Општина Кавадарци подготвена за повикот за аплицирање на проекти до Владата на Република Македонија, преку Министерството за локална самоуправа.
Апликацијата се однесува на овие седум значајни проекти:
Реконструкција на пристапен пат за м.в Косовец, село Ресава.
Реконструкција на локален пат од село Ресава до село Дабниште.
Реконструкција на локален пат за село Чемерско.
Основен проект за реконструкција на Градски базен Кавадарци.
Основен проект за изградба на кружен тек на Р-1107 надвор од опфат, пред влез на Кавадарци.
Основен проект за реконструкција на улица 8 Септември.
Основен проект за реконструкција на локален пат до село Долни Дисан.
Со изработена целосна урбанистичка и планска документација, сигурни сме дека овие проекти ќе бидат прифатени и во иднина реализирани од страна на Владата.
Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за Локална самоуправа Златко Перински, кои докажаа дека се силна поддршка и партнер за сите општини во Република Македонија.