Иако поднесе документи, беше на интервју, има највисока оценка и ја истера цела постапка до крај- Фетаи се повлекува во последен момент. Ова следува откако во понеделникот Советот на јавни обвинители го одложи изборот во мистериозна атмосфера, по час и половина доцнење и образложение дека им треба уште време за ги проучат досиејата на кандидатите.
Дали зад одложувањето на гласањето за шефови за седум обвинителства лежи и причината поради која Фетаи не сака да биде дел од изборот за шеф на скопското вишо обвинителство? – Таа денеска е недостапна на мобилните телефони, а молкот комбиниран со потегот да се откаже во последен момент предизвика лавина прашања, но и уште подлабоки сомнежи. Јолевски вели овие прашања треба да ги одговори обвинителката, а тој и денеска, како и во понеделникот, негира дека има влијанија однадвор и пазарења кои го спречиле изборот и останува на официјалното образложение.
Со повлекувањето на Фетаи остануваат во игра досегашниот шеф, Мустафа Хајрулахи и обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО. Рустеми е познат на јавноста по предметите ТНТ за уривањето на „Космос“ и „Топлик“ за Сончев град и предметот Поштенска банка. Хајрулахи е раководител на скопското вишо обивнителство од 2018 година, а најмногу внимание ова обвинителство привлече кога на Алепација и предложи да им ги врати пасошите на обвинетите функционери на ДУИ – Ејуп Алими и Исмет Гури.