По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи функционери.
„Две години од инвазијата на Руската Федерација на Украина – очигледно кршење на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право”, истакна Османи.Воедно ја повика Русија да ја прекине оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина. Османи додаде дека ова е единствениот начин да се врати мирот и да се создадат услови за понатамошен дипломатски ангажман за праведно и одржливо решение, во согласност со меѓународното право и целосното почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
„Руската агресија против Украина ја прекршува Повелбата на ОН, која го поддржува нашиот мирен соживот и глобалната безбедност”, рече Османи додавајќи дека во текот на овие две години, народот на Украина покажа издржливост и извонредна храброст во борбата за својата слобода и независност.
Осмни потенцираше дека правдата и одговорноста мора да надвладеат и дека одговорноста не е цел сама по себе; тоа е неопходна алатка за обезбедување на мирот, стабилноста и безбедноста и најефективниот инструмент за да се избегне ова да се повтори, на друга суверена држава, на друга нација.„Во овие тешки времиња, Северна Македонија ќе продолжи да стои покрај Украина и нејзиниот народ, со надеж дека разумот ќе надвладее и дека животот наскоро ќе се врати во нормала”, рече Османи.