МАКТЕЛ

    

Опасна игра на давеници

      

Случајот со повреденото бебе се затвори како обично недоразбирање, но истовремено тој отвори низа прашања за начинот на кој медиумите известуваат за сензитивни теми, како и за начинот на кој политичките партии ги градат и пласираат политичките пораки.

Иако обвинувањата дека медицинска сестра намерно повредила 3-месечно бебе на национална основа се затвори како обично недоразбирање, тоа истовремено отвори многу прашања. Прво, ова претставува пример за еклатантно кршење на професионалните и етички стандари од страна на медиумот кој ја објави ваквата неточна информација во сензационалистички манир, презентирајќи ја ударно само едната страна на приказната, без да се чуе и другата страна и да се направи синтеза на двете верзии според принципите на рамноправност, неутралност и објективност. Покрај тоа, се покажа дека политичките актери во трката за политички поени се спремни дури да злоупотребат и дете, при што крајно несоодветна реакција имаше ДУИ, која очигледно ќе ги засилува штетните наративи врз меѓуетничките односи како наближуваат локалните избори, кои ќе бидат второ полувреме од нивната битка со ВЛЕН. Ако токму по локални избори заминаа во политичка пензија Црвенковски, Груевски и Заев, дали истата судбина го чека и Ахмети? Пишува: Влатко СТОЈАНОВСКИ

Од крајно сериозни обвинувања за физичко насилство врз 3-месечно бебе, до несакано недоразбирање – вака заврши приказната која настана откако семејство обвини медицинска сестра дека го повредила нивното бебе, бидејќи наводно и сметало тоа што бебето било од албанско семејство. Притоа, ваквата верзија осамна во јавноста и предизика неумесни реакции од албанскиот политички фактор.

   

Овој случај има 2 димензии. Прво, тоа е непрофесионалниот третман на темата од страна на медиумот, каде првично беше публикувана. Иако се работи за сензитивна тема, од причина што инволвирано е бебе врз кое наводно било извршено насилство, и тоа мотивирано на верска или национална основа, првичната верзија на семејството и нивните обвинувања се пренесени безпоговорно и сензационалистички.

Имено, факт е бебето со видливи рани или повреди, но во првата фаза никако не можело да се констатира како настанале тие повреди. Дури откако јавно излезе тврдењето на семејството дека медицинската сестра го повредила бебето бидејќи таа била Македонка, а тие Албанци, се најави формирање на комисија која ќе го испитува случајот и допрва ќе ги утврдува сите аспекти и околности.

Арно ама, јавноста генерално имаше свој став и суд за настанот, бидејќи веќе беше мобилизирана од страна на обвинувањата со емотивен набој на семејството преку медиум, кој првично требаше да ја објави основната информација дека има повредено бебе на Детската клинија, но не и веднаш да одговори на новинарското прашање „зошто“. Зошто настанале повредите?

Со оглед дека одговорот на ова прашање се дава од страна на семејството, а не од страна на независен орган или трета страна, морало да се пристапи внимателно. Односно, имајќи ја во предвид специфичноста на случајот, поради тоа што станува збор за повредено бебе, а воедно има и националистички тон, морало да се побара и втората страна и да се обезбеди таа верзија од приказната, макар и ако за тоа морало да се почека ден-два.

Во ваков случај, кога обвинувањето на семејството и реакцијата на обвинетата мединска сестра не се синтетизирани врз база на принципите на рамноправност, неутралност и објективност, туку се зема „здраво за готово“ едната страна и таа се пласира ударно и резолутно, во најмала рака, имаме неетичко известување, дури и со елементи и на пропаганда и поттикнување говор на омраза.

Откако на крај се испостави дека немало никакво (намерно) насилство врз бебето, туку дека случајот бил производ на недоразбирање, се поставува прашањето кој и како ќе ја надомести штетата врз кредибилитетот и угледот на неправедно обвинетата медицинска сестра? И второ, а можеби и побитно, како ќе се санираат штетите врз меѓуетничките односи, поради исклучително опасниот националистички наратив од партиските кујни?

Како што е веќе познато, министерот за здравство Арбен Таравари веднаш, без да ги разгледа сите детали за настанот, реагираше со афирмативен пристап кон првичните обвинувања на семејството кон медицинската сестра, кои на крај се покажаа неточни. Сепак, на тој начин, Таравари од позиција на министер и даде одреден легитимитет на таа лажна или нецелосно точна информација, која го распламти и меѓуетничкиот оган.

Ако првично се прашувавме што му требаше такво брзоплето однесување на Таравари, кој инаку важи за умерен и одмерен политичар, за многу брзо ни се разјасни, откако ја видовме жестоката реакција на опозициската ДУИ. Поточно, партијата на Али Ахмети го осуди, како што соопштија од таму, скандалозното однесување од етнички причини од страна на медицинскиот персонал на Детската клиника.

