28.8 C
Скопје
20/06/2024 13:15
МАКТЕЛ

  

     

 

Османи ги охрабри Македонците во Албанија: На пописот слободно изразете ја вашата етничка припадност

      

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија им порача дека на пописот можат слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност.

Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, и јазична, и религиска припадност. Со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, нешто што исто како и кај нас, претставува непроценливо автентично културно наследство – вели Османи во обраќањето.

   

Тој истакна дека како лојални граѓани на Албанија, ги охрабрува слободно да ја потврдат нивната етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец, и со генерации наназад опстојува на овие простори.

 

Деновиве сме свесни на различни пропаганди коишто апелираат на вашата одлука, не водејќи сметка за вашите чувства. Не треба ништо од тоа да ве загрижува. Албанија е слободна земја каде секој може слободно да го изрази и негува својот идентитет, без да се грижи за било какви последици од тоа. Со тоа вие и дополнително ќе ја потврдите вашата незаменлива улога, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави – им порача Османи на Македонците кои живеат во Албанија.

   

     

Оваа порака од Османи доаѓа по заканата од претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов кој на жителите на Пустец, во Алабанија, каде живее македонското малцинство, им порача дека доколку на претстојниот попис не се пишат како етнички Бугари ќе им бидат одземени бугарските државјанства.

-До сите жители на општина Пустец, Албанија: Ако не се запишете како етнички Бугари на пописот, вашите бугарски државјанства ќе бидат одземени во најкраток рок, а ако сте во процедура, постапките ќе ви бидат прекинати. Веќе имаме еден таков случај. Размислете, објави на Фејсбук Виктор Стојанов.

Во бугарското Собрание во процес се и законски измени со кои, како што објави бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев ќе бидат јавно објавени сите што земале бугарско државјанство во изминатите 22 години.

Бугарските парламентарци, претходно неделава без дебата ги разгледаа и поминаа на прво читање предлог измените на Законот за бугарско државјанство, поднесен од лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов и група пратеници од 10 мај 2023 година, како и тие на Николај Алгафари (ГЕРД-СДС) и група народни пратеници и Радомир Чолаков (ГЕРБ-СДС) и група народни претставници.

Гласањето на измените го поздрави и бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, порачувајќи дека неговата „лична битка повеќе од десет години е на пат, конечно да стане реалност“.

1. Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна.

2. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен. Со последната измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест. Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говорот на омраза и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари. Очекувам брзо усвојување на второто читање на измените на законот!, објави на Фејсбук Ковачев.

Стојанов, кој е претседател на бугарската фондација „Македонија“ често се наоѓа во фокусот на јавноста со своите објави на Фејсбук, како што е понудата од 200 евра за идентитетот на македонскиот полицаец од граничниот премин Деве Баир, додека преку фондацијата нуди и пари на македонски деца што ќе го учат бугарскиот јазик и разни понуди за преземање на фудбалски клубови, меѓу кои и за Вардар.

Во Албанија во тек е пописот на населението кој треба да трае до 30 октомври. Изминатиот период голем број бугарски активисти, претставници на власта, невладини организации беа многу активни меѓу Македонците во Албанија обидувајќи се да ги убедат дека се Бугари. Се ветуваат пасоши, стипендии, бесплатно школување во Бугарија и работа.

 

    

Најново

(ВИДЕО) ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН НАЈЏЕЛ ФАРАЖ ВО БЛЕКПУЛ

Sase Ivanovski

НОВА ПРЕСМЕТКА НА НАРКО БАНДИ ВО ЦРНА ГОРА: Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње

Sase Ivanovski

Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика по скратена постапка со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата, нема да дозволиме стандардот на граѓаните да биде загрозен

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Ќе водам со пример и ќе барам сите функционери да го следат мојот модел на работа

Sase Ivanovski

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

Sase Ivanovski

Деспотовски: Започнуваме со креирање на новиот тим на СДСМ – не ни требаат готови туку чесни кадровски решенија

Sase Ivanovski

Фудбалерот на Албанија Даку ги пцуеше Македонците и Србите

Sase Ivanovski

Раководството на Алијансата за Албанците одлучи Елфете Исмаили да биде кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети кандидат за заменик министер за земјоделство

Sase Ivanovski

Хезболах: Ќе го нападнеме Кипар доколку ги даде своите аеродроми за користење на Израел во војна против Либан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ТРИ РОМСКИ ФАМИЛИИ ДОЈДЕНИ ОД КОСОВО ВЕЌЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ СЕАТ ТЕРОР, СТРАВ И ТРЕПЕТ ВО ЗЛОКУЌАНИ, МАЛТРЕТИРААТ НАРОД, КРАДАТ ОД КУЌИ И ФИРМИ, ТЕПААТ МИНУВАЧИ НА УЛИЦА

