Драги пријатели, Срдечено ве поздравувам од Џерба, во Тунис каде што се оддржува Самитот на Франкофонијата! Како шеф на делегацијата на Северна Македонија почестен сум што можам уште еднаш да ја афирмирам нашата приврзаност кон вредностите на Франкофонијата: демократијата, човековите права и културните различности. И сето тоа преку францускиот јазик – јазик со голема традиција и светла иднина. Овој јазик и вредностите кои ги олицетворува ни овозможуваат да го прошириме кругот на пријатели ширум светот. Уште еднаш срдечен поздрав од Џерба до сите пријатели франкофони!