Ако влеземе во уставни промени, во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во Устав заедно со други 5 делови од народи, значи ако се отвора Уставот, Уставот не треба да се отвора секој понеделник, ако го отвораме, можеме да го промениме и делот во однос на овие 20 отсто, и во делот од суспензивно во апсолутно вето. Немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно-суспензивно треба да се менува Устав,  меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка, кон ЕУ, треба да го направиме тоа, рече Пендаровски.