7.8 C
Скопје
04/11/2024 02:48
МАКТЕЛ

     

„Пари, медиуми и избори“: Се бараат итни промени во Изборниот законик и надзор врз буџетските пари во порталите

     

Дводневниот настан има за цел на едно место да собере експерти, политичари и претставници на граѓанското општество со цел да се истражи интеракцијата помеѓу парите, медиумите и политиката во изборниот процес во земјава

 

Итни промени во Изборниот законик пред локалните избори догодина, надзор и контрола врз онлајн порталите кои добиваат буџетски пари за рекламирање на политичките партии за изборите и укинување на платеното политичко рекламирање од буџетот на државата.

  

Ова накратко беа клучните поенти и предлози на надлежните од Државниот завод за ревизија (ДЗР), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и од Државниот завод за ревизија (ДЗР) на првиот ден од конференцијата „Пари,

медиуми и избори во Северна Македонија”, организирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) во соработка со Фондација Метаморфозис, а поддржана од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство.

Дводневниот настан има за цел на едно место да собере експерти, политичари и претставници на граѓанското општество со цел да се истражи интеракцијата помеѓу парите, медиумите и политиката во изборниот процес во земјава.

„Нашата главна мотивација за да се впуштиме во ова, односно во истражувањето на трошењето на јавните пари и медиумите беше навистина чест и предизвик. Ако сакаме да имаме демократија, таа треба да се заснова на градење на довербата, а за да имаме доверба, мора да има отчетност“, рече Филип Стојановски, програмски координатор во Фондација Метаморфозис.

Годинава за изборите постигнат рекорд од 1.417 часа платено политичко рекламирање

Oд Буџетот за платено политичко рекламирање се одвојуваат големи средства за што сведочи фактот дека за овие парламентарни и претседателски избори во регистрите на ДИК се пријавиле 39 телевизии, 38 радија, 11 печатени медиуми и вкупно 251 интернет портали. „Исклучително висок ризик од корупција произлегува и од тоа што податоците за сопственичката структура и уредништвото на одредени интернет медиуми се нетранспарентни.

И, згора на сè, во Изборниот законик недостигаат одредби за огласувањето на социјалните мрежи. Агенцијата има сериозни забелешки на одредбите од Изборниот законик во делот на медиумското претставување генерално и на одредбите за ППР посебно. Во повеќе наврати досега јавно имаме истакнато дека самиот Изборен законик е извор на изборни ризици поради одредени решенија, недореченост и неконзистентност на одредбите.

Сметаме дека е неопходна негова темелна ревизија или донесување нов Законик“, изјави Зоран Трајчевски, директор на АВМУ. Тој истакна дека обемот на емитуваното платено политичко рекламирање се зголемува од година во година. Па така, на предвремените парламентарни избори во 2020 година, на телевизиите и радијата заедно, вкупно биле емитувани 470 часа реклами.

За локалните избори во 2021 година, во двата круга заедно, на сите радиодифузери биле емитувани вкупно 765 часа платено политичко рекламирање. За изборите во 2024 година (парламентарни ипретседателските) имало рекорден обем платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите – вкупно околу 1.417 часа (850 часа беа за двата круга претседателски избори и 567 часа за парламентарните избори), за 31 ден изборна кампања.

Максим Ацевски / Фото: Мета.мк

Максим Ацевски, директор на Државниот завод за ревизија истакна дека нивното учество во работната група за Министерството за правда за измени во Изборниот законик било „класично губење време“. „Колачот за платено политичко рекламирање (ППР) го земаат најголемите политички партии. Се работи за големи суми пари, посебно што и партиите имаат можност да ги прелеваат од редовната сметка на партијата“, вели Ацевски.

За претседателските избори, од седум учесници, имало 7 милиони евра расходи за рекламирање, додека за претседателските – од 17 учесници имало 6,1 милиони евра расходи за оваа намена. Од овие пари, за претседателските избори 74 отсто добиле телевизиите, 7 отсто радијата, 19 отсто онлајн порталите и 1 отсто за весниците. За парламентарните избори, пак, 73 отсто од парите за реклами се слеале во телевизиите, 6 отсто кај радијата, 20 отсто кај порталите и 2 отсто во весниците.

„Дали има потреба да се трошат овие средства? Тие не го даваат посакуваниот ефект“, вели Ацевски и додава дека регистрирани се десетина слабости во Изборниот законик. Како едни од клучните тој ги посочи преиспитувањето на можноста за финансирањето на кампањата од редовната сметка на партијата

и прогласување на надлежен орган за интернет порталите, со цел да се доуредат условите за распределба на буџетските средства за изборните реклами. „Во 2025 година се локалните избори, значи не е веќе 5 за 12, туку 12 и 5. Да не дозволиме да се менува Изборниот законик половина година пред избори“, вели Ацевски.

Кондарко: Државната изборна комисија не може да се бави со финансиите

Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија го отвори прашањето во однос на тоа дали воопшто ДИК треба да биде надлежно тело за да се занимава со финансиите. „ДИК ги организира и ги спроведува изборите, а не треба да се бави со финансиските извештаи и со парите“, вели Кондарко, додавајќи дека предлогот од 2019 година бил Министерството за финансии да се занимава со финансиите за изборите.

„Не велам дека тоа мора да биде Министерството за финансии, но ние немаме кадар да се бавиме со овие прашања. Губиме време и енергија, наместо да спроведуваме избори“, оценува Кондарко. На последните избори, во двата изборни циклуса се потрошени 13,7 милиони евра. Од овие пари, 77 отсто за претседателските и 64 отсто за парламентарните избори биле средства од буџетот на државата.

За политичкото платено рекламирање, за претседателските избори биле потрошени 85 отсто од овие пари, а 77 отсто за парламентарните избори. Цвета Ристовска, членка на Антикорупциската комисија, посочи дека 20 отсто од порталите и 60 отсто од телевизиите не доставиле финансиски извештаи за тоа како се потрошени парите што ги добиле од државата, преку учесниците на изборите.

„Доколку остане платеното политичко рекламирање, критериумите за тоа како се делат парите мора да се подобрат. Дополнително, проблем претставува и можноста да се донира на сметките на партиите и по конечноста на резултатите од изборите. И за крај, мора да се знае кој портал кои услови треба да ги исполнува за да може да учествува во платеното политичко рекламирање, бидејќи надзорот и контролата изостануваат“, вели Ристовска.

Сем Пауер, меѓународен експерт за политичко и партиско финансирање, правејќи паралела со останатите европски држави, рече дека Северна Македонија има голем степен на државно финансирање, но дека тоа е практика што е прифатена ширум Европа. „Со тоа се прифаќа дека политичките партии вршат добра јавна работа и дека политиката е фер и правилна. Надзорот е она што е тешка и проблематична работа, бидејќи мора да има јасни правила“, рече тој.

Пауер е еден од говорниците на утрешниот, втор ден од конференцијата „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“, на која ќе се отворат прашањата за следење на интернет порталите за време на изборните кампањи во Северна Македонија и за споредба меѓу Македонија и европските земји во однос на политичкото и партиско финансирање.

Воедно, ќе бидат покриени и темите за покривање и прикажување на прашањата за жените и родовата еднаквост од страна на онлајн порталите за време на парламентарните избори во 2024 година и социјалната инклузија во онлајн медиумите и изборното рекламирање.

Пишува: Мери Јордановска, МЕТА.МК

 

Најново

Утврдени нерегуларности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга, затворен е струшкиот медицински смер

Sase Ivanovski

Протест во Белград: „Оставете им црвени траги насекаде, бидејќи крвта им е на рацете“

Sase Ivanovski

Мисли позитивно и гледај го „Јон Вардар против галаксијата“ – првиот македонски долгометражен анимиран филм

Sase Ivanovski

Веќе два месецa учениците во Тетово учат без книги, Јаневска ги обвинува директорите

Sase Ivanovski

Објавени списоците на граѓани кои добиле ваучери за инвертер клима-уреди

Sase Ivanovski

Кина не го прогласила милијардерот Џорџ Сорос како „глобален терорист“

Sase Ivanovski

Чистењето на згурата од топилницата во Велес пред Управниот суд

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ на младински фудбалски турнир во Бугарија: Академија Пандев најавена како учесник, а турнирот го освои Борец Јуниор од Велес

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Став на Коалицијата ВЛЕН за реакцијата на ДУИ!

