8.8 C
Скопје
07/12/2024 02:00
МАКТЕЛ

 

Позлатено или златно доба

     

Доналд Трамп најави дека ќе ја води Америка во нејзиното „златно доба“. Таа има искуство со „златото“. Со Позлатеното доба од пред 140 години, кое донесе огромна индустријализација и уште поголема корупција.

 

Откако беше јасно дека Доналд Трамп ги освои потребните 270 електорски гласови, новоизбраниот американски претседател им се обрати во Мар-а-Лаго во Флорида околу 2,30 часот на своите егзалтирани поддржувачи ветувајќи дека ќе го води „златното доба на Америка“ откако го започна „најголемото политичко движење на сите времиња“.

  

„Никогаш немало вакво нешто во оваа земја, а можеби и пошироко. И сега ќе достигне ново ниво на важност бидејќи ќе ѝ помогнеме на нашата земја да заздрави“, рече Трамп рано утрото во средата.Трамп рече дека ќе го води „златното доба на Америка“ на неговата инаугурација. „Секој граѓанин, ќе се борам за тебе, за твоето семејство и за твојата иднина. Секој ден ќе се борам за тебе. И со секој здив во моето тело, нема да мирувам додека не ги направиме луѓето силни, безбедни и просперитетни.

Америка што ја заслужуваат нашите деца и која вие ја заслужувате. Ова навистина ќе биде златното доба на Америка“. И уште додаде: „Америка ни даде невиден и моќен мандат. Ќе управувам со едноставно мото: дадени ветувања, остварени ветувања“. Трамп навистина доби невиден и моќен мандат, тој го освои и народното гласање, што не беше случај во 2016 година. Последен пат од републиканците тоа му успеа на Џорџ В. Буш во 2004, а пред тоа на неговиот татко Џорџ Буш постариот во 1988.

Какво „златно доба” може да очекувааат Американците во следните четири години? Тоа никој не го знае, а првите назнаки можеби ќе бидат познати веќе на 20 јануари следната година кога ќе биде втората инаугурација на Трамп. Америка веќе има едно искуство поврзано со „златото“ во политиката и општеството.

Она што веќе еден век се именува како Позлатено доба, кое водеше во голема индустријализација, технолошки напредок, неверојатна корупција и уште поголема нееднаквост, како и создавање на моќни семејни династиии кои управуваа не само со економијата на Соединетите Држави, туку и со политиката.

Грубиот материјализам и бесрамната корупција на Позлатеното доба

Приказната за Позлатеното доба е исклучителна, па дури и неверојатна. Тоа е период на груб материјализам и бесрамна политичка корупција во историјата на САД во текот на 1870-те до почетокот на 20. век. Името му беше преземено од една помалку позната книга на Марк Твен од 1873 – „Позлатено доба: Приказна за денешницата“. Твен ја напиша во соработка со Чарлс Дадли Ворнер.

Романот дава живописен и точен опис на Вашингтон, и е преполн со карикатури на многу водечки личности од тоа време, вклучително и алчни индустријалци и корумпирани политичари. Марк Твен прави извонредна сатира на првите години по Граѓанската војна, кога победниците ветуваа доаѓање на „златно доба“. Во книгата периодот е прикажан како ера на сериозни социјални проблеми маскирани со тенка позлата на економската експанзија.

Во 1920-те и 1930-те, метафората „Позлатено доба“ почна да се применува на одреден период во американската историја. Терминот го прифатија книжевните и културните критичари, како и историчарите. Позлатеното доба го означи почетокот на индустријализацијата во Америка. Како што Соединетите Американски Држави почнаа да се префрлаат од земјоделството кон индустријата како средство за економски раст, луѓето почнаа да се движат од фармите во урбаните области.

Железниците се проширија, индустријата почна да се механизира, комуникацијата се подобри, а корупцијата стана широко распространета. Железниците драматично се проширија. Од 1871 до 1900 година, во Соединетите Држави беа поставени 270.000 километри пруга, повеќето од нив за изградба на трансконтиненталниот железнички систем. Дотогаш од Њујорк до Сан Франциско се патуваше шест месеци, а со железницата тоа се скрати на шест недели.

