Вкупниот увоз на руска нафта во Кина е намален за 12 отсто во јануари, или 1,3 милиони барели дневно, на 10 милиони барели, соопшти денеска Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Уделот на Русија во вкупниот кинески увоз на нафта падна на 19 отсто (од 20 отсто во декември), пренесе ТАСС.
Во однос на испораките на нафта во Кина, следат Малезија и Саудиска Арабија со 13 отсто од вкупниот волумен. Во исто време, според податоците објавени од ОПЕК, руската нафта учествуваше со 33 отсто од вкупниот увоз на нафта во Индија во јануари (намалување од 38 отсто еден месец претходно), по што следат Ирак со 21 отсто и Саудиска Арабија со 14 отсто. Вкупниот увоз на нафта во Индија во јануари се зголеми за три отсто на месечно ниво, на 4,9 милиони барели дневно, пренесува Танјуг.