19.8 C
Скопје
30/05/2023 17:57
МАКТЕЛ

     

Педесетте години на најстариот активен лекторат по македонски јазик во светот ќе се чествуваат со голем меѓународен симпозиум на престижниот ИНАЛКО во Париз

    

Значајниот јубилеј за македонистиката и за македонската држава и култура – 50 години од отворањето на најстариот активен лекторат по македонски јазик во светот – Лекторатот по македонски јазик во Париз, утре ќе се чествува со голем меѓународен симпозиум на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО). На симпозиумот ќе има учесници од седум држави – странски македонисти и слависти, универзитетски професори – лингвисти, книжевни истражувачи и културолози, книжевни преведувачи и поети. Почитувачи на македонскиот јазик, литература и култура од Франција, САД/Канада, Шпанија, Полска, Сенегал и Тунис, заедно со македонските учесници ќе ја испратат пораката дека по оствареното во изминатите педесет години, со јасна цел и визија, вложувањата во македонистиката треба да продолжуваат во годините што следат.

   

Со организацијата на овој меѓународен симпозиум по повод големиот јубилеј, ИНАЛКО во соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), истовремено остваруваат валоризација на постигнатото во изминатите пет децении и влог во ново поглавје на афирмирањето на македонските културни вредности и на развивањето на научниот интерес за македонистиката во Франција и воопшто на меѓународен план. Самиот факт што јубилејот се чествува со меѓународен собир од ваков формат, со учесници од повеќе земји, укажува на значајноста со која присуството на македонистиката во Париз и ширум светот се согледува не само во билатералната соработка меѓу ИНАЛКО и МСМЈЛК при УКИМ туку и пошироко, во меѓународни академски и културни рамки.

 

Со програмата на Симпозиумот се предвидени три тркалезни маси, при што една од нив ќе биде посветена исклучиво на македонистиката во Франција. На неа ќе се обрати и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како и проф. д-р Фроса Пејоска-Бушро, која раководи со студиите по македонистика на ИНАЛКО. Со свои излагања ќе учествуваат и актуелниот лектор по македонски јазик на ИНАЛКО, м-р Ѓоко Здравески, асс. м-р Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Јован Костов од Универзитетот „Пол Валери Монтпелиер 3“. Токму на оваа тркалезна маса, покрај изнесувањето научни согледби и презентирањето резултати од истражувања, со видувањата за перспективите на македонистиката на ИНАЛКО во Париз се очекува во дискусијата да се поттикнат и заеднички иницијативи и нови проекти за следните години, како влог во развојот на македонистиката.

  

Две тркалезни маси на Симпозиумот ќе му бидат посветени и на творештвото на великанот на македонската литература и култура, Ацо Шопов – 50 години Лекторат по македонски јазик на ИНАЛКО во светлината на 100 години од раѓањето на Шопов. Со нив ќе продолжи и чествувањето на делото на Шопов во Париз, по повод големиот јубилеј, кое вчера, на Светскиот ден на позијата започна во седиштето на УНЕСКО, но и воопшто меѓународната афирмација на неговото творештво во текот на јубилејната година, која започна со Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ. Најавено е учество и на видните странски македонисти и универзитетски професори, Кристина Е. Крамер од САД/Канада и Маќеј Кавка од Полска, долгогодишни учесници на Меѓународната научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ и преведувачи на поезијата на Шопов. Покрај нив, на тркалезните маси ќе учествуваат и професорот Жорж Алао од ИНАЛКО – Франција, Дауда Ндиај од Сенегал, Хозе-Мариа Паз-Гаго од Шпанија, Џамила Межри од Тунис и Тања Кармзова од Франција.

    

Во овој дел на сипозиумот ќе учествуваат и академиците од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, која е и некогашна лекторка по македонски јазик на ИНАЛКО, како и ќерката на Шопов и истражувач на неговото дело, Јасмина Шопова.Од Симпозиумот ќе бидат изнесени и заклучни согледби кои се очекува да се однесуваат и на трасирањето на патот на македонистиката во Франција во следниот период.

Во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик, на ИНАЛКО ќе се одржи и концерт на македонска народна музика, на француската македонистка и музичкарка, Гаел Лекок и Анета Жорж, пејачка и композиторка, професорка на Американската школа за модерна музика во Париз (вокал, кавал и тамбура). Со овој концерт и со посветеноста и на делото на Шопов на Симпозиумот, на ИНАЛКО, преку ова чествување ќе се оствари влог и во афирмацијата и поттикнувањето поширок интерес за македонските книжевни и културни вредности воопшто.Поддржувачи на организацијата на Симпозиумот се и МАНУ и Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.

