Кулакова: Време е да се обединиме сите заедно, само така може да го собориме криминалниот и корумпиран систем

Sase Ivanovski

Вучиќ: Ги разбирам студентите, но не и професорите

Sase Ivanovski

ЗОШТО ОПШТИНИТЕ НЕ СОБИРААТ ДОВОЛНО ДАНОЦИ?

Sase Ivanovski

Талентираните ученици од Чаир продолжуваат на патот кон успехот во математиката!

Sase Ivanovski

Здружението  „Елит“ донираше пакети за 20 семејства, а Весна Миленкоска-хуманитарка избрана за добитник на наградата “Големото срце”

Sase Ivanovski

ПОДДРШКА за гра ѓанската иницијатива Новогодишно пакетче за подобро здравје

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ – Градоначалникот на О.Врапчиште наместо да дава несериозни изјави за кривични гонења, да го прочита Законот за заштита на децата

Sase Ivanovski

Министерот Мисајловски на Минхенската безбедносна конференција

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на Националниот Иновациски Рамковен Форум

Sase Ivanovski

ОПОЖАРЕНИ ДВА КОНТЕЈНЕРА ВО НАСЕЛБАТА СЕРАВА

Sase Ivanovski

АЕТМ: Последна можност за гласање – Поддржете ја вашата омилена е-продавница!

Sase Ivanovski

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија

Sase Ivanovski

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Sase Ivanovski

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Sase Ivanovski

Измама: Преку лажно интервју со премиерот се мамат граѓани за да им се олеснат сметките

Sase Ivanovski

Измама: НЛБ банка не подарува дупли износи

Sase Ivanovski

Продолжува трендот на носење закони по скратена постапка во Собранието

Sase Ivanovski

ЕУ и НАТО не се мешаат во изборите во Романија и Германија

Sase Ivanovski

Контраспин: Проблемот околу парите за „бустање“ на Фејсбук е спин на големите партии

Sase Ivanovski

Румен Радев: Не прифаќаме измени на актуелните договори со Северна Македонија

Sase Ivanovski

ДУИ бара ослободување за Емин Бајрами: Косовски државјани патуваат несигурно во Македонија

Sase Ivanovski

Претепан полициски началник во дискотека во Кавадарци, две лица во притвор

Sase Ivanovski

Малолетен Косовец со „ауди“ прегази двајца тинејџери во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

Мицкоски и Муцунски купија по некој совет од Папандреу во Минхен

Sase Ivanovski

УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА КАЈ 28 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ – медицинскиот тим се заблагодари до семејствата на донаторите

Sase Ivanovski

„ВЛАДАТА НЕКА КУПИ ЗА СЕКОЈ МИНИСТЕР ЛУКСУЗНИ DACIA DUSTER“: Костадинов со препораки до владејачката коалиција по критиките на негова сметка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „МНОГУПАТИ ГИ ИМАМЕ ФАТЕНО, НО ПОВТОРНО СЕ ОСТАВЕНИ ДА ПУСТОШАТ ПО ПЛАНИНИТЕ“: Михаилов со видео од бркањето крадци на Скопска Црна Гора

Sase Ivanovski

Пристигнаа првите 180 туристи од Германија со „Фрибрд ерлајнс“, ќе доаѓаат секојдневно

Sase Ivanovski

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ НАПРАВИ ПИШИ-БРИШИ ЗА ТАЈВАН Кој не ја поддржува идејата за независност на островот?

Sase Ivanovski

САД Ѝ ИСПРАТИЛЕ 6 ПРАШАЊА НА ЕУ ПОВРЗАНИ СО УКРАИНА Дали сте спремни и што ќе дадете за одбраната на Киев?

Sase Ivanovski

НАМЕСТО МИНЕРАЛИ ТРАМП МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЈАЈЦА? Украина размислува како да ја добие поддршката на САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАКСИСТИ ГИ ПРЕЧЕКАА СТУДЕНТИТЕ КОИ ПЕШАЧЕА ДО КРАГУЕВАЦ Протестите во Србија траат речиси три месеци

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА ФРОСИНА Граѓаните бараат правда за жртвите на бесните возачи

Sase Ivanovski

СТАБИЛНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е КЛУЧНА ЗА ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ Мицкоски на средби на Минхенската безбедносна конференција

Sase Ivanovski

ЗОШТО СИТЕ МОЛЧАТ КОГА НАЈМЛАДАТА ЕУ ЧЛЕНКА ГО НЕГИРА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ? Се случи балканизација на Европа, наместо Балканот да се европеизира

Sase Ivanovski

ЗА МАКЕДОНИЈА ПРИСТАПОТ КОН ЕУ СТАНА ПОДВИЖНА ЦЕЛ Наместо систем на заслуги, постојат билатерални спорови

Sase Ivanovski

Еурофарм Пелистер запиша тесна победа над ГРК Охрид во Суперлигата

Sase Ivanovski

Ѕвездата на Нетфликс пронајдена мртва во станот: Причината за смртта се истражува

Sase Ivanovski

(ФОТО) Том Круз има нова љубов! „Денот на вљубените“ го поминал со поранешната девојка на Бен Афлек

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во Кефалонија

Sase Ivanovski

Орбан: Европа е на надолна патека, иднината е во другите региони

Sase Ivanovski

Магла на Стража, возете внимателно

Sase Ivanovski

„Му верувам на претседателот Трамп затоа што тој е претседател на САД, затоа што вашиот народ гласаше за него и јас го почитувам нивниот избор“, рече тој, предупредувајќи дека никој, вклучително и Трамп, не треба да верува во зборовите на Путин.

Sase Ivanovski

Никогаш нема да го прифатиме договорот меѓу Трамп и Путин, порача Зеленски

Sase Ivanovski

Јанис Варуфакис-поранешен минисер за финансии на грција: Зошто сите би требало да сме загрижени за Илон Маск и „бролијархијата

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: НОВА ЈАЛТА?!

Sase Ivanovski

Таравари: Мора да се променат цените на услугите на болниците

Sase Ivanovski

Струмичанец загина во сообраќајка со камион од Украина

Sase Ivanovski

Таравари најави можно спојување на четирите партии од „Вреди“ во една после локалните избори

Sase Ivanovski

Нападнат полициски началник во Кавадарци, предложен притвор за две лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Етна повторно еруптираше

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

Sase Ivanovski

Рама во Минхен: Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ, тоа е шанса Европа да се разбуди

Sase Ivanovski

ДУИ Чаир: Стоп на урбанистичкиот хаос

Sase Ivanovski

Муцунски: Нема да прифатиме под уцена било какво решение или компромис

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковска: Корупцијата е проблем број 1 кај младите, заеднички да работиме на искоренување на истата

Sase Ivanovski
Вчитувам....