Регулаторната комисија не ја намали цената на парното за домаќинствата, бидејќи тие сега добиваат субвенционирана цена, појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Регулаторната комисија за енергетика ја намали за 35% цената на парното за деловните корисни, основни училишта, мали дуќанчиња во Скопје.Тоа, како што информира на денешната пресконференција претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, е резултат за намалените трошоци за набавка на природен гас.
– Овие потрошувачи ќе добијат сметки со намалена цена за февруари. Овие потрошувачи не беа субвенционирани во текот на енергетската криза и затоа сега им помагаме – рече Бислимоски.Тој рече дека сега цената на домаќинствата е за 75% пониска од деловните корисници, а претходно беше многу поголема разликата.Бислимовски рече дека со денешната одлука не се намалува цената на парното за домаќинствата.
– Домаќинствата добиваат субвенции за парното и затоа во овој период не им се намалува цената на парното, но ја следиме ситуацијата и може да има дополнително намалување – рече тој.