Попладнево до Министерството за локална самоуправа, општина Гази Баба ги достави проектите за финансиска поддршка од Владата.
Аплициравме со следните проекти:
Нова детска градинка во Инџиково;
Комплетна реконструкција на културниот дом во Ченто;
Нова училишна спортска сала за подрачното училиште во Црешево;
Изградба на две новопроектирани улици помеѓу Керамидница и Триангла кои се предуслов за изградбата на нова детска градинка на потегот кај салонот на Мерцедес.
Имајќи предвид дека за сите наведени проекти ја имаме подготвено урбанистичко – планската и проектна документација, очекувам истите Владата да ги прифати и да донесе одлука за нивно финансирање.
Изразувам јавна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински кои се силна поддршка за единиците на локалната самоуправа.