Тој истакна дека остварување на етнички барања во 21-от век, кога Македонија треба да се подготвува за преговори со Европска унија е апсолутно неприфатливо.
– Неприфатливо е претседателот на државата да се избира како што се бираат обвинители, судии и носители на други јавни функции. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија веќе го има искажано ставот по барањата за избор на претседателот на државата во Собранието и сметаме дека уставната позиција на претседателот на Македонија, како институција, така поставена треба да остане и не треба да се менува. Избор на претседател во Собранието на начин како што се избираат јавни обвинители, судии, носители на други јавни функции е апсолутно неприфатливо.
Претседателот на Македонија треба да е, по уставните негови надлежности, соодветен коректив на случувањата на политичката сцена, често пати треба да биде коректив и на, би рекол неодговорното работење на Собранието, носење на закони кои се на штета на граѓаните, носење на закони кои немаат никаква врска со Европската унија и евроинтеграциите со европско знаме – рече Арсовски.
Тој нагласи дека претседателот на државата не смее да биде сервилен кон политичките партии на власта, туку треба да биде слуга на интересите на граѓаните.– И може да разговараме, напротив дали е можно или е потребно неговите уставни ингеренции малку и да се зголемат, за да може да биде татко на нацијата, коректив на сите случувања – изјави Павле Арсоски, потпретседател на ЗНАМ.