Организацијата на меѓународен симпозиум од ваков формат во чест на јубилејот 50 години Лекторат по македонски јазик е уште една потврда за добрата соработка меѓу МСМЈЛК при УКИМ и ИНАЛКО и укажува на респектабилноста кон македонистиката на овој престижен високообразовен центар во Франција и воопшто во француската академска заедница. Впрочем, минатата година, македонистиката и официјално беше препознаена како ретка научна дисциплина од страна на француското Министерство за високо образование и истражување. По одлука на научна комисија, прифатена беше иницијативата македонистиката да биде вклучена во француско-германскиот проект за мапирање ретки дисциплини во Франција и во Германија. Ознаката „ретка дициплина“ гарантира: признавање, заштита, можно проширување на студиите и зачувување на македонистиката во ИНАЛКО, со неможност да се спои со други студии.

Во рамките на чествувањето на јубилејот, една од пораките кои МСМЈЛК при УКИМ ги упати досега е дека по оствареното во изминатите 50 години треба да се вложува во она што треба да се случи во годините што следат. Во иднината на странската македонистика и на изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на ИНАЛКО. Затоа што иднината треба да ја создадеме во сегашноста, како што е нагласено во пораките на МСМЈЛК при УКИМ.

Организацијата на овој Симпозиум е и влог во иднината на странската македонистика и особено во иднината на изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на ИНАЛКО.Инаку, по отворањето на Лекторатот во Париз пред 50 години следеше засилено присуство на македонскиот јазик, литература и култура во наставата на странските високообразовни институции. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

  

Најново

Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје

Sase Ivanovski

При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови, за една недела ќе може да се аплицира, вели Меџити

Sase Ivanovski

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Sase Ivanovski

AETM: Успешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија

Sase Ivanovski

За претседателот на Судскиот совет критиките се непријатни, но не отстапува од тврдењето дека се работи законски и без корупција

Sase Ivanovski

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Sase Ivanovski

Вратите на Хубо Маркет се повторно отворени

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Нема договор за повлекување на специјалните единици од Звечан, се огласи МВР на Косово

Sase Ivanovski

Џафери: Иницијативата за една изборна единица заглавена во Комисијата за политички систем

Sase Ivanovski

ЕУ преиспитува дали Унгарија е способна да претседава следната година

Sase Ivanovski

Решена мистеријата зошто позелене водата во Венеција

Sase Ivanovski

Основните јавни обвинителства во државава добиваат 18 нови јавни обвинители

Sase Ivanovski

Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто по ѓаволите пуштате дронови да летаат кон Москва?

Sase Ivanovski

Седум деца од Македонија во мрежата на трговците со луѓе

Sase Ivanovski

Спасовски: Ја цениме поддршката на САД, кои се гаранција за стабилност на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сојуз на глуви: Татко претседател, ќерка генерален секретар, старосватица секретарка, кум…

Sase Ivanovski

ФОКУС: Биљана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Sase Ivanovski

Американскиот КФОР пристигна во Лепосавиќ на Косово како засилување на италијанскиот контингент

Sase Ivanovski

Излезе од затвор собранискиот чувар Алими, кој ги даде клучевите за отворање на вратите на Собранието

Sase Ivanovski

Штом стигнат амандманите за измена на Уставот во Собрание, не може да се додаваат нови

Sase Ivanovski

Јанчева од СДСМ ѝ ја побара на градоначалничката Арсовска финансиската картичка на Градот

Sase Ivanovski

Универзитетот во Тетово го поништи конкурсот за избор на ректор, ќе распишат нов за да немало надворешни притисоци

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА ЗАТВОР НА МЕДИСКИОТ САТРАП МАРЈАН ДОКАЗ ОД 3 НА 2 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА РАСПАЛИ ПО СОВЕТНИЦИТЕ: Уличари,по 500 евра паушал зимате за да попувате место да работите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цените на зеленчукот се намалија за 40 отсто по замрзнувањето, затоа ги одмрзнуваме

Sase Ivanovski

Три девојчиња годинава биле цел на сексуална експлоатација, изјави министерката Тренчевска

Sase Ivanovski

Студент на Економскиот факултет во Крагуевац се заканил дека на пладне сите ќе ги убие

Sase Ivanovski

Борел: Русија нема да преговара додека не победи во Украина

Sase Ivanovski

Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати

Sase Ivanovski

Дадилката на Коста К.: Беше добро и послушно дете. Ништо во неговото однесување не навестуваше вакво злосторство

Sase Ivanovski

Лајчак се обидува да договори средба меѓу Курти и Вучиќ, засега безуспешно

Sase Ivanovski

Вучиќ: Државите на Квинта итно да спроведат мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите

Sase Ivanovski

Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз Москва

Sase Ivanovski

Лога го потпиша Упатството за внесување етничка припадност во матичните книги

Sase Ivanovski

Нападот на Москва го изврши Украина, објави руското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Борел го осуди насилството на Косово