Кон крајот на 19. век се забележа невидена експанзија на индустријата и производството, голем дел од тоа со машини, кои ги заменија квалификуваните работници, намалувајќи ги трошоците за работна сила и крајната продажна цена на стоките и услугите. Наместо квалификуваните работници да го гледаат производот од почеток до крај, работните места честопати беа ограничени на една задача која се повторуваше бескрајно.

Технолошките достигнувања, вклучително и фонографот и телефонот, настанаа за време на Позлатеното доба. Така се појавија весниците и списанијата со масовен тираж. За време на Позлатеното доба, многу бизнисмени се збогатија со стекнување контрола врз цели индустрии. Тие создадоа огромен монопол. Најистакнатите фигури со монополи беа Џ.П. Морган (банкарство), Џон Рокфелер (нафта), Корнелиус Вандербилт (железници) и Ендрју Карнеги (челик).

Поради начинот на кој тие ги експлоатираа работниците со ниски плати, долги часови и опасни работни услови, овие богати тајкуни честопати беа нарекувани разбојнички барони, пежоративен термин што се користи за да се опише акумулацијата на богатство преку експлоатација. „Додека богатите носеа дијаманти, многумина носеа партали“.

Ова оценка ги сумира разликите во приходите и начинот на живот што го карактеризираа Позлатеното доба. Во 1890 година, 11 милиони од 12 милиони семејства на нацијата (92%) живееле под прагот на сиромаштија. Становите изобилуваа со неверојатна комбинација на рурални семејства и имигранти кои дошле во урбаните средини, земале ниско платени работни места и живееле во огромна сиромаштија.

Друг производ на Позлатеното доба беше истражувачко новинарство. Репортерите кои ја разоткриваа корупцијата меѓу политичарите од богатиот сталеж беа познати како muckrakers по нивната способност да копаат низ „калта“ на Позлатеното доба за да откријат скандали и кражби. Многу имигранти дојдоа во Северна Америка за време на Позлатеното доба, при што 11,7 милиони од нив се истоварија во САД.

Од нив, 10,6 милиони дошле од Европа, што сочинува 90% од имигрантската популација. Имигрантите овозможија раст на економијата на САД, бидејќи тие беа подготвени да преземат работни места кои не ги сакаа Американците родени дома. Додека сопствениците на фабриките ги пречекаа овие новодојденци, кои беа подготвени да прифатат ниски плати и опасни услови за работа, не сите Американци го прифатија тоа.

Таканаречените нативисти лобираа за ограничување на одредени имигрантски популации. Но, милиони дојдоа и покрај пречките. Децата на имигрантите почнаа да се асимилираат, и покрај приговорите на нивните родители. Се роди уште еден белег на Позлатеното доба, Америка стана вистинска тава за топење. Кога повеќето луѓе мислат на Позлатеното доба, тие мислат на екстравагантно богатите индустриски барони.

Домовите на елитата на Позлатеното доба беа спектакуларни. Многу од најпознатите куќи во Америка беа изградени за време на Позлатеното доба, вклучувајќи го и имотот Билтмор на семејството Вандербилт, кој сè уште е најголемиот приватен дом во САД. Позлатеното доба во Америка заврши со почетокот на Прогресивната ера во раните 1900-ти.

Второ позлатено доба

Со влегувањето на Соединетите Држави во ера на зголемена нееднаквост во богатството некои експерти ги споредуваат 2020-тите со второ позлатено доба. И со зголемувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните, се чини дека ова не е проценка надвор од вистината. Еден ден по победата на Трамп десетте најбогати луѓе во светот заработија дополнителни 64 милијарди долари.

Оние што гласаа за Трамп, во голема мерка обични работници, не добија ништо тој прв ден. Освен политичко задоволство. Се разбира, не секој аспект од првото позлатено доба може да се види во модерна Америка. Но, одредени елементи од крајот на 19. век се пренесени до денес, а некои економисти алармираат за тоа што може да значи ова во иднина.

Зошто експертите велат дека Америка е во второ позлатено доба? Ова во голема мера е поради зголемувањето на нееднаквоста во приходите. Како и во Позлатеното доба, се враќа ерата на екстремен луксуз, што е видливