3.8 C
Скопје
19/04/2024 05:27
МАКТЕЛ

  

     

 

Павлова за МИА: Очекуваме Владата да воспостави силни тимови за успешно спроведување на проектите

      

Сме увиделе случаи каде имаме многу добри тимови кои спроведуваат проекти, а кај други, за жал, се уште се соочуваме со застои што се должат на оддолжени постапки за јавни набавки, прибирање на тендерски документации или како што е случајот со станицата за третман на отпадни води во Скопје, и дополнителна советодавна поддршка и обука за вработените. Очекуваме Владата да воспостави силни тимови кои се клучни за успешното спроведување на проектите, вели во интервју за МИА Лилјана Павлова, потпретседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ).Со Павлова разговаравме по повод  договорот што беше потпишан вчера со ЕИБ за заем од 50 милиони евра наменети за водоводна инфраструктура и третман на отпадни води во општините во државава.Како што укажува таа, тоа е многу важна инвестиција која ја прават заедно со Владата под раководство на Министерството за животна средина и општините за да се обезбеди поквалитетен и подобар пристап до вода и инфраструктура за чиста вода.

   

Според Павлова, клучен приоритет следната година ќе биде да се поддржи Владата во реализација на неодамна најавениот енергетски пакет од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за регионот во износ од милијарда евра како поддршка за надминување на енергетската криза.Подготвени сме да дадеме советодавна поддршка на Владата во подготовката на акцискиот план за праведна транзиција, со цел да се осигураме дека не само што ќе постои вистинска стратегија, туку и да се подготват добри, зрели, спроведливи проекти, за да можеме после да ја извршиме распределбата на средствата наменети за Северна Македонија, посочува Павлова.Таа во интервјуто најавува и дека ќе следи уште еден заем, во износ од 100 милиони евра, наменет за малите и средните претпријатија, а како поддршка за владината програма за надминување на негативното влијание од војната во Украина врз економијата и енергетскиот сектор. Поддршката за приватниот сектор, за малите и средните претпријатија, за нас е од исклучителна важност и на овој начин обезбедуваме некаква ликвидност, поддршка на Владата во овие тешки времиња пред зимата, но и за самата економијата, истакнува потпретседателката на ЕИБ.

 

Европската инвестициска банка одобри нов заем за државава за подобрување на услугите во комуналната инфраструктура. Под кои услови го добивме заемот и што ќе значи тој за граѓаните? Навистина ми е мило што сум тука денеска, по трет пат во само неколку месеци. Верувам дека денешното потпишување за заемот од 50 милиони евра за водоводна инфраструктура и третман на отпадни води во 80 општини во Северна Македонија е многу важна инвестиција која ја правиме заедно со Владата под раководство на Министерството за животна средина и секако општините, за да се обезбеди инфраструктура која е значајна за подобрување на животот на граѓаните во општините во Северна Македонија, како и за да се обезбеди поквалитетен и подобар пристап до вода и инфраструктура за чиста вода. Ова е дел од севкупните инвестиции што ги имаме како климатска банка на ЕУ, како поддршка од ЕУ за повеќе инвестиции поврзани со климатските активности, одржливост на животната средина, но и како поддршка за спроведување на директивите на ЕУ и законодавството на Унијата, бидејќи европската перспектива значи и реализација на конкретни проекти кои се во корист на граѓаните.Покрај заемот од 50 милиони евра што е обезбеден за Владата и Министерството за финансии, денеска потпишавме и посебен договор за техничка помош од ЕИБ со Министерството за животна средина со цел да се поддржат капацитетите за спроведување на овој проект, односно капацитетите на министерството како национален координатор на оваа рамка за водоводна инфраструктура, но и капацитетот на општините со цел да им се помогне да ги реализираат конкретните проекти на терен.

   

     

Во тековната економско-енергетска криза, во услови кога има се помалку финансии, кога државата се бори да обезбеди средства за финансирање, колку може да си дозволи финансирање вакви проекти и која би била улогата на ЕИБ во овој дел? Најпрво би сакала да кажам дека ние сме навистина активни во регионот веќе долги години, а конкретно во Северна Македонија досега имаме обезбедено повеќе од една милијарда евра инвестиции во широк спектар на сектори. Само оваа година, изминативе неколку месеци, обезбедувавме и кофинансиравме конкретни проекти во износ од 200 милиони евра. Kомплементарностa на нашето финансирање, како банка на ЕУ, бидејќи ние сме банка а ова се заеми, е во тоа да ја надополниме силната поддршка која ЕУ ја обезбедува за земјата за различните инструменти – ИПА, инвестициската рамка за Западен Балкан, односно Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.Така што, како дел од Тим Европа и пристапот на Тим Европа што од неодамна го применуваме, всушност можеме да ги зајакнеме различните капацитети, а ние како банка на ЕУ ги обезбедуваме нашите заеми со многу поволни услови за државата и за Владата, се разбира внимавајќи поддршката на Владата да не го зголеми нивото на задолженост, да има некаква екстремна ситуација имајќи го предвид сегашниот пик на инфлацијата и зголемените цени. На пример, се наоѓаме во финалниот процес и се надевам дека во следните неколку недели ќе можеме да потпишеме за заем од 100 милиони евра со Развојната банка на Северна Македонија наменет за поддршка на малите и средни претпријатија во две димензии – една многу важна димензија е поддршка на владината програма за надминување на негативното влијание на руската агресивна војна во Украина и негативното влијание врз економијата и енергетскиот сектор.И за овие инвестиции имаме специфична компонента односно повеќе од 30 проценти од проектите исто така треба да бидат посветени на одржливост, климатски активности и адаптација, бидејќи се работи за комбинација на фактори. Значи поддршката за приватниот сектор, поддршката за малите и средните претпријатија за нас е од исклучителна важност и на овој начин обезбедуваме некаква ликвидност, поддршка на Владата во овие тешки времиња пред зимата, но и за самата економијата.

Како поддржувач на многу проекти во државава го анализирате текот на нивното спроведување. Која е вашата оценка за нашите капацитети за навремено спроведување на проектите и за искористување на финансиите што ги добиваме?Она што можам да го кажам е дека имаме многу добра соработка со Владата, соработка што беше уште повеќе зајакната во изминатите месеци и минатата година, и ние сме навистина посветени да ја поддржиме владата во спроведување на различни програми, проекти или иницијативи за продолжување на изградбата на важна стратешка инфраструктура, како што се патишта, железници, инфраструктура поврзана со животната средина, како што е заемот за водоводна инфраструктура и третман на отпадни води што го потпишавме денеска, како и обезбедување на конкретна наменска поддршка за технички и финансиски совети кај различни инструменти.Целта е од една страна, да се изградат капацитетите на ресорните министерства во спроведувањето, но и поддршка во подготовка на проектите, вклучително и дизајн на проектот, изработка на тендерска документација, воспоставување на проектна единица за спроведување, споделување на знаења итн. Ова претставува уште еден важен елемент бидејќи и покрај силната заложба на Владата да спроведува и реализира проекти, на што работат многу напорно, сепак им е потребна одредена поддршка за забрзување на нивното спроведување. Затоа сме ние тука да ја дадеме таа техничка помош и советодавна поддршка, за да се обезбедат вистинските тимови и дека има континуитет, така што идните проекти што се во подготовка веќе да имаат изградени капацитети во ресорните министерства.

