СДСМ во Куманово загуби со СДСМ-овски гласови, вели Ристо Пенов, министер за локална самоуправа во гостување на Канал 5.
„Поразот на СДСМ на локално ниво не е главна вина кај ЛДП, зашто СДСМ на избори влезе онака и си ги фрли изборите, односно со СДСМ-овски гласови загуби во Куманово. Мене ми изгледаше дека Заев бараше само повод да си замине“, вели Пенов.
Пенов смета дека ЛДП „одиграла лошо“ на локалните избори, а притоа кажа дека поразот на СДСМ не е главна вина кај ЛДП. За поранешниот лидер на ЛДП, Горан Милевски рече дека бил против францускиот предлог.