„Гласот не е само право, гласот е одговорност, затоа што секој од нас има по еден, а таа одговорност е како камен, кој од него или гради ѕид или мост, зависи како ќе го поставите. Можете да изградите ѕид од камења и да спречите комуникација меѓу локалните заедници, да спречите комуникација со светот или да го користите за да изградите мост и да ги поврзете заедниците, да ги поврзете луѓето. Бидејќи ние сме мултиетничка земја, убавината на земјата е разноликоста на етникуми, јазици, религии и различни култури, и ова треба да се гледа како богатство на нашата земја. А за да биде функционална, треба да се градат мостови на комуникација“, рече Османи.
Тој на младите им зборуваше за конкретните резултати, придобивките, односно помакот на граѓаните преку зајакнување на правилната политика. Последната порака на кандидатот за Претседател до младите беше следнава:
„Треба да анализирате две прашања како гласачи, кога гласате за првпат. Кој ја дава понудата и каква е понудата? На прашањето кој е тој што ја дава понудата, пред се, има ли кредибилитет. Тоа го слушам на социјалните мрежи кога велат дека овие ДУИ одамна се во политика, долго време министри. Јас велам, кога одите и барате хирург да ве оперира, кој хирург го барате: оној што оперирал многу случаи, долги години е во својата професија, добро го научил занаетот и знаете дека добро ќе ја изврши операцијата, или ќе побарате некој за да експериментира со вашето здравје? Сигурен сум, сите ги прашуваат колку случаи си оперирал. Ако си под 500 случаи, не ти влегувам воопшто во сала, затоа што не можеш да вежбаш со мене. Така е и со државата. Зошто да ја оставиме државата на луѓе кои ќе експериментираат со неа?! Затоа, нашиот политички сојуз направи спој на генерации, имате луѓе кои имаат искуство, но имате и млади луѓе на кои им се дава шанса околу себе…
Сега пред вас се појавува политичка партија, голем фронт кој исполни се што вети, во секој поглед. Тоа му дава кредибилитет да ја даде новата понуда. На пример, кога ќе дојде, да го земам за пример Али Ахмети, и ви каже „Сакам да го имам првиот претседател“, во прво ќе кажете „Полека дали тој го предложи првиот премиер и го оствари тоа?! Зошто да не верувам дека тој ќе го направи и првиот Претседател?!“ Кога некој ќе ви дојде и ќе ви рече „Ќе го направиме првиот претседател“, а кој не поместил ниту камен во животот, во кариерата, ќе речете „Не ми кажувај прикаски!“ Но, некој што исполнил се што ветил, тогаш тоа треба да се сфати како сериозна понуда“, изјави Османи.