Sase Ivanovski

Москва нападната со дронови, соборени од руската противвоздушна одбрана

Sase Ivanovski

Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата

Sase Ivanovski

Агелер: Зимата повторно ќе се врати, итно да се зголемат енергетските ресурси

Sase Ivanovski

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за долговите на Град Скопје

Sase Ivanovski

Пендиков се врати во Охрид да даде изјава пред истражителите, ќе присуствува и на утрешното судење

Sase Ivanovski

Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето, но ќе реагираме ако има потреба

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Sase Ivanovski

Вучиќ до НАТО: Ако албанскиот окупатор пука, тогаш ситуацијата ќе биде сосема поинаква

Sase Ivanovski

КФОР ги повика Приштина и Белград да преземат одговорност за состојбата во северно Косово

Sase Ivanovski

Иницијативата за измени на Уставот на проверка во Министерството за правда

Sase Ivanovski

Специјалниот известувач на ЕУ Крамон порача Приштина да не праќа полиција во северно Косово

Sase Ivanovski

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”

Sase Ivanovski

Николај Денков доби мандат да формира Влада во Бугарија

Sase Ivanovski

ЛУДА ИДЕЈА: ЦВЕТАН ДИМОВ ВО ЧАИР ДА СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОТЕСНА ОД ШТО Е?!

Sase Ivanovski

Денеска избори за нов ректор на УКИМ: Во трка се шест кандидати

Sase Ivanovski

Костадинов: Одлуките што треба да се донесат ќе дефинираат два блока – проевропски и изолациски

Sase Ivanovski

Протест во Белград поради случувањата во Косово

Sase Ivanovski

БИЉАЛИ: И по 33 години партијата ВМРО не престанува со штетна националиситчка политика. Од одбивањето да прифатат министри албанци во првата влада, хистеризирањето со името на државата, преку протестите за настава на мајчин јазик, за територијалната поделба на државата, за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, и конечно за Коридорот 8

Sase Ivanovski

Изјавите на Агелар и Марфи сугерира дека дошло време да се тргне лончето од ринглата, за да не претече млекцето на Мицко, па сите да се попариме

Sase Ivanovski

Алтернатива: Косово има право на суверенитет на целата територија, но не по цена на загрозување на безбедноста

Sase Ivanovski

На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Sase Ivanovski

Вежба на МВР и САД утре ќе го блокира Скопје

Sase Ivanovski

КВИНТАТА ДА СИ ГО ВРАЗУМИ СВОЕТО ЧЕДО! Вучиќ со остри критики по судирот во Звечан

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ПРИФАЌА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, НО НЕ И УСТАВНИ ИЗМЕНИ „80 отсто од народот е против бугарскиот диктат“

Sase Ivanovski

Косовската претседателка: Српските илегални структури ја нападнаа полицијата, КФОР и новинарите

Sase Ivanovski

„Рамо до рамо до победа“ во Долнени, Велес и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил: ЕУ или Левица

Sase Ivanovski

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Sase Ivanovski

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД РУСИЈА: МЕЧКА БРКА ГРУПА ЛУЃЕ НА КРОВ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Курти има само една желба – да го доведе целиот регион до крвопролевање

Sase Ivanovski

Меѓународната заедница ги осуди нападите врз КФОР: Насилството во Косово мора веднаш да запре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ САКА ДА НАПРАВИ ВОЈНА НА КОСОВО: Припадниците на КФОР не можат да ги извлечат повредените колеги од обрачот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пожар во стан во Аеродром: На терен се противпожарните екипи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ, АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРА ДА ОДИ НА ПАТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАЛЧО: НА БРАНКО МУ ПРЕДЛОЖИВ СДСМ ДА ЈА ФИНАНСИРАМЕ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ДА ГИ ОТКАЧИМЕ ОЛИГАРСИТЕ, ТОЈ ОДБИ

Sase Ivanovski

Вучиќ: И покрај гаранциите, КФОР не ги заштити Србите ниту го спречи насилното преземање на власта

Sase Ivanovski

Канал 5 дознава: Во преамбулата на Уставот ќе се впишат и Ерменците

Sase Ivanovski

Повредени десетици демонстранти и припадници на КФОР во протестите на Србите во северно Косово

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГО ИЗЕДОА СТАПОТ ВО КОСОВО: 11 италијански војници се повредени во Косово, тројца потешко!

Sase Ivanovski

Вкупно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети – Вучиќ: Не КФОР, туку припадник на РОСА со калашников пукал кон демонстрантите

Sase Ivanovski

Вкупно 53 повредени, а едно лице се бори за живот по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕСКАЛИРА СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО, ИМА ПОВРЕДЕНИ ВОЈНИЦИ НА КФОР

Sase Ivanovski
Вчитувам....