Овој став се бранеше до последно. Благодарение на раководството на француското претседателство и претседателот Макрон, стана факт“.Ова го изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев на прашањето за негов став по нападите на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.-Мора да се разбере од државниот врв на Република Северна Македонија, од општеството кај нашиот сосед, дека патот кон Европската Унија минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на нашето културно и историско наследство.Ова е единствениот начин граѓаните на Северна Македонија да тргнат по патот по кој повеќепати изразија дека сакаат да одат, се разбира, со почит кон нашата заедничка историја и заедничките и длабоки историски корени, нагласил Радев, пренесуваат бугарските медиуми.