Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Монс, Белгија ја посети Врховната команда на сојузничките сили за Европа на НАТО, а на средбата со врховниот командат Каволи му била понудена и помош од страна на Алијансата, соопшти претседателот на брифингот за македонските новинари организиран веднаш по средбата. -Командатот праша во кој дел ни е потребна помош и како може да ни помогнат. Му кажав дека имаме потреба од поддршка во делот на кибер безбедноста, рече Пендаровски.
Во текот на зимата се очекува војната и активностите на терен да забават поради зимските услови. Во однос на ситуацијата во Косово, на средбата со командантот било кажано дека КФОР каде има и македонски војници, е добро поставен и проценката е дека нема да дојде до ескалација.