9.9 C
Скопје
28/03/2025 03:39
МАКТЕЛ

    

„ПАЛЕВСКИ ВЛЕТА НАЕДНАШ И ИСПУКА КУРШУМ ВО СЛЕПООЧНИЦАТА НА ЖЕЖОВСКИ“ Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се наплатат пари

      

Палчо дојде до мене, јас го прашав „Зошто ова, не требаше вака“, тој ми рече „Вака е почисто, нема што да се секираш“. Јас му реков дека не сакам вака да продолжам, оти за вакво нешто не сум ни помислил, ни сонил. Тогаш за прв пат ме подбутна со раката и ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“ – сведочеше второобвинетиот Велибор Манев.

Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев денеска во судот рече дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница. Манев денеска прво одговараше на прашања на неговиот бранител Горан Бошевски. Тој рече дека се познавал со сите обвинети, освен со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Со Боре Видевски се познавал од основно школо. Со Љупчо Палевски се запознале во 2018 година преку Фејсбук.

– Му требаа набљудувачи за избори. Се одлучив да му пристапам и како член на Движењето Трета. Со Кешишев се знам 5 години, од канцеларијата во Опера хаус, на Трета, дојде како домаќин, како готвач, да ги одржува канцелариите, му готвеше на Палевски. И тој е овде затоа што му ја даде довербата на Палевски. Две години му готвеше и му служеше без никаква надокнада. Манев потврди дека го познавал покојниот Панче Жежовски.

   

– Работев на негова куќа, пред 19 години. Тогаш ме измами, односно не ми плати за завршената работа. Бараше сечени, клесани камењада му се редат на влезот од куќата, што е меѓу најскапите материјали и варијанти на изведба во градежништвото. Ми остана должен, дома кажал дека се 500 евра, а беа 1.500 евра. Се спречкавме, се скаравме. Во лутината му извадив 12 квадрати од бекатон плочките што му ги редев. Тој повика полиција, направија записник, ме опоменаа дека не смеам така да постапувам. Дигнав раце од сето тоа и толку беше. Уште еднаш отидов кај него во фризерницата и му ги побарав парите што ми ги борчи, ме избрка и дојдов до степен да го тепам, ама не го сторив тоа, кренав раце и оставив на господ. Тоа беше сѐ од контактот со Панче – рече Манев. Тој потврди дека тој ги однел полицајците од СВР Велес и СВР Скопје до земуницата во месноста Рудник во Велес.

– Кој ја ископа дупката? – праша адвокатот Бошевски.

– Јас, со Влатко Кешишев. Целта беше да се чуваат грабнатите лица и да се пуштат откако ќе се изврши наплатата. Планот беше Панче да биде грабнат и да е врзан со ланец за бетонски тег за ногата, за да не избега. Целта беше да се искористи неговото возило за грабнување на жена на 38-40-годишна возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади од земуницата. Да се пушти Панче да си замине со колата, а жената да биде чувана додека не се изврши наплатата – рече Манев.

– Кога е копана земуницата? – праша адвокатот.

– Една година претходно – рече Манев.

– Со кого договаравте киднапирање на Панче? – праша адвокатот.

– Баравме објект каде ќе бидат чувани грабнатите лица, но не најдовме. Едно попладне бев во партијата кај Шампионче и Палевски ми предложи да го оставам телефонот во канцеларијата и да се прошетаме. Кога излеговме, рече дека е тешко да се најде објект, туку да одредиме некое место кое ќе биде локација, земуница каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откако го најдовме местото заедно, тој реши таму да се направи земуницата. Земуницата се направи и еден период ги оставивме така нештата, самата да се замаскира. Одлуката за грабнување на Панче падна некаде околу месец и пол пред грабнувањето. Се бараше некоја кола, необележана, украдена, за да го извршиме грабнувањето нa жената. Не можевме да најдеме, па баравме некој сам пензионер. Ни дојде на ум борчот на Панче – рече Манев.

– Кој се приклучи во планот? –  праша адвокатот.

– Јас, Палевски и Кешишев, кој учествуваше во копањето. Ни фалеше уште еден човек. Боре беше нон-стоп со мене и му предложив да оди да разговара со Палчо за евентуално да се приклучи како четврто лице, член на групата – рече Манев.

– Дали се приклучи? – праша адвокатот.

– Да – рече Манев.

– Кога и како го грабнавте Жежовски? – праша адвокатот.