Каде сметате дека треба да има подобрување за целосна имплементација на проектите? Секако, покрај потпишувањето на сите договори и преземањето обврски, важна е распределбата на средствата, реализацијата и спроведувањето на проектот. Сме увиделе случаи каде имаме многу добри тимови кои спроведуваат проекти, а кај други за жал се уште се соочуваме со застои што се должат на оддолжени постапки за јавни набавки, прибирање на тендерски документации или, како што е случајот со станицата за третман на отпадни води во Скопје, и дополнителна советодавна поддршка и обука за вработените. Очекуваме Владата на Македонија да воспостави силни тимови кои се клучни за успешното спроведување на проектите.Во однос на следната година, нашиот клучен приоритет ќе биде да се поддржи Владата во реализација на неодамна најавениот енергетски пакет од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за регионот во износ од една милијарда евра како поддршка за надминување на енергетската криза. Ние сме подготвени да дадеме советодавна поддршка на Владата во подготовката на акцискиот план за праведна транзиција, со цел да се осигураме дека не само што ќе постои вистинска стратегија, туку и да се подготват добри, зрели, спроведливи проекти, за да можеме после да ја извршиме распределбата на средствата наменети за Северна Македонија.

    

Најново

ДОБРО Е ТУРЦИТЕ ШТО НЕ ИЗДРЖАЛЕ 500 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

Димитриевски: Ако не влезам во вториот круг, ќе излезам и ќе гласам како обичен гласач

Sase Ivanovski

Брејк отвора радио станица за народна музика: ,,Естрада” ќе биде број еден!

Sase Ivanovski

МАРИЧИЌ: Благодарам што си искрен поддржувач на заедничката кауза #МКвоЕУ

Sase Ivanovski

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Да бидам носител на листата во четвртата изборна единица за мене е чест и одговорност

Sase Ivanovski

Пендаровски за Фокус: Нема човек или партија што може да каже дека ме контролира!

Sase Ivanovski

Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”

Sase Ivanovski

Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија

Sase Ivanovski

Не можете да вртите глава колку што радикалните ставови на Стоиљковиќ можат да ја предизвикуваат демократската јавност во Македонија

Sase Ivanovski

Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење, треба што поскоро да станеме земја членка на ЕУ

Sase Ivanovski

ГРАБЕЖ ВО ЧАИР: Влегле во менувачница, украле сеф полн пари, избегале со голф без таблички…

Sase Ivanovski

Митрески: На овие избори одлучуваме дали ќе продолжиме кон ЕУ или кон изолација и заробена држава

Sase Ivanovski

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Sase Ivanovski

Таравари: 800 евра минимална плата – економијата и емиграцијата бараат одговори

Sase Ivanovski

Симулација на „Европскиот фронт“ – Османи претседател на државата, Села на Собранието, а Бугарите внесени во Уставот

Sase Ivanovski

Битиќи: Над 180 милиони евра поддршка за домашните компании во наредните четири години

Sase Ivanovski

Ковачевски за МИА: Изборот е меѓу надеж со Коалицијата за европска иднина и безнадежност и повторно заглавување со ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДОДИК: АКО ДОЈДЕ ТРАМП НА ВЛАСТ ВО САД, БОСНА ЌЕ СЕ РАСПАДНЕ, РЕПУБЛИКА СРПСКА ЌЕ СЕ СПОИ СО СРБИЈА

Sase Ivanovski

Уапсена црногорската директорка на Агенција за спречување корупција

Sase Ivanovski

Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НАМЕСТО ДА БЕГА ОД ДЕБАТИ, ПЕНДАРОВСКИ ТРЕБА ДА ДОЈДЕ И ДА НЕ РАСТУРИ ЗАТОА ШТО 5 ГОДИНИ ГИ ИМА СИТЕ ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ ОД ЗЕМЈАТА И РЕГИОНОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: БУЈАР ОСМАНИ МОЛЧИ ЗА 15 000 ДЕЦА УБИЕНИ ВО ГАЗА, АМА ЗА ДА СЕ ДОДВОРИ НА САД ИСПРАВА КРИВИ ДРИВИ ЗА СРЕБРЕНИЦА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Заедно да ги искачиме последните угорнини за да останеме на правилниот пат за нашите деца и за нашата држава

Sase Ivanovski

СЗО: Зголемен е ризикот од птичји грип да премине кај луѓето, многу сме загрижени

Sase Ivanovski

Скопјанец отишол на работа кај поранешната сопруга и ја претепал

Sase Ivanovski

Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи: Очајно бараат храна и вода

Sase Ivanovski

Поскапува кафето поради сушите и екстремните климатски услови, како и нарушените дистрибутивни канали и логистичките проблеми предизвикани од војната во Украина

Sase Ivanovski

Почина млад маж од Виница, му се слошило додека седел во двор

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е ДОКАЗ ДЕКА ЖЕНИТЕ НА СЕ ЌЕ НАЈДАТ МААНА: МАЖ СЕ ПОЈАВИ ДОМА СО ПОЛА ПИТА ПАРМЕЗАН ОД 20 КИЛА КОЈА УСПЕАЛ ДА ЈА КУПИ ЗА САМО 10 ЕВРА, ЖЕНА МУ ГО КАРА?!?!

Sase Ivanovski

ДОДЕКА РУСИЈА СЕКОЈ ДЕН СО БОМБИ УБИВА ЦИВИЛИ НИЗ УКРАИНА, РУСКИОТ ГЕБЕЛС ПРОДОЛЖУВА ДА ТРЕСЕ ГЛУПОСТИ И ДА ГЛУМИ ЖРТВА – Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија

Sase Ivanovski

Милановиќ: Во тек се разговори за формирање ново парламентарно мнозинство

Sase Ivanovski

Рускиот научник Александар Куранов осуден на седум години затвор заради одавање државни тајни

Sase Ivanovski

ИЛИ СИ ВМРОВЕЦ, ИЛИ НЕ СИ!

Sase Ivanovski

Ако Русија победи може да има трета светска војна, кажа Украина

Sase Ivanovski

Судскиот совет не ги намали месечните норми на судиите

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ние имавме чист пенал во Брисел кој што Македонија не го шутираше заради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер нема храброст за одлука

Sase Ivanovski

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

“Џонсон Мети” прогласен за Најпосакуван Работодавач за 2023 година – странски инвестиции, втора година по ред

Sase Ivanovski

Советот на Општина Центар даде зелено светло за бесплатни тренинзи на  јуниорите на КК Работнички во салата на ООУ ,,Коле Неделковски’’ 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Познатиот бренд HOMAX од денеска и во Струмица преку Продажно-изложбениот салон Vivene by Homax, кој се наоѓа во кругот на поранешен „Југопромет“ на улица „Климент Охридски“ бр. 51, веднаш до модниот салон на Elena Luka

Sase Ivanovski

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Нема да се преиспитува членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување кој ја уредува највисоката пензија во државата

Sase Ivanovski

Ќе се повтори постапката за конфискација на зградата на ССМ, Трендафилов очекува Врховен да одлучи до 1 Мај

Sase Ivanovski

Со изложбата „Помеѓу надеж и страв“ на Јанешлиева ќе биде отворен македонскиот павилјон во Венеција

Sase Ivanovski

Доживотен затвор за свирепото убиство на жена во Кочани

Sase Ivanovski

ПУШТЕН ВО РАБОТА НОВИОТ РЕДИЗАЈНИРАН ВЕБ САЈТ НА УНИВЕРЗИТЕТ АУЕ ФОН СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЛЕНКОВИЌ Е ЦАР: Што има везе што компирите се 2,5 евра за кило, Хрватите имаат пари, гледате дека се е продадено?!

Sase Ivanovski

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

Sase Ivanovski

Јакимовски: Зошто Гордана “Доналд Реган“ Силјановска ќути пред изјавите на Османи? ДПМНЕ би направиле коалиција и со црниот ѓавол за да се доберат до буџетот на државата!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ не кажува ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

Sase Ivanovski

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРОВЦИТЕ СЕКОГАШ ЗНАЕЛЕ ДА ПРАВАТ ДОБРИ ИЗБОРНИ СПОТОВИ

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково

Sase Ivanovski

Ковачевски: Просечна плата од 1.100 евра, минимална од 600 и невработеност од 7 отсто до крајот на следниот мандат

Sase Ivanovski

Ковачевски за МИА: Европскиот пат, значи подобар животен стандард каков што граѓаните заслужуваат

Sase Ivanovski

СТОКОМАК СЕ ЦАРЕВИ: ДОВЛЕЧКАЛЕ ПИВО ОД РОМАНИЈА ПО ЛУДА ЦЕНА ОД 90 ДЕНАРИ ЗА 2 ЛИТРА?!

