Хрватскиот ветеран и легенда на Реал Мадрид, Лука Модриќ и официјално стана дел од сопственичката структура на екипата на Свонси. Во текот на денешниот ден се појавија најавите дека Модриќ ќе стане еден од сопствениците на овој клуб, а набрзо и се беше официјално потврдено.
„Свонси може со задоволство да потврди дека Лука Модриќ доаѓа во нашата сопственичка група. Тој е еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, лидерството, знаењето и неговата пасија за фудбалот ќе бидат клучни во развојот на Свонси“, објави англискиот клуб.
По потврдата се огласи и самиот Модриќ.
„Ова ќе биде возбудлива можност. Свонси е тим со силен идентитет и фантастична фан база со амбиција да се натпреварува на највисоко ниво, верувам дека со искуството кое го имам можам да придонесам. Целта е да го поддржам развојот на клубот и да помогнам во градењето на подобра иднина“; изјави Модриќ.
Засега не објавено со колку проценти во сопственичката структура учествува Модриќ.
🦢 @lukamodric10 is a Jack! Welcome to the newest member of our ownership group.
Full story 👉 https://t.co/WDEEZzgEss pic.twitter.com/Niyu2OpHMk
— Swansea City AFC (@SwansOfficial) April 14, 2025
Во овој момент Свонси се натпреварува во Чемпионшип, натпреварување второ по ранг во англискиот фудбал и се наоѓа на 12-тата позиција. Последен пат дел од Премиер лигата овој клуб беше пред осум години.