Денес два значајни проекти – за првпат после 45 години целосно го реконструираме паркингот кај познатите кули во Кисела Вода, како и улицата. Со големо задоволство можам да истакнам дека решаваме уште еден долгогодишен проблем на мојот народ од овој дел на Кисела Вода.
Започнуваме со зафат кој беше барање на жителите кои живеат во кулите во Расадник, а бидејќи нивните потреби се мој приоритет – тука сме на терен да го исполниме барањето. Се работи за паркинг на едно од најфрекфентните места во Кисела Вода би рекол, кој беше со големи оштетувања и капацитетот на возила не беше доволен за потребите на сите кои живеат тука.
Со ова, даваме значен придонес во решавање на сообраќајниот метеж преку давање на поголем простор за сообраќајот во мирување.Во зафатот кој денес го преземаме целосно опфатена е и реконструкцијата на улицата. За неколку денови од сега, ќе се вози по нов асфалт и нов проширен паркинг простор. Нашите заложби за поубава општина продолжуваат понатаму.
Секој ден, во секое населено место. За мојот народ, за наша Кисела Вода!