Дополнително, според „интегративците“, тоа „неприфатливо и нечовечно однесување е последица на политичката немоќ на поразените на изборите кои секојдневно ги понижуваат Албанците“. Со други зборови, освен што ДУИ тврди дека имало насилство врз бебе од етнички причини, што испадна лага, дури и обвинува дека тоа се случило поради тоа што во владата не се тие, туку таму се ВЛЕН, иако ги загубиле изборите?!

Едноставно, посмешна и подегутантна експликација и аргументација на една мејнстрим политичка партија немало во последно време. Она што е уште полошо, ваквите тенденциозни наративи, кои гледаме дека се градат дури и преку злоупотреба на деца, ќе продолжат и во следниот период и се очекува да кулминираат во пресрет на следните локални избори, на кои ќе се одлучува за судбината на ДУИ, барем во ваков состав и формат.

Нема дилеми дека локалните избори ќе бидат второто полувреме од пресметката меѓу ДУИ и ВЛЕН. Ако ДУИ успее да победи, тогаш може да се врати на голема врата и да ги засили притисоците врз, условно кажано, албанскиот дел од владата. Ако ВЛЕН стана дел од власта со помалку гласови и пратеници од Европскиот сојуз предводен од ДУИ, тогаш тешко ќе може да „преживее“ и јасен, чист и убедлив пораз на локалните избори.

Но, од друга страна, што ако ВЛЕН победи на локалните избори, а на добар пат е тоа да го стори во сите големи центри со албанско доминантно население (Тетово, Гостивар, Чаир…), бидејќи таму и сега самостојно се силни, додека значајна додадена вредност ќе им бидат и етничките Македонци, кои претежно инклинираат кон ВМРО-ДПМНЕ, нивниот коалициски партнер? Ако кандидатите на ВЛЕН триумфираат, тогаш ДУИ дефинитивно го чекаат долги години во опозиција.

Автоматски, ваков епилог ќе ја турне партијата во процес на длабоки реформи од структурен, организациски, па и кадровски карактер. Тоа не мора да значи и брза лидерска смена, меѓутоа и тоа ќе дојде на дневен ред – заминување на Ахмети и избор на негов наследник. Во минатото, Бранко Црвенковски, Никола Груевски и Зоран Заев заминаа во политичка пензија токму по локални избори, па дали локални избори ќе бидат кобни и за Ахмети?

Ако во перидот 2016/2017 се создаде една атмосфера сите да се свртат против ВМРО-ДПМНЕ, сега таков амбиент се создаде против ДУИ, која освен што против себе обедини дека широк фронт предводен од ВМРО-ДПМНЕ, против нив се и делови на СДСМ, додека останаа без поддршка и на меѓународната заедница, чии официјални претставници ја сметаат актуелната влада за легитимна, бидејќи, меѓу другото, имала и етнички диверзитет.

Оттука, ДУИ ја чекаат тешки денови и партиското раководство е свесно за тоа, па се обидува да го радикализира јавниот дискурс. И, не е проблематично кога тоа се прави за политички теми и прашања, но кога се злоупотребува и случај со повредено бебе, особено кога таков случај бил повеќе конструкција отколку реалност, тоа е опасно за меѓуетничките односи. Токму оваа ризична игра на политички давеници е аматерска, а не тоа што многумина го критикувале непрофесионалното објавување и манипулативното преземање на сторијата за „претепаното“ бебе, што на крај се сведе на обично недоразбирање.

  

Најново

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Системската корупција одзеде 59 животи, Македонија мора да победи, најважно е да се покаже одговорност преку дејствување

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Целосна мобилизација на институциите, МВР работи со сите свои капацитети

Sase Ivanovski

Утре во Солун на плоштадот Аристотел, молк за жртвите во пожарот во Кочани!

Sase Ivanovski

ДУИ: Од 35 приведени, само двајца се актуелни функционери – ова е селективна правда

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар беснее кај Струмица

Sase Ivanovski

Исландска министерка поднесе оставка, пред 36 години имала дете со тинејџер

Sase Ivanovski

Одеса под напад на руски дронови

Sase Ivanovski

Обвинителството отвори истрага за смртта на Ведат: Обдукцијата треба да ја утврди лекарската грешка

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ПЛАН ЗА ЕВАКУАЦИЈА

Sase Ivanovski

Кој е следен: Од понеделник тишината завршува – се гледаме на улица

Sase Ivanovski

Најавени протести: „Да одговараат судиите и обвинителите кои ја кочеле правдата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снимил дека ниту еден од хидрантите во прилепската болница нема црево! Обезбедувањето го фатило за врат, му викнале полиција …

Sase Ivanovski

Одржана комеморација за петтемина загинати штипјани во дискотеката „Пулс“

Sase Ivanovski

Принцот Вилијам на тенк во близина на границата со Русија

Sase Ivanovski

Шекеринска: Во иницијативите за одбрана ЕУ да вклучи и сојузници кои не се нејзини членки

Sase Ivanovski

Просечната плата во јануари 43.050 денари – за една година раст од 8,9 проценти

Sase Ivanovski

37-ГОДИШЕН УПРАВИТЕЛ ФАТЕН ВО ДАНОЧНА АФЕРА Државата оштетена за над 2,2 милиони денари

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Во фокус ќе биде состојбата во Србија

Sase Ivanovski

ПРИЛОЖИЛА ЛАЖНА БАНКНОТА ОД 100 ЕВРА ВО ДУЌАН ВО ОХРИД Приведена е 21-годишна девојка од Крива Паланка

Sase Ivanovski

ПРВО ГО „ШОКИРАЛЕ“ СО ЕЛЕКТРОШОКЕР, ПА ГО ИСТЕПАЛЕ Кривични пријави за тројца штипјани

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ СТАР 46 ГОДИНИ Владата ќе забрани употреба на пиротехника во затворен простор

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За да не заборавиме – мораме да се промениме

Sase Ivanovski

АДВОКАТОТ НА БЕКТЕШИ ВЕЛИ ДЕКА И СЕГАШНОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ГИ ИМА ИСТИТЕ ПРОПУСТИ Миланов смета дека приведувањето на Крешник е апсурдно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хорор во Прилепската болница – ниту еден од хидрантите нема црево!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кочани им ја врати болката од пред 4 години – семејствата на жртвите на „модуларна“ чекаат повторно

Sase Ivanovski

И српскиот принц даруваше крв за повредените од Кочани

Sase Ivanovski

ИСКРИ ОД ПИРОТЕХНИЧКАТА ФОНТАНА ГО ЗАПАЛИЛЕ ПЛАФОНОТ Пожарот во „Пулс“ почнал во 2.32 часот

Sase Ivanovski

Две лица нападнале и со остар предмет се заканувале на полицајци во Куманово

Sase Ivanovski

Приведена кумановка која питачела на градскиот плоштад

Sase Ivanovski

НАСИЛНО ЗАДУШУВАЊЕ Е ПРИЧИНА ЗА СМРТТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ Кај четворица е утврдено задушување во стампедо

Sase Ivanovski

Жители на Кочани: Во дискотеката Пулс се продаваше и дрога

Sase Ivanovski

Македонските фудбалери против Лихтенштајн со темни дресови за жртвите во Кочани

Sase Ivanovski

Тошковски:Јас ја чувствувам мојата морална одговорност длабоко и искрено

Sase Ivanovski

Во чест на младиот музичар Ѓоргиев струмичката гимназија засади дрвце во дворот и организираше евоцирање на спомени

Sase Ivanovski

Костадинов нареди вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица

Sase Ivanovski

Обдукцијата и идентификација завршена за многу кратко време, кај сите настрадани во пожарот во Кочани констатирана насилна смрт од задушување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БиБиСи вести: САД депортираа стотици Венецуелци во затвор супермакс и покрај судската наредба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сведоштво на д-р Коцев, лекар од Кочани кој живее и работи во Белград: Пациентите се во сигурни раце

Sase Ivanovski

Што и како да јадете за да немате гасови

Sase Ivanovski

Американскиот ланец ресторани KFC прогласи банкрот во Турција

Sase Ivanovski

Студентите најавуваат протести по пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Црвен крст: Собрани 43.149.360 денари за подршка на настраданите во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Граѓанска иницијатива: Зошто е отстранет штандот за свеќи и книгата на жалост иако сеуште трае седумдневната жалост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЛАДАТА ЌЕ ИСПЛАТИ ПО 150.000 ДЕНАРИ ЗА СИТЕ СЕМЕЈСТВА КОИ ИМААТ ПОВРЕДЕНИ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Муцунски: Искрена благодарност, во име на македонскиот народ, Владата и државата, за високото ниво на солидарност што Словенија го покажува – доказ за длабоката почит помеѓу нашите земји и народи.

