Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, ќе донесат мигранти во Брисел и ќе ги остават пред канцелариите на ЕУ. – Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел. Ако ги сакаат, нека ги задржат – изјави Орбан во Италија. „Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример“, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е нула“.
Според него, унгарските власти не дозволуваат влез на илегални мигранти во земјата. „Ние ќе ги браниме нашите граници. Оние кои сакаат да влезат мора да чекаат дозвола и тоа мора да го направат надвор од нашата граница“, изјави Орбан.