15.8 C
Скопје
18/09/2024 13:31
МАКТЕЛ

     

Планетата стравува од небо со нуклеарно оружје

     

– Какво било поставување нуклеарно оружје во орбита околу Земјата е опасно и неприфатливо – изјави амбасадорката на САД, Линда Томас-Гринфилд прексиноќа на состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

 

Повод за апелот е предупредувањето од Белата куќа дека Русија „стекнала капацитет“ да развие „проблематичен систем за уништување сателити“. Претставникот на Белата куќа, Џон Кирби, ниту ги потврди ниту ги демантираше извештаите дека тоа оружје е нуклеарно, но потврди дека „се поставува во вселената“, дека е „далеку од оперативно“ и дека „ја нарушува Спогодбата за надворешна вселена“ од 1967 година.Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека неговата земја нема намера да испрати нуклеарно оружје во вселената, туку само развива вселенски капацитети „слични на оние што веќе ги има Америка“.

Спогодба со 114 потписници

  

Уште во октомври 1967 година на сила стапи глобалната Спогодбата за надворешна вселена, со која се дефинираат принципите за активности при истражувања на надворешната вселена, вклучувајќи ги Месечината, другите планети и небесни тела. Спогодбата, ратификувана од 114 земји, вклучувајќи ги САД и Русија, забранува во орбита околу Земјата и во вселената да биде испратено или поставено какво било нуклеарно или друго оружје за масовно уништување.

Забрзаниот технолошки развој и масовната примена на сателитите, пред сѐ за комуникација и позиционирање, ја прави орбитата стратегиски чувствителна зона од која зависат животите на милијарди луѓе и човештвото воопшто.Шефицата на јапонската дипломатија Јоко Камикава предупреди дека глобалните ривали и нуклеарни сили, дури и во времето на Студената војна со „конфронтирачка природа“, се согласиле дека вселената мора да остане мирољубива.

– Забраната за поставување какво било оружје за масовно уништување во вселената мора да се почитува денес – изјави Камикава, која претседаваше со седницата на Советот за безбедност на ОН.

Гутереш: Да не дозволиме „Опенхајмер 2“

Амбасадорката Томас-Гринфилд ги повика сите потписнички да се придржуваат до обврската од Спогодбата. Таа додаде дека САД се спремни „без какви било услови“ да почнат разговори со Русија и со Кина за билатералните прашања за контрола на оружјето.

Рускиот амбасадор Дмитриј Полјански ја отфрли предложената резолуција од САД и Јапонија како „уште еден пропаганден излет на Вашингтон“, како „политизирана“ и „оттргната од реалноста“. Тој го критикуваше текстот на резолуцијата, оценувајќи дека ниту бил составен од експерти ниту биле консултирани специјалните меѓународни платформи како Конференцијата на ОН за разоружување или Комитетот на ОН за надворешна вселена.

Генералниот секретар Антонио Гутереш оцени дека заканата за нуклеарно уништување денес е многу поголема од порано поради „ескалацијата на геополитичките тензии и недовербата“.Тој го илустрираше напорот со наградениот филм за животот на Роберт Опенхајмер, директорот на американскиот проект за развој на атомска бомба во Втората светска војна.

– Филмот Опенхајмер им ја претстави на милиони луѓе ширум светот суровата реалност на нуклеарното уништување. Човештвото нема да може да преживее „Опенхајмер 2“ – предупреди Гутереш.

Претставникот на Белата куќа во февруари изјави дека администрацијата во Вашингтон „многу сериозно“ го разгледува прашањето на развојот на руското оружје, но додаде дека тоа „не претставува итна закана за јавноста во САД“.

– Говориме за оружје што може да биде употребено за напад врз луѓе или да предизвика физичко уништување тука на земјата – изјави Кирби во февруари.

Тој додаде дека претседателот Џо Бајден веќе наредил „воспоставување директни дипломатски контакти со Русија“ заради проблемот.

Убиец на сателити

Советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливен изјави дека Белата куќа „намерно не објавува детали“ за руското оружје, што поттикна многу шпекулации и претпоставки. Републиканскиот конгресмен Енди Оглс го критикуваше претседавач на Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом, Мајк Тарнер, дека „со објавувањето на заканата предизвикал „притисок врз благосостојбата и психата на Американците“.