Sase Ivanovski

Филипче: На СДСМ му потребни нови луѓе, но и старите членови интелектуалци, социјалдемократи

Sase Ivanovski

Договараме да позајмиме од земја членка на ЕУ и НАТО не планираме соработка со Кина вели Николовски

Sase Ivanovski

ВЧЕРА НА ТОПЛОТО ИМАЛЕ ДОЛГ МАРШ ВО ПОЛНА ОПРЕМА: Армиски припадник почина на КАРИЛ откако му се слошило на „Криволак“

Sase Ivanovski

Сончево и многу топло до 40 степени и УВ индекс 9

Sase Ivanovski

Разумна изјава за името на идниот премиер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: СТОЈАН АНДОВ БЕШЕ МНОГУ НАЧИТАН ЧОВЕК, НАМЕСТО ВО СОБРАНИЕ ТРЕБАШЕ ДА МУ ДАДЕМЕ ДА ВОДИ ЕКОНОМИЈА, БЕШЕ ВРВЕН ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ПО НАРЕДБА НА ТИТО, СТОЈАН АНДОВ ОТИШОЛ КАЈ ГАДАФИ ДА МОЛИ ДА И ДАДЕ НАФТА НА ЈУГОСЛАВИЈА, ТОЈ ВЕДНАШ СВРТЕЛ ДВА ТАНКЕРА КОИ БИЛЕ ВО АТЛАНТИКОТ НА ПОЛА ПАТ КОН САД

Sase Ivanovski

СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ ВО СТРУМИЦА

Sase Ivanovski

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА

Sase Ivanovski

„Градиме одредени фантазии поврзано со нашите деца, затоа не е воопшто лесно кога ќе ни кажат дека се ЛГБТ и јас ги разбирам родителите“, вели Славица Гајдаѕиц – Кнежевиќ.

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИ НАВИВАЧ НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство

Sase Ivanovski

Израелската армија ги одобри плановите за офанзива во Либан

Sase Ivanovski

Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа

Sase Ivanovski

Ципрас и Заев уште еднаш ја истакнаа потребата да се почитува Договорот од Преспа и ја повикаа ЕУ да ги одржи ветувањата

Sase Ivanovski

Путин до Ким: Русија се бори против децениската наметната американска империјалистичка политика

Sase Ivanovski

Први пред сите: Видеолотарија Касинос Австрија одбележа јубилеј-10 години успешна работа

Sase Ivanovski

Уапсен 27-годишник во Србија – обљубил 12 годишна девојка која останала бремена

Sase Ivanovski

Две момчиња силувале 12-годишна девојка во Париз, упатиле и смртни закани и антисемитски навреди

Sase Ivanovski

УЕФА исфрли косовски новинар од ЕУРО 2024 – провоцираше српски навивачи

Sase Ivanovski

Летово нема да се намали мрежарината за струја, вели Бислимоски

Sase Ivanovski

„Славиме заедно – 100 години Прилепска Пиварница“

Sase Ivanovski

Во Агенцијата за вработување се исплаќал додадок на плата за кој не постои законски основ, покажа ревизијата за 2022 година

Sase Ivanovski

Автомобил прегази мечка на патот Гостивар-Охрид

Sase Ivanovski

Борел со препорака за укинување на мерките за Косово

Sase Ivanovski

Нова.рс: Скандалозен документ потпишуваат трудници во Србија – Ако нешто тргне наопаку, гинекологот и болницата се ослободуваат од грешки

Sase Ivanovski

(Видео) Пекол во Саудиска Арабија: Над 500 загинати на аџилак во Мека, температури до 52 степени

Sase Ivanovski

Агнеса Органџиева ќе биде домаќин на лотариите во Grand Cassino Admiral

Sase Ivanovski

Се повеќе кражби во продавници, најмногу се крадат салами, чоколади, кафе, пиво…

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски му возврати на Бислимоски: Јас сум за лебот ти си за струјата

Sase Ivanovski

Комплетно реновирање на оддел на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со донација на Спорт Лаиф Обложувалници

Sase Ivanovski

Јаневска за промена на учебниците: Верувам во македонските историчари во Мешовитата комисија дека ќе ги заштитат националните интереси

Sase Ivanovski

Василевска: „Златна рамка“ е славење на македонскиот филм и отчет за тоа што е сработено во претходната година