– На 23 ноември 2023 година. Тоа го имаше и на камерите кои се покажаа од кај мене. На 22 неомври дојдоа кај мене, отидоа Палчо и Влатко да проверат дали местото одговара, видоа и Палчо одлучи да го киднапираме Панче. Следната вечер, 23 утрото, дојдоа кај мене, пиевме кафе, и утрото околу 5.30- 6 часот, тргнавме накај куќата на Панче, да го земеме. Да напоменам дека снимките што ги гледавме, времето не се совпаѓа со ова што сега го кажувам. Отидовме кај куќата на Панче, јас боре и Палчо. Кешишев го зеде „кангуто“ и се спушти кај пругата да нѐ чека. Почекавме до кај 7.30-7.45 часот. Мислевме дека Панче сам ќе излезе, за да му се нафрлиме и да го однесеме, но не излезе од дома. Палчо преку моторолата рече да му се тропне на врата и во претсобјето да се врзе и да се земе. Јас не можев да му ѕвонам зашто ме познава. Заѕвони Боре, Панче отвори, го грабнаа, сите влеговме. Тој почна да вика, му ја затнавме устата, јас почнав да му ги врзувам рацете. Палчо влезе во куќата, го зеде телефонот на Панче и клучевите од неговото возило. Ја извади церадата од колата на Панче и ја донесе, ја бутна во претсобјето, отиде ја ја пали колата, а јас и Боре го ставивме Панче го гепек. Се симнавме каде што беше паркирано „кангуто“ со Кешишев. Додека се возевме, Палевски го фрлил телефонот на Панче во дол. Тргнавме кон земуницата, за да го спуштиме. Претходната вечер наполнивме две туби гориво, една бензин, една дизел – рече Манев.

– Со какви средства комунициравте за време на грабнувањето? – праша адвокатот.

– Со мотороли. Откако Панче утрото не излезе од дома, кога Палевски виде дека тој нема да излезе, ни рече преку моторола дека Боре ќе го турне во претсобјето и ќе го грабнеме – повтори Манев.

– Каде се упативте? – праша адвокатот.

– По патот кај „Романтик“, стасавме до земуницата. Стасавме со „цитроенот“, пред нас цело време возеше „реното“, во него беа Палчо и Кешишев. Го извадивме Панче, тргнавме да го спуштаме по скалите кон дупката. Беше на самиот отвор. Пикапот и Кешишев останаа 300 метри подолу. Кешишев остана да чека, а Палевски дојде со нас во „цитроенот“. Откако се наведнав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш и испука куршум во слепоочницата на Панче. Јас останав, како да кажам, едноставно без зборови. Срипав од местото, излегов од шумичката која беше обраснала врз самата земуница, застанав, бев пред колабирање, се тресев. Потоа се созедов од тоа што го видов. Во меѓувреме го видов и Боре како излегува од самото место, а Палевски го видов како го превртува Панче во дупката сосе церадата. Палчо дојде до мене, јас го прашав „Зошто ова, не требаше вака“, тој ми рече „Вака е почисто, нема што да се секираш“. Јас му реков дека не сакам вака да продолжам, оти за вакво нешто не сум ни помислил, ни сонил. Тогаш за прв пат ме подбутна со раката и ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“ – рече Манев.

– Како планиравте да го обезбедите да не избега Панче? – праша адвокатот.

– Имаше бетонски тег во земуницата со алка, а јас носев синџир за да го врземе за нога – рече Манев.

– После убиството што направивте со земуницата? – праша адвокатот.

– Три дена стоеше отворена, а потоа Палевски се јави и рече да го затрупаме местото за да не мириса. Беше недела, јас и Боре отидовме и го затрупавме.

– Каде отидовте после убиството? – праша адвокатот.

– Ме натера пак да ја земам колата на Панче и да ја возам до Скопје. Се симнавме до кај пикапот и Палевски седна во пикапот, и тргна пред мене. Продолживме кон Скопје, преку Катланово, преку стариот пат. Не знам како извозев до Хиподром. Кај пругата некаде дојдов при себе и го видов пикапот пред мене и каде сум и што сум. Преку моторола Палевски ми кажа да го следам, тој скршна кон Кванташки пазар. Пред пругата запре, имаше паркинг, ми рече таму да го оставиме „цитроенот“ на Панче. Откако паркиравме, ме натовари во задниот дел на пикапот и ме однесе во канцеларија. Кога влеговме, Боре отиде во тоалет, Влатко отиде да прави кафе, останавме јас и Палевски и пак го прашав – зошто сето ова. Тој ми прос’ска „Прекини Вељо, ништо не разбираш, прекини да не се повторувам“. Најверојатно мислеше на тоа дека имам „убава фамилија“. Влатко и Боре дојдоа, го испивме кафето, станав да си одам со автобус, Палевски ме праша „Каде“, јас му реков „Ќе си одам во Велес“. Ми рече вечерва „Повторно да се видиме“. Јас не сакав да дојдам и му реков дека немам пари, дека со последните пари ќе купам карти за Велес и немам со што да дојдам. Ги зеде клучевите од пикапот, ни ги даде и рече со ова ќе одиш и вечер пак ќе дојдеш, има гориво во него – рече Манев.

  

Најново

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недостасуваат околу 40 инспектори за соодветно работење на општините

Sase Ivanovski

Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс – Се огласи по трагедијата

Sase Ivanovski

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше жена во живо на „ТикТок“

Sase Ivanovski

Додик се огласи од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Sase Ivanovski

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Курти измамен од руските „пранкери“, мислеше дека разговара со претседателот на Латвија

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Илон Маск ќе ја води истрагата за еден од најголемите безбедносни скандали во американската историја

Sase Ivanovski

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Скерлев: Ѕид со повеќе од 200.000 срца за петгодишнината од пандемијата на ковид-19

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава…

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски

Sase Ivanovski

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска ќе бидат испишани девет пациенти, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Ниш

Sase Ivanovski
Вчитувам....