Експерти и поранешни функционери имаат спротивставени ставови во врска со заканата од руското оружје. Центарот за стратегиски и меѓународни студии лани објави дека Русија веројатно развива антисателитско оружје (АСАТ), кое опфаќа и проектил што бил успешно тестиран во ноември 2021 година и уништил стар и нефункционален советски сателит.

Модерната цивилизација без сателити не би можела да издржи – Фотографија ЕПА, Инго Вагнер

Американските оружени сили, кои се убедливо најмоќни во светот, значително зависат од сателитските комуникации, од разговорите и трансферот на команди и информации, па сѐ до извидување, откривање лансирани проектили, лоцирање потенцијални цели и комуникации на бојно поле.

– Нашата војска, начинот на кој денес се водат војните и инвестирањето во оружје, сѐ тоа зависи од сателитските капацитети. Без нив, би биле во многу тешка ситуација. Не би можеле да водиме војни на начинот на кој се подготвуваме во изминатите 30 до 40 години – вели Кари Бинген, поранешна висока агентка во Пентагон и авторка на извештајот на Центарот за стратегиски и меѓународни студии.

Вселената е мозокот на планетата

Од оперативноста на сателитите зависат и општествата во кои трансакциите, позиционирањето и транспортот зависат од брзи и стабилни врски.

– Сателитите се интегрален елемент од нашите секојдневни животи. Американците и не само тие, се потпираат на уреди во вселената за кои воопшто не знаат ништо – предупредува Бинген.

Русија, но и САД и Кина, имаат капацитети да гаѓаат сателити, но, барем декларативно, се воздржуваат тоа да го прават со нуклеарно оружје.

– Русија покажа целосно непочитување на спогодбите што ги потпишала. Таа изврши воена агресија врз Украина, спротивно на сите меѓународни закони и норми. Тие не го почитуваат сопствениот збор и сопствените обврски – вели Мик Малрој, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана на САД.

Метју Крениг, поранешен одбранбен и разузнавачки офицер во администрациите на Џорџ Буш, Барак Обама и Доналд Трамп, изјави дека е „природно“ вселената да биде во фокусот на оружените сили на сите земји.

– Сѐ до овој момент луѓето ја истражуваа вселената. Сега влегуваме во фаза на комерцијализација на вселената, а тука сме на почетокот. Следната фаза ќе биде обезбедување на вселената. Си мислиме дека небото и морињата се слободни и отворени за комерцијални активности. Во идеални услови, би сакале и вселената да биде тоа и по 30 години, кога ќе патуваме, ќе тргуваме, а можеби и ќе живееме во вселената. Затоа мораме да ја обезбедиме и таа средина – вели Крениг.

Москва категорично отфрла дека на кој било начин распоредува нуклеарно оружје во вселената.

– Активностите на Русија во вселената во ништо не се разликуваат од оние на други земји, вклучувајќи ги и САД. Ние секогаш сме биле, а и сега сме категорично против какво било распоредување нуклеарно оружје во вселената – му порачал неодамна рускиот претседател Путин на министерот за одбрана Сергеј Шојгу на состанок пренесуван на телевизија.

Шојгу притоа му одговорил на Путин дека „нема такви проекти“ и дека „тоа го знаат и Американците“.

 

Најново

Се преврте автомобил на скопската обиколница

Sase Ivanovski

Панкот на Гордана Сиљановска-Давкова

Sase Ivanovski

Иван Јорданов: Започнавме со градежни активности и во населба Леваци

Sase Ivanovski

Иван Јорданов: При денешната посета на министерот за Култура, Зоран Љутков, ставивме акцент на најважните проекти во Општина Штип

Sase Ivanovski

Како рокенролот стана мејнстрим културен феномен

Sase Ivanovski

Иван Јорданов: Ја нотиравме потребата и започнавме со рехабилитација и асфалтирање на ул. ,,Трајко Кошевски”

Sase Ivanovski

Тажна вест: Почина легендарниот италијански напаѓач Тото Скилачи

Sase Ivanovski

Официјално: Рома го отпушти Де Роси

Sase Ivanovski

ЦУК: Вкупно 1.620 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата

Sase Ivanovski

Билд: Германија со авион депортираше 36 лица во Скопје и Белград

Sase Ivanovski

Како Западот ги финансира војниците на Путин?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иван Јорданов: Проследете го моето гостување на ТВ Стар во “Што мисли народот”

Sase Ivanovski

Иван Јорданов: Штип се менува инфраструктурно, сообраќајно и визуелно со нов урбан изглед

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Кочовска: Булингот е тука, треба да се зборува, а не да се затскрива

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУРТИ БИЛ ОСУДЕН НА 15 ГОДИНИ ЗАТВОР ОД РЕЖИМОТ НА МИЛОШЕВИЌ

Sase Ivanovski

Напад со дрон предизвика пожар и принуди евакуација во руската област Твер

Sase Ivanovski

Во Општина Штип се оддржа фестивалот Golden Piano Talents на кој настапија најдобрите млади пијанисти од Македонија, Велика Британија, Германија, Израел, Швајцарија, Полска, Малта, Чешка, Хрватска, Словенија и Бугарија.

Sase Ivanovski

Голем број посетители во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија уживаа во музичкиот настап на вокално-инструменталниот состав „Аманет“ на отворањето на културната манифестација „Ритамот на чаршијата“, кој во организација на Детски културен центар Карпош, се одржува со поддршка на Град Скопје

Sase Ivanovski

Герасимовски: Личните асистенти се веќе во училиштата, продолжуваме со инклузивниот пристап

Sase Ivanovski

Учете и заработете со Американскиот универзитет на Европа !

Sase Ivanovski

Мицкоски: Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Собраниска делегација на 106-ти Рос-Рот Семинар во Варшава

Sase Ivanovski

Првиот целосно дигитализиран кластер (all-in-one) универзитет – ФОН

Sase Ivanovski

Мицкоски: Многу набрзо од денеска започнува изградбата на спортската сала во Воената академија

Sase Ivanovski

РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК НА ВЕКОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АУЕ ФОН: Запишете се на првиот целосно дигитализиран либерален универзитет и одберете формално образование, сертифицирани курсеви и тренинзи

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Претседателката Сиљановска Давкова го прими регионалниот директор на Меѓународната организација за миграција за Европа и Централна Азија, Алексоски

Sase Ivanovski

Американскиот универзитет на Европа-ФОН, има потреба од работно ангажирање за следните работни позиции

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски од Аеродром: Доградбата на ООУ „Блаже Конески“ од 200.000.000 денари ќе овозможи децата да се образуваат во современи услови

Sase Ivanovski

ОБУКА НА ЦРВЕН КРСТ ЗА СПАСУВАЧКАТА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБУКА НА ЦРВЕН КРСТ ЗА СПАСУВАЧКАТА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Sase Ivanovski

МВР: Претрес во Куманово, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Општина Кисела Вода се еменува секој ден кон подобро. Нови улици во Припор и Пинтија

Sase Ivanovski

Денеска на ул.Теодосиј Синаитски во н.Жданец се поставува прв слој на асфалт, се очекува во наредните денови улицата целосно да биде асфалтирана

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВО РАМКИТЕ НА АКЦИИТЕ НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СЕ ПОДИГНАТИ 1370 КУБНИ МЕТРИ КАБАСТ ОТПАД

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Денес, општина Кисела Вода ги поднесе петте планирани проекти до Министерството за локална самоуправа, кои ќе донесат добробит и развој на нашата општина

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нов реновиран простор за 60 дечиња во градинката ,,Сончоглед” во Скопје

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков на конференција по повод Европскиот ден на културното наследство

Sase Ivanovski

ВЛЕН: ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ – ИЗДВОЕНИ 1 МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ ЗА ОСТАНАТИ СУБВЕНЦИИ

Sase Ivanovski

Николовски – Азески: Договорени редовни консултации со Стопанска комора, целта зголемување на конкурентноста на македонската економија

Sase Ivanovski

Од вчерашната презентација на вината на Dane Hermes Wine Estate – Винарија Дане Хермес пред винските витези на Македонија 🍷🍷🍷

Sase Ivanovski

Николоски: Опозицијата преку нивните медиуми и невладини организации шират хистерија меѓу граѓаните-дното го достигнаа. ДУИ во опозиција ќе си одговара за криминалот што го правеле изминативе дваесетина години