Sase Ivanovski

Одбележувајќи го светскиот ден на уметноста,15 април, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ – ФОН, ја промовира виртуелната онлајн изложба и проекција на завршните дела на студентите од академската 2022/23 година

Sase Ivanovski

Високо ангажирана дискусија за економска сигурност и ланците на снабдување со Jonathan BERKSHIRE MILLER во Американскиот универзитет на Европа – ФОН

Sase Ivanovski

Две лица уапсени во Германија под сомнение дека планирале саботажи, вклучително и против воени објекти на САД

Sase Ivanovski

Njoftimi për shtyp | Karvani i Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve është pjesë e fushatës – “ËSHTË RADHA JOTE” dhe fillon nesër në Gradsko, Manastir dhe Plasnicë

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНО: ПОСТОИ ЦЕЛА НАУКА ЗА ТОА КАКО ДА ПОЗИРАШ ЗА ДОБРА ФОТКА ЗА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

ПАРТНЕРСТВА СО ГЛОБАЛНИ БРЕНДОВИ И ИНВЕСТИЦИИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО Фармацевтската компанија Галеника продолжува стратешки да го проширува портфолиото преку партнерство и ексклузивен договор со компанијата Cantabria Labs, една од водечките шпански производители на премиум дермокозметички брендови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: БУЈАР ОСМАНИ Е КАКО ЖИРАФА, ЈАДЕ ТРЕВА КАЈ НАС А МЛЕКОТО ГО ДАВА ВО КОСОВО И БОСНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА ТУРИСТИЧКО МЕСТО ДО КОЕ СЕ СТИГА ПО 7000 СКАЛИ ЗА КОИ ТРЕБА 4 ДО 6 ЧАСА ДА СЕ ИСКАЧАТ

Sase Ivanovski

#Макпетрол најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕТАР БОГОЈЕСКИ – БУНТУР реагира на пукањето од митинг на Артан Груби: Збунети сме од европскиов фронт, не бевме информирани дека вака се пука во Париз, Амстердам и Берлин за време на избори?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: Коалицијата „За европска иднина“ и коалиционите партнери ќе имаат над 61 пратеник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски: Кога ќе соберат храброст ќе ги изгласаме уставните измени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски за Отворен Балкан: Останувам на ставот дека регионалната соработка е исклучително важна

Sase Ivanovski

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЦЕЛ ЖИВОТ РАБОТАМ ПО 12 ЧАСА, ДЕЦАТА НЕ СИ ГИ ВИДОВ ДОДЕКА РАСТЕА, СЕ ШТО ИМАМ СУМ ЗАРАБОТИЛ ЧЕСНО СО ТЕШКА РАБОТА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: И ДА БИДЕШ НА АМЕРИКАНСКА ЦРНА ЛИСТА ТРЕБА ДА СИ МАЖ, МНОГУ ПОЛИТИЧАРИ ЌЕ ГИ НАПОЛНЕЈА ГАЌИТЕ

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: #факти Двојно ја зголемуваме платата за овчарите. До 620.000 денари по овчар на годишно ниво, а дополнително се трга досегашниот критериум над 700 метри надморска височина. 

Sase Ivanovski

Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски за МИА: Имаме јасен план како државата ќе го продолжи процесот на евроинтеграција

Sase Ivanovski

Тајмс оф Израел“: САД се согласија на израелска операција во Рафа ако Израел не го нападне Иран

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Секогаш ќе бидам со моите пациенти во операциона сала, ама уште повеќе можам да помогнам и како пратеник

Sase Ivanovski
Вчитувам....