Sase Ivanovski

Лефков: Советот на јавни обвинители ја назначил сопствената претседателка за член на УО на Академијата за судии и обвинители, веднаш да ја отповика

Sase Ivanovski

Усмртиле пешак, па лажеле да избегнат вина, СВР Скопје го расчисти случајот

Sase Ivanovski

Трипуновски: Манифестацијата „Празијада“ е уште еден доказ дека Македонија изобилува со квалитетни земјоделски производи

Sase Ivanovski

Косана Мазнева има кривична пријава. Набавувала полу-приколки вредни 550.000 евра

Sase Ivanovski

Миомир Серафиновиќ за отчетноста и транспарентноста во следењето на изборните политики во функционирањето на демократијата

Sase Ivanovski

Две лица загинаа, а шест се повредени во пукање во центарот на Орландо, Флорида, среде прославите на Ноќта на вештерките

Sase Ivanovski

Велковски: Владата ќе продолжи да се залага за заштита на работничките права, но преку реални економски мерки, без ад-хок решенија како во минатото

Sase Ivanovski

Во Србија 10 дена се трага по двоен убиец, тој бега на границата со Црна Гора

Sase Ivanovski

Васко Попетревски (360 Степени) за интегритетот, слободата и независноста во новинарската професија

Sase Ivanovski

Светскиот диџеј Розенфелд растури во Интермецо

Sase Ivanovski

Бесим Небиу за создавање на мрежа за континуирана поддршка и нова ера на новинарство!

Sase Ivanovski

Со новиот закон за учебници во основно и средно образование кој Министерството за образование и наука го отвори за сугестии и забелешки за јавноста, се озаконува користењето на дигиталните учебници во наставата

Sase Ivanovski

Граѓаните на Косово и Босна и Херцеговина плаќаат најниска цена за елекричната енергија, додека Хрватска плаќа највисока цена, Македонија на средина, споредено со земјите од регионот

Sase Ivanovski

Ширли Меклејн: Мерилин Монро ги легна двајцата браќа Кенеди неколку часа откако ја отпеа „Среќен роденден, господине претседателе“

Sase Ivanovski

Легендарната песна Rapture денеска слави 23ти роденден

Sase Ivanovski

КОЛОСКИ: МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВАШИНГТОН НЕ СИ ЈА ВРШИ СВОЈАТА РАБОТА

Sase Ivanovski

Николовски: Почнуваме изградба на АВТОПАТ ПРИЛЕП – БИТОЛА!

Sase Ivanovski

Палестински лекар, кој ги превезувал телата на загинатите по израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп во Газа на 30 октомври, забележал дека таму е и неговата мајка

Sase Ivanovski

Изгубивме многу блиски- исповед во поплавената Шпанија

Sase Ivanovski

Жестока кавга меѓу Карлеуша и Цеца во суд

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека јаболкото е најизвезуваното овошје од македонското поднебје?

Sase Ivanovski

Колев: И најмладите чекорат по стапките на Рацин!

Sase Ivanovski

Николовски: Ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

Поддршка да се врати воениот рок за машките деца да станат мажи…

Sase Ivanovski

Дознајте колкави се казните за возење во алкохолизирана состојба во Јапонија

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес го славиме нашиот заеднички дом, нашата Општина

Sase Ivanovski

Како заврши поранешниот директор, колку тежи актуелниот на Државната Лотарија. КОД открива суми пари кои не се пријавени во анкетните листови на Антикорупциска.Онлајн коцкање било организирано на диво од страна на државата…

Sase Ivanovski

На 8 ноември (петок) ќе имате можност да уживате во многуте безвременски хитови на македонската поп легенда Дарио заедно со Миг 21, изведени во живо

Sase Ivanovski

Колев: Дарував крв на крводарителската акција во организација на ЗГ Мото клуб Носачи на крстот и Општинската организација на Црвен Крст – Велес

Sase Ivanovski

Имре Фаркаш – Инзвонредниот архитект на железничката станица во Нови Сад ја проектирал и тетовската гимназија и бил професор во Скопје

Sase Ivanovski

Жена се обидела да киднапира тригодишно дете во Скопје, добила само писмено предупредување