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на паркот наспроти општината во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошеле народните пари за донации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДЕВ ПРЕЧЕКАН ВО ИНТЕР КАКО БОГ

Sase Ivanovski

„Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки: прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: После четири децении, нов асфалт на краците 1, 7, 9 и 11 од улицата ,,Христо Татарчев” во Кисела Вода

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

Sase Ivanovski

МВР: Лишен од слобода разбојник во Скопје поради извршени разбојништва во обложувалници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НИЕ ЈА ЧУВАМЕ ГРАНИЦАТА НА ЕУ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ТИЕ НИ ОПНАА ВИЗИ, НИЕ СИ ЌУТИМЕ?!

Sase Ivanovski

Стефковски: По повод 5ти септември, Меѓународниот ден на донаторството, заедно со Министерот Златко Перински го посетивме СОС детското село.

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 44 клубови побарале смена на Перо Антиќ од КФСМ

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба втора година по ред се приклучува на одбележувањето на Европската недела на мобилноста

Sase Ivanovski

Стефковски: Нови ранчиња и училишен прибор за дечиња од згрижувачки семејства

Sase Ivanovski

После 20 години, повторно се перат улиците во Гази Баба во Скопје

Sase Ivanovski

ЕВЕ КОЛКУ СЕ РУСИТЕ АНТИФАШИСТИ

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ги достави проектите за финансиска подршка до Министерството за локална самоуправа

Sase Ivanovski

ГАЗИ БАБА ПРВА ОПШТИНА ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ЌЕ ИЗРАБОТИ КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО УРБАНИОТ И РУРАЛНИОТ ДЕЛ!

Sase Ivanovski

Стефковски подготвен за предизвикот да го води Град Скопје: На дело ги докажав резултатите!

Sase Ivanovski

Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина ги додели лиценците на 22 лиценцирани водичи во регионот

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: “Сабота, отворен ден за граѓаните” ќе се одржува секоја сабота

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Митова: Трудејќи се децата да бидат среќни забораваме да ги направиме одговорни

Sase Ivanovski

Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе

Sase Ivanovski

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Sase Ivanovski

Стојчевски: На покана на Претседателката на државата учествував во дебата на тема “Младите и внатрепартиската демократија” по повод Меѓународниот ден на демократијата

Sase Ivanovski

Тиквешки гроздобер, Кавадарци уште еднаш покажа и докажа дека е пример за тоа како треба да се биде домаќин на една манифестација од овие размери

Sase Ivanovski

Неприфатлива е забраната за руски медиуми на Фејсбук, вели Песков

Sase Ivanovski

Русија само во септември лансира над 640 дрона врз Украина, тврди Украина

Sase Ivanovski

Граѓаните плаќаат по двапати: Новите валидатори во автобусите и кога ќе покажат грешка, одземаат возење од картичка

Sase Ivanovski

Исчезна 20-годишна девојка од Скопје, полицијата трага по неа

Sase Ivanovski

Општина Кавадарци подготвена за повикот за аплицирање на проекти до Владата на Република Македонија, преку Министерството за локална самоуправа

Sase Ivanovski

Владата го раскинува договорот меѓу фирмата ХЕЈ ДООЕЛ и Државната лотарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Асфалтиран е локалниот пат од село Бојанчиште до река Блашница во Тиквешко

Sase Ivanovski

Курти: Вучиќ нуди агресивни чекори кои водат во конфликт, јас нудам три мирољубиви предлози

Sase Ivanovski

ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ГО ЧИНИ БАЛКАНОТ ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Сериозно е загрозен економскиот раст и продуктивноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈП Комуналец Кавадарци, најдобра услуга за најчист град

Sase Ivanovski

Продолжува изградбата на парк во склоп на СОЗШУ “Ѓорче Петров” во Кавадарци

Sase Ivanovski

Денес се започна со лепење на гумена подлога на детското игралиште на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци

Sase Ivanovski

Продолжување на локален пат во село Бохула, Кавадарци тампонирање и асфалтирање во должина од 600 метри.

Sase Ivanovski

Продолжува изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци

Sase Ivanovski
Вчитувам....