Приказната брзо беше прифатена од многу други медиуми и стана светски наслов. Се зборуваше за тоа дали НАТО земјите ќе одговорат на фактот што членка на Алијансата е нападната. Уште истиот ден, официјални лица од Полска, САД и од ЕУ изјавија дека веројатно се работи за залутан украински проектил од противвоздушните системи. Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е сигурен дека ракетите се руски, американскиот претседател Џо Бајден го опомена да биде внимателен со изјавите.Познатата агенција Асошиејтед прес(АП) го отпушти новинарот кој ја напиша приказната, во која се тврди дека проектилот што ја погоди Полска минатиот вторник бил лансиран од страна на Русија, објави Вашингтон Пост. Неговиот текст набрзо бил избришан. Потеклото на ракетите уште е предмет на истрага.
Веста дека агенцијата го раскинала договорот со истражувачкиот новинар Џејмс Ла Порта по кратката внатрешна истрага, ја објави од Дејли Бист во понеделникот. Отпуштањето подоцна беше потврдено за Вашингтон пост од „луѓе во новинската организација“.Минатиот вторник, АП објави вест на новинарот Ла Порта во која тој цитираше „висок американски разузнавач“, кој „“ дека „руски проектили влегле во Полска, членка на НАТО, при што загинале две лица“.Приказната брзо беше прифатена од многу други медиуми и стана светски наслов. Се зборуваше за тоа дали НАТО земјите ќе одговорат на фактот што членка на Алијансата е нападната. Уште истиот ден, официјални лица од Полска, САД и од ЕУ изјавија дека веројатно се работи за залутан украински проектил од противвоздушните системи. Кога украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е сигурен дека ракетите се руски, американскиот претседател Џо Бајден го опомена да биде внимателен со изјавите.
Асошиејтед Прес потоа ја симна приказната од сајтот. Уредникот на порталот напиша белешка во која призна дека единствениот извор користен во извештајот е неточен и дека „подоцнежното известување покажа дека ракетите биле од руско производство и најверојатно истрелани од Украина во одбрана од руски напад .“Според политиката на агенцијата, за една приказна треба да се објават најмалку два извора, а еден извор е дозволен само кога станува збор за „меродавна личност која дава информации толку детални што не станува збор за нејзината точност“. Неименуван вработен во АП изјавил за Вашингтон Пост дека новинарот Ла Порта погрешно ги информирал своите уредници дека висок менаџер веќе го проверил неговиот извор, оставајќи ги „со впечаток дека изворот на приказната е одобрен“. 35-годишниот истражувачки новинар бил во АП од април 2020 година, покривајќи воени работи и прашања за националната безбедност. ЛаПорта е исто така поранешен американски маринец кој служел во Авганистан, според Вашингтон Пост. Тој одбил да коментира за случајот.