Значи ако останела, ќе била во неволја, а ако си заминела, неволјата ќе била уште поголема, нешто што веќе е отпеано во безвременскиот хит на англискиот панк бенд „Клеш“ – Should I stay or should I go. Во тој момент едната мисла беше дека можам да си заминам и тогаш ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот, а не јас, греши и дека што еподобро, си велам, се запраша претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, објаснувајќи ја неодамнешната посета на Софија и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев.
Значи ако останела, ќе била во неволја, а ако си заминела, неволјата ќе била уште поголема, нешто што веќе е отпеано во безвременскиот хит на англискиот панк бенд „Клеш“ – Should I stay or should I go. Да, панкот е одамна мртов, уште јас кога бев момче во Скопје панкерите можеа да се избројат на рака и сите до последен да се пронајдат на „коцката“ на плоштадот, која настрада во архитектонската преобразба на градот позната како „Скопје 2014“. Никогаш претходно се немав запрашано што стана со тие луѓе, а сега почнав да се прашувам дали некој од нив завршил во претседателскиот кабинет?
Немам друго објаснување, освен тоа дека дилемата на Силјановска-Давкова е иста како и онаа на Мик Џонс, песнописецот на „Клеш“. Но, да го оставиме панкот за кратко и да направиме мала реконструкција на настанот. Претседателката отпатува во Софија на театарска претстава. Сепак, тоа не беше само културен настан, бидејќи таа имаше средба со претседателот на Бугарија Румен Радев, за која вели дека поминала во одлична атмосфера. Претседателите имале и заеднички ручек и фотосесија, но од некоја причина седнале, веројатно да одморат малку, во една соба во која имаше бугарски и знамиња на ЕУ.
Или преведено на „панкерски“, македонско знаме во собата немаше ама ич. И во тој момент ѝ се вклучува алармот на претседателката, која не знае што ѝ е паметно. Да остане или да си замине. Ако остане, ќе направи лоша фотка, а ако си замине, ќе направи скандал. Таа, сепак, остана и предизвика бурна реакција на домашната сцена, бидејќи на ниту еден Македонец не му се допадна кадрото во кое недостасуваше државното знаме. Граѓаните, кои само неколку месеци претходно ѝ дадода рекордна поддршка на Сиљановска-Давкова на претседателските избори, сега побараа објаснување од неа.
Како можела, како се осмелила? И таа одговори: „Во тој момент, и покрај тоа што не знам што ми се случува во организмот, решив дека е подобро сепак да не правам скандал, значи не го направив јас скандалот и гафот, туку домаќинот веројатно направил превид или што јас очекував? Јас очекував претходно да ми каже некој дека ќе има снимање за да можам јас да одговорам“. Да бидам искрен, поим немам од која песна на „Клеш“ е изваден последниот пасус, а да бидам уште поискрен не знам и што точно таа сакаше да каже. Со три седнувања на „коцката“ панкер не се станува, па можеби и затоа не ја разбирам поентата за организмот, гафот и домаќинот.
Затоа предлагам да се задржиме на тоа што го разбираме сите. На првиот дел од изјавата каде што претседателката ја изразува панкерската дилема. Кога вели, „ако останела, ќе била во неволја, а ако си заминела, неволјата ќе била уште поголема“ и да заклучиме дека истото тоа можеше да го изјави вечерта кога беше прогласена нејзината изборна победа. Инаку, бугарскиот претседател покажа, како и неколкупати претходно, дека во политиката не влегол панкерски, туку онака како што треба – државнички.
Ја начека нашата Гога во дилема и тоа умешно го искористи за да ни нанесе уште едно понижување. А нам ни остана само да се запрашаме, дали претседателката навистина ни е панкерка или, можеби, таа има посебен организам за вакви гафови и домаќини. Што и да направам ќе згрешам, односно ако продолжам да пишувам ќе испаднам глупав, а ако престанам, уште поглупав.
Срѓан Ивановиќ, СЛОБОДЕН ПЕЧАТ