16.8 C
Скопје
19/06/2025 03:47
МАКТЕЛ

   

Платено политичко рекламирање со печатна грешка

      

                   Во обид да дознаеме кој портал колку пари добил од кампањата за парламентарните избори, наидовме на грешно позиционирани документи, лошо скенирани листови и голем број необјавени извештаи Парламентарните избори завршија, министри и директори веќе дојдоа на новите позиции, се даде дури и првиот отчет за сработеното во 30 дена, а сè уште не е познато колку пари добија онлајн порталите за политичко рекламирање. Истражувањето на Мета.мк покажа дека кога станува збор за пристап до информации во врска со парите и исплатите се чини дека надлежните не се особено ангажирани во однос на транспарентноста.

Со оглед на тоа што парите за рекламирање се дел од државниот буџет, извештаите за тоа колку пари добиле медиумите треба да се информации од јавен карактер и лесно достапни до граѓаните, но патот до нив е сериозно отежнат поради хаотичност и ненавременост на институциите. Мета.мк во обид да разгледа неколку од поднесените извештаи, наиде на тотален хаос кога се работи за тоа колку пари зеле онлајн порталите за рекламирање за време на парламентарните избори во мај годинава. Регистриравме грешно позиционирани документи, лошо скенирани листови, голем број необјавени извештаи, но и голем број објавени – скриени во неименувани линкови.

   

Оваа година во Државната изборна комисија (ДИК) за реклами од партиите се пријавија рекорден број медиуми  – 339, но не се знае колку од нив склучиле договор за партиско рекламирање токму поради сè уште недостапните целосни извештаи. Радиодифузерите и печатените медиуми и електронските медиуми (онлајн порталите) во земјава беа должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа најдоцна 15 дена по денот на завршување на изборната кампања.Извештаите за платеното политичко рекламирање треба да бидат објавени на четири места и тоа на веб страната на Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и до Министерството за финансии.

Треба да поминете лавиринт за да стигнете до финансиски извештај

При нашето барање на финансиските извештаи забележавме многубројни пропусти и некоординираност од страна на четирите институции. Првично, за да стигнете до податоците кои се објавени од страната на ДИК, треба да го најдете делот од веб-страницата каде што се објавени финансиските извештаи, но воочливо е дека воопшто не е ниту потенцирано кој дел е посветен на рекламите за парламентарните избори, а кој за претседателскитe. На веб-страницата на ДИК има два дела – во првиот може да се најдат секакви информации во однос на финансирањето на кампањите, но сето тоа е толку хаотично, што се измешани дури и податоците од претседателските избори и од парламентарните избори, па потребна е сериозно добра концентрација за да сфатите што всушност разгледувате.

принтскрин, ДИК

Недостигаат и голем број извештаи од медиуми, па така не може да се знае дали медиумите не ги доставиле извештаите, или пак, едноставно, тие не се објавени од страна на институцијата. Следно, по долго пребарување на веб-страницата на Министерство за финансии, забележавме дека има објавено извештаи од кои голем број се веќе објавени на ДИК, но има и некои кои не се достапни на страната на ДИК, што на еден начин говори за некоординираност меѓу институциите – еден финансиски извештај го има на една на веб-страна, но го нема на друга.

На веб-страницата на Министерството за финансии, извештаите се распределени во два сегмента – претседателски избори и парламентарни избори, што се разликува од веб-страницата на ДИК, каде што извештаите се прикажани прилично конфузно. Но таму пак, воочлива е печатна грешка која не може да не ви го одземе вниманието – на страницата на Министерството за финансии, наместо „парламентарни“ пишува „парламентатни“, а има и граматичка грешка, односно „избори“ треба да биде напишано со мала буква.

Принтскрин, МФ

Најлесна за пристап до информациите убедливо е веб страницата на Антикорупциската комисија (ДКСК), каде што е точно наведено дали финансиските извештаи за реклами во медиумите се за парламентарните или за претседателските избори, а има и најголем број ојавени извештаи.

Принтскрин, ДКСК
На веб-страницата на ревизорите пак, извештаите се објавени во неколку дела, а доколку отворите еден од нив, ќе забележите повеќе извештаи на едно место, но не само за медиуми туку и за фирми и за билборди. На пример, еден документ содржи точно 111 страни каде што се прикажани измешани извештаи од повеќе медиуми. Меѓутоа, некои од објавените извештаи на страната се лошо скенирани, па воопшто не е можно да се прочитаат или анализираат сумите.
Принтскрин, ДЗР

Во текот на истражувањето, некои од податоците ги собиравме преку пребарување на „Гугл“ и кликање неименувани линкови со надеж дека ќе излезе документот што го бараме.

Ги нема ниту парите, ниту извештаите 

Гоце Трпковски, новинар во Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), во порталот Призма.мк, кој подолго време ја следи проблематиката со платеното политичко рекламирање, вели дека освен доцнењето со извештаите, проблем кој често се забележува е недостаток на податоци за тоа кој стои зад некои од пријавените медиуми кои бараат пари од државата за рекламирање за избори, вели дека има и портали кои воопшто не се регистрирани на македонски домеин. Други пак, немаат ниту импресум за да се види кој стои зад порталот. Според него, проблемите поврзани со оваа тема се должат на недооформени правила.

„Нема доволно транспарентност затоа што нема доволно добро формирани правила кои ќе регулираат што значи информативен интернет портал и како тој би се стекнал со право да емитува изборни реклами финансирани од државниот буџет“, вели Трпковски. Тој коментира дека не е прв пат да доцни извештаите меѓутоа овој пат убедливо процесот на објавување е најдолг, со оглед на тоа што тие веќе требаше да бидат достапни уште пред два месеца. Призма веќе објави дека парите за исплата на медиумите сè уште не им се на располагање на ДИК, односно досега се исплатени само медиумите кои имаа партиски реклами во првиот круг од претседателските избори, а за вториот и за парламентарните го чекаат ребалансот на буџетот.

Целиот процес на прекројување на државната каса, пренесе Призма, се очекува да помине низ собраниските процедури до првата половина од август. Сепак, не е јасно зошто сите финансиски извештаи на онлајн порталите не се достапни за јавноста, и покрај тоа што парите не се исплатени, бидејќи медиумите веќе треба да ги имаат доставено до надлежните институции.

При истражувањата, Трпковски забележал дека пресметките се понекогаш измешани, односно некои суми се пресметани со ДДВ, а некои без. „Освен што нема доволно известување за ситуацијата, целиот систем почива на тотално нејасни правила”, вели тој. Инаку, Државната изборна комисија годинава пресмета рекордна сума пари наменета за платено политичко рекламирање, а тогаш пресметките покажаа дека за двојните избори од буџетот за медиумите ќе се издвојат 10,6 милиони евра.

   

Најново

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski

„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Sase Ivanovski

„МУ ГО УБИЈА ДЕТЕТО, СЕГА САКААТ ДА МУ ГО ОДЗЕМАТ И ДОСТОИНСТВОТО“ Туфегџиќ побара судот да го ослободи таткото на Вања  

Sase Ivanovski

ВОЈНИК УБИВА ПА ОДИ НА РАБОТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Sase Ivanovski

ТРИ ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Sase Ivanovski

ХАМНЕИ ГИ НАРЕЧЕ ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СМЕШНИ И ЗАКАНУВАЧКИ „Ако САД се вмешаат, штетата ќе биде непоправлива“

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ Е ХРАБАР, ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА“ Мерц коментираше, стигна одговор од Захарова

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион – Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт

Sase Ivanovski

Само Америка има бомба доволно голема за да го уништи Фордо

Sase Ivanovski

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Sase Ivanovski

Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е паушално и без докази

Sase Ivanovski

Одбраната: Кешишев бил жртва на Палевски, не сторител

Sase Ivanovski

Манев: Палевски прво ја сликаше Вања па ја уби

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

Sase Ivanovski

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба – вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации

Sase Ivanovski
Вчитувам....