Од денес, доктор на науки.
Успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор “Марко Цепенков”.
Голема благодароност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов. Секако, најголема благодарност и’ должам на проф. д-р Rodna Velickovska, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа. И’ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија. Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор!
Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот!Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ.