Во упадот оштетена е црквата, искршени се сите прозорци и направена е сериозна материјална штета.Посочуваат дека ова се случува само десет дена по претходното пријавување на упад во манастирот и сквернавење на црквата со декорации од знаме на друга држава.
– Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност – соопштија од Тетовско-гостиварската епархија.