Репрезентативците на Србија вчера во Белград ги славеа освоените медали на Олимписките игри во Париз. Спортистите добија спектакуларен пречек по кој продолжија да слават на ексклузивна забава во еден од рестораните во Белград. Помеѓу поканетите на прославата беше и стрелецот Дамир Микец кој во пар со Зоран Арауновиќ стигна до олимпиското злато. Но, иако освои злато за својата земја и во овој период често се појавуваше во медиумите, сепак Микец мораше на обезедувањето да му докажува дека тој е поканет да присуствува.
На објавената снимка на српски „Курир“ може да се види како Микец на својот телефон ја покажува поканата која ја добил. По објаснувањето кое траеше неколку минути на Микец му беше дозволен влез во ресторанот.
Видеото можете да го погледнете – ТУКА.