Sase Ivanovski

Унгарија го објави слоганот за претседавањето со ЕУ, копија на слоганот на Трамп

Sase Ivanovski

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети

Sase Ivanovski

Русија и Северна Кореја потпишаа дека меѓусебно ќе си помагаат доколку бидат нападнати

Sase Ivanovski

Заев од Атина: Руската агресија врз Украина ни покажа дека мирот не е нешто што ни е дадено за навек

Sase Ivanovski

И претседателката на Грција, Сакеларопулу, на меѓународната конференција во Атина во чест на Преспанскиот договор, заедно со Оланд и Лефвен

Sase Ivanovski

(Видео) Срдечен пречек за рускиот претседател: „Добре дојдовте Путин“

Sase Ivanovski

Промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ

Sase Ivanovski

Јетон Шаќири: Благодарност до медиумите за соработката во изминатите две и пол години

Sase Ivanovski

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Јули 2024

Sase Ivanovski

ХЕРА: Поразителни податоци за менталното здравје на младите, потребнo е образование кое ќе одговори на нивните потреби

Sase Ivanovski

Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект

Sase Ivanovski

Приведен крадец баран со потерница за казна затвор од една година

Sase Ivanovski

Германска болница го тужи Фондот за здравство, не ги платил фактурите од над 400.000 евра, покажа ревизорскиот извештај

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница

Sase Ivanovski

ХЕРА: Во Тетово ќе разговараме за важноста на образованието за благосостојбата и менталното здравје на младите

Sase Ivanovski

102 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Цветин продолжува со разубавување на животот на штитениците во дневниот центар со церебрална парализа

Sase Ivanovski

ФЕИТ е институција – стожер на образование, знаење, иновации и извонредност

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ: АКЦИЈА ЗА ИСПЛАТА НА ЗАОСТАНАТ ДОЛГ БЕЗ ПРЕСМЕТАНА КАМАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 19 ЈУНИ ДО 31 ЈУЛИ 2024 ГОДИНА

Sase Ivanovski

АЕТМ и АП здружено против сивата економија и нерегистрираните е-трговци

Sase Ivanovski

Град Скопје: Градоначалничката на седницата на Совет на 19.06.2024 по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси

Sase Ivanovski

СЕБ Глобал Платформ Скопје: Регионалната берза за малите и средните претпријатија отвора поширок пазар

Sase Ivanovski

Уставниот суд ќе утре ќе расправа по нови иницијативи за измените на Законот за облигациони односи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен интерес и фокус на идната влада ќе претставува креирање на нови и добро платени работни места, зголемување на извозот и бруто домашниот производ, а со тоа и покренување на домашната економија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Kако актуелен претседател ќе се однесувам со еднаква почит кон секој претходен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кон Љубчо Георгиевски и кон Никола Груевски, без оглед на тоа колку се далечни или блиски нивните ставови со она што е ВМРО-ДПМНЕ денес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Нема да подлегнуваме на темите кои не разединуваат и не оддалечуваат. И Македонците, и Албанците, и Турците, и Ромите, и Србите, Власите, Бошњаците и сите останати делат исти маки и проблеми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Денес 600 илјади луѓе живеат со 150 денари на ден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ НЕ ЧЕКА РАБОТА! Жилаво и напорно да се бориме да го покачиме животниот стандард на народот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Мора напорна работа од првиот час, и првиот ден!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Ќе добиете привилегии кои ви ги нуди позицијата, кон сето тоа однесувајте чесно и со голема грижливост и без расипништво. Затоа што тоа му припаѓа на народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Однесувајте се одговорно. Немојте никогаш да останете недостапни за реалниот човек, оној кој го среќававме по пазарите, улиците и малата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Рузвелт рекол – среќата не се состои во поседувањето на пари и богатство, туку во задоволството да се постигнува успех, и радоста да се остваруваат креативни цели

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ДО СОПАРТИЈЦИТЕ: Мора да се работи чесно, транспарентно и отворено. Работете според законот и правилата. Бидете скромни и чесни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Нашата носечка цел е да ја обновиме довербата во институциите на државната власт, да ја елиминираме корупцијата и да обезбедиме владеење на правото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: ВМРО-ДПМНЕ не се овие костуми и вратоврски кои ги носиме, ниту просториите кои ги имаме, туку духот и жарот на оние браќа и сестри по комитетите, месните штабови, и народот кој не пратеше и поддржуваше по улиците

Sase Ivanovski

СДСМ ЃОРЧЕ Е ЗА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЗА ИДЕН ЛИДЕР НА СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ, ниту па ќе дозволам Вреди да стане тоа што беше ДУИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....