Sase Ivanovski

НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБРОЈАТ ПРОПУСТИТЕ ВО „ДИСКОТЕКАТА“ СУПСТАНДАРДНИОТ ОБЈЕКТ „ПУЛС“ СО ФАЛСИФИКУВАНАТА ЛИЦЕНЦА НА ЕДНА АДРЕСА, А ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА ОДЕЛА НА ДРУГА!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот менаџер на ДНК и организарот на забави Цајо зборува во какви локали настапуваат нашите пејачи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес-конференција на МВР Панче Тошковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Моника (18) раскажа како ја избегна смртта во Кочани: „Не можам да заспијам, многу мои пријатели…“

Sase Ivanovski

СИТЕ ПАЦИЕНТИ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ СТАБИЛНИ Имаат повреди од вдишување отровни гасови и чад

Sase Ivanovski

ТЕТОВЕЦ СО ВОЗДУШНА ПУШКА ЈА ПОВРЕДИЛ СОПРУГАТА НА БРАТОТ Ја погодил во рамото, па ја однел во болница

Sase Ivanovski

ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛ ДОДЕКА РАБОТЕЛ ВО ФАБРИКА Во болницата во Кавадарци е донесен 33-годишен велешанец

Sase Ivanovski

ВЕРИЖНИ ПРОПУСТИ НА ПОВЕЌЕ НАДЛЕЖНИ ДОВЕДОА ДО СМРТ НА 59 ЛУЃЕ Пиротехниката го запалила пожарот во кабарето полно со 650 луѓе

Sase Ivanovski

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Sase Ivanovski

Ќе се гради балкански Дубаи во Улцињ во Црна Гора

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ПУЛС ВО МОМЕНТОТ НА ТРАГЕДИЈАТА ИМАЛО 650 ЛИЦА ОД КОИ 30 БИЛЕ МАЛОЛЕТНИ

Sase Ivanovski

Државниот пазарен инспекторат цели 5 години не извршил контрола во дискотеката „Пулс“!

Sase Ivanovski

Општина Кочани од 2012 година примала уплати по основ на надоместок за угостителски објект за кабарето „Пулс“

Sase Ivanovski

Почина 19-годишник повреден по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Sase Ivanovski

„Тажно е што пиротехника од три долари може да доведе до ваква катастрофа“: Интервју со Енди Фолкнер кој загубил 14 пријатели во сличен пожар

Sase Ivanovski

Николоски најави одземање на 97 градежни лиценци, откриени пропусти со лиценци и во градежниот сектор

Sase Ivanovski

Коцевски: Пропустите се уште од 2012 година, се гонат сите кои дозволиле да се случи трагедијата во „Пулс“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Коцевски: 27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РАЗГОВОР – СТАВРЕ ЏИКОВ ЗА КОИ КРИВИЧНИ ДЕЛА МОЖЕ ДА БИДАТ ОБВИНЕТИ ОСОМНИЧЕНИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пенчиќ: Дискотеката „Епицентар“ граничи со резервоар за мазут на студентскиот дом „К.Ј. Питу“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес-конференција на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски

Sase Ivanovski

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за прием на повредените пациенти

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: Средба помеѓу министерката за образование и наука проф д-р Весна Јаневска и директорката Сезен Цаноска

Sase Ivanovski

СИТЕ ГЛЕДААТ ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ИЗГУБЕНА Унгарија не се плаши да биде изолирана во Европа

Sase Ivanovski

ХОЛАНДИЈА ПОДГОТВУВА АРМИЈА ОД 200.000 ВОЈНИЦИ Армијата значително ќе се зголеми од сегашните 74.000 припадници

Sase Ivanovski

УКРАЛ 7.000 ЕВРА ОД ПОМОШНА ПРОСТОРИЈА Приведен е 54-годишен жител на Гостивар

Sase Ivanovski

СИТЕ ПАЦИЕНТИ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ СТАБИЛНИ Имаат повреди од вдишување отровни гасови и чад

Sase Ivanovski

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ БИЛЕ ПРЕГЛЕДАНИ 19 ПОВРЕДЕНИ Лекувањето за нив е бесплатно и според сите светски протоколи

Sase Ivanovski

СЕ ПРОВЕРУВААТ СИТЕ ЛИЦЕНЦИ ИЗДАДЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВАТА Досега се одземени 97 од 643 проверени градежни и урбанистички лиценци

Sase Ivanovski

Долг е списокот на корумпирани што замижувале пред „шупата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА СЕ РАЗБЕРЕ КАКО ДОБРА АЛАТКА Марија Кумбароска Ванбeсин во поткастот „Бизнис-клуб“

Sase Ivanovski

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ ИЛИ ИЗРАЕЛ ЌЕ ПРИСВОИ ДЕЛОВИ ОД ГАЗА Кац упати остра закана кон Хамас

Sase Ivanovski

РУСКИОТ НАПАД ВРЗ ЗАПОРОЖЈЕ, ЈАСНА ПОРАКА ОД ПУТИН? Нуклеарната централа е од стратешко значење за Москва

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕТАЛИ ЗА ОБЈЕКТОТ ВО КОЈ БИЛА СМЕСТЕНА ДИСКОТЕКАТА, НЕШТО НЕ БИЛО СПОРНО СЕ ДО 2012 ГОДИНА ПОСОЧО МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....