Израелската армија уапсила најмалку 98 палестински новинари од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, од кои 52 сè уште се наоѓаат во израелските затвори, соопшти во понеделникот Здружението на палестинсите затвореници. Во соопштението, Здружението на палестинските затвореници, невладина организација која се залага за правата на затворениците, рече дека меѓу приведените новинари, 15 се задржани во административен притвор, меѓу кои шест новинарки, а најмалку 17 новинари од Појасот Газа се приведен.
Израелската политика на административен притвор им дозволува на израелските власти да го продолжат притворот на палестински затвореник на неодредено време без обвинение или судење.
Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) неодамна објави дека Израел уби 116 новинари во Газа од 7 октомври, што го прави најсмртоносниот период за новинарите откако CPJ почна да собира податоци во 1992 година. Илјадници Палестинци беа уапсени од страна на израелската армија низ Газа, а проценките сугерираат дека повеќе од 9.000 се приведени и од Газа и од окупираниот Западен Брег, иако израелските власти не дадоа конкретни бројки.