Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој што истакна дека владата има успешен старт во првите 100 дена и исполни многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотии кои ги наследи од минатата власт СДС и ДУИ и празна државна каса. „Да им честитам на сите 330 илјади пензионери кои што денес на своите трансакциски сметки ги добија своите 2,500 денари зголемување, 2,500 денари ќе бидат додадени и во мартовската пензија.
Во нашата програма по која што функционираме и на која што сме ги добиле изборите и довербата од граѓаните на страна 146 детално пишува за зголемувањето на пензиите 5000 денари во првата година од мандатот. Ние ова го направивме за помалку веќе за 9 месец ако земеме дека во март следната го дина линеарно ќе бидат зголемени пензиите за 2500 денари“ истакна Петрушевски и додаде:
„Исто така мора да имаме во предвид дека ние не наследивме држава која што успешно ја раководеле буџет кој што бил ликвиден, процеси кои што биле адекватни вклучително и во меѓународните односи па за сега да зборуваме за некакво уназадување на тие процеси.
Напротив наследивме изолирана држава затворена држава затоа што од самиот старт како го прифатија францускиот предлог им укажавме и зборувавме со години дека вака на ваков начин не водат во ќорсокак во делот на интеграциските процесии„ нагласи Петрушевски. Петрушевски потенцираше дека минатата власт на СДС и ДУИ ја оставиле државната каса празна и заборавиле многу категории на граѓани.
„Наследивме буџет комплетно потрошен, неисплатени плати на многу јавни претпријатија, мораме во 21 век да зборуваме за неисплатени плати но замислете 4-5 месеци луѓе не земаа плати, најдовме средства за нив, наследивме буџет каде немаше К-15 иако е обврска на државата. Вакви дупки во буџетот може да набројуваме многу еве ќе ги споменам спортистите кои што беа заборавени, беа укинати ваучерите немаше средства во буџетот за поддршка за околу 10 милиони на спортистите така што од таа стартна точка имавме успешни 100 дена влада“ потенцираше Петрушевски.