Даниеле Де Роси од утрово повеќе не е тренер на Рома. Италијанскиот клуб преку социјалните мрежи во кратко соопштение потврди дека Де Роси заминува поради лошите резултати од почетокот на сезоната. Рома е без победа од почетокот на сезоната и тоа е главната причина поради која ќе има промена на клупата.
Во Рома, Де Роси пристигна во јануари оваа година, кога го наследи Жозе Мурињо. Минатата сезона тимот заврши на шестото место и сега се очекуваше исчекор, па кога немаше резултати клубот се одлучи да не чека долго за промена. Засега не е познато кој ќе биде новиот стратег на „волчицата“.