Sase Ivanovski

Георгиевски: Странски археолози објавија дека најстарата европска населба се наоѓа во Македонија, а нашата власт молчи за да не се налутеле Србите

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Единството е темелот на ЗЕЛС и не смее да биде нарушено

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Кралот на Шпанија го гаѓаа со кал во Валенсија, маж се обиде да го удри со шипка

Sase Ivanovski

ДУИ: ДУИ се реформираше со заминувањето на Изет „МегаВин“ Меџити, избори за да се запре понижувањето на Албанците

Sase Ivanovski

Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава

Sase Ivanovski

„Уште колку од нас треба да бидат убиени“: Огромен гнев на протестот во Белград, се бараат оставки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Човекот кој повика на протест во Белград беше одведен од полицијата: „Кажете ми каде ме носите“

Sase Ivanovski

Таткото на децата кои загинаа во Нови Сад: „Моите Валентина и Сара ги нема, немам зборови“

Sase Ivanovski

Возач со автомобил усмртил пешак во скопско Марино и избегал од местото на несреќата

Sase Ivanovski

Фотографиите пред и потоа го докажуваат тоа: Настрешницата дополнително оптоварена минатата напролет

Sase Ivanovski

Имре Фаркаш, архитектот чие дело е Железничката во Нови Сад, ја проектирал и Гимназијата во Тетово

Sase Ivanovski

Неколку сообраќајни несреќи со тешки последици за период од неколку часа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“ е најтрофејниот македонски карате-клуб на светските натпреварувања

Sase Ivanovski

Нема лиценца ако адвокат се зачлени во здружение кое не е Адвокатската комора!?

Sase Ivanovski

Јаневска: Со измените на Законот за основно образование се санкционира сегрегација и секаков вид дискриминација на учениците

Sase Ivanovski

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Sase Ivanovski

СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата

Sase Ivanovski

Во Скопје по трет пат се одржа манифестцијата „Саем на храна“

Sase Ivanovski

ОБВИНИТЕЛСТВОТО „ПРОТЕКУВА“ – КОЈ ИЗНЕСУВА ДОКУМЕНТИ ОД ОЈО?!

Sase Ivanovski

Европската Комисија нотира одреден напредок за усогласување со европските стандарди за истражување и иновации

Sase Ivanovski

Вработените во технолошкиот сектор на Њујорк тајмс најавија штрајк пред изборите

Sase Ivanovski

САД го предупредија Иран: Не го напаѓајте Израел, нема да можеме да го спречиме Тел Авив жестоко да се одмазди

Sase Ivanovski

Експлозии во Киев, источна Украина во состојба на готовност поради руските воздушни напади

Sase Ivanovski

Втор круг од претседателските избори во Молдавија, се бира нов претседател

Sase Ivanovski

Извшетај на ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос и општа тепачка во руското дерби помеѓу Спартак и ЦСКА

Sase Ivanovski

Судот во Германија осуди тројца мажи кои планирале вооружен отпор за време на пандемијата

Sase Ivanovski

Голем пораст на продажбата на нови патнички автомобили во Русија

Sase Ivanovski

Нова анкета: Камила Харис го престигна Трамп во Ајова

Sase Ivanovski

Албанезе: Мора да се применат дипломатски и политички санкции против Израел

Sase Ivanovski

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил со телото на мртвата снаа

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако Ахмети навистина сака предвремени избори, нека депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби ќе си замине од политиката

Sase Ivanovski

ЕК: Клучните области кои бараат внимание во Македонија се образованието, здравството, заштитата од насилство, родовата еднаквост недискриминацијата

Sase Ivanovski

Милијардерите и новинарството

Sase Ivanovski

Истрага за примање поткуп на градежна инспекторка во Куманово, судот определи 30 дена притвор

Sase Ivanovski

Трогателна приказна за несреќата во Нови Сад: Додека жената купуваше билет, ја гледаше смртта на своето дете

Sase Ivanovski

(ФОТО) Свеќи, солзи и болка – тажни сцени синоќа во Нови Сад

Sase Ivanovski

Значителен пад на температурата со засилен ветер

Sase Ivanovski

Инфлуенсери

Sase Ivanovski
Вчитувам....