Директорот на Управата за извршувае на санкции, Александар Пандов, сака да вработи неколку стотини лица во македонските затвори во текот на наредната 2025 година. Во интервју за МИА, вели дека во моментов недостасуваат околу 300 до 400 вработени во затворскиот систем.
„Кога го говорам ова, тоа значи дека пред сѐ и над сѐ затворски полицајци, меѓутоа и луѓе во ресоцијализација, во финансии, во човечки ресурси, во правниот дел во управите што се на затворите. Се надевам дека тие вработувања ќе бидат одобрени во наредната 2025 година“, вели Пандов. Но освен намерата да вработи 300 до 400 луѓе во затворите, Пандов во интервјуто вели дека несостасуваат чувари бидејќи се плашеле за својата безбедност.
„Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци. Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани во рамки на позитивните закони што ги имаме, а ги имаме доволно за да може да се справиме сега со нив“, посочува Пандов.