Пред околу еден месец, Пендиков стана бугарски државјанин, а церемонијата се одржа во салата во која вообичаено претседателот на Бугарија врачува ордени и пречекува странски делегации.
Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“. Откако беше претепатн, Пендиков беше префрлен со бугарски валдина авион во Софија каде што беше лекуван, доби стан и полициска заштита.Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.