Како што наведоа, покрај Мурсељи, уапсено е уште едно лице осомничено за убиството на Љиридона Мурсељи. По денешното апсење, насилникот во полиција признал дека убиството го нарачал сопругот на убиената.
Коха, повикувајќи се на неименувани извори, додава дека лекарот по општа медицина, кој е осомничен дека го извршил убиството, во полиција го признал делото и рекол дека за тоа платил Наим Мурсељи. По апсењето се огласи и Пацоли кој на Фејсбук изјави дека е шокиран од убиството и порача дека кој и да стои зад „овој страшен и плашлив чин“ мора да биде изведен пред лицето на правдата и да добие максимална казна.
Полицијата во следното соопштение наведува дека убиството се случило во средата вечерта околу 20 часот и 20 минути во едно од предградијата на Приштина, а лекарите од итната помош на лице место пронашле лице во автомобил без знаци на живот. Лекарскиот тим ја констатирал смртта на жртвата, се наведува во соопштението во кое се додава дека убиството е извршено со огнено оружје.
Основното обвинителство во Приштина потврди дека по случајот кој првично беше окарактеризиран како „разбојништво што резултирало со убиство“ се уапсени две лица, меѓу кои е убиен и сопругот. Приштинските медиуми во четвртокот објавија дека Љиридона Мурсељи била убиена по пукање во автомобилот во кој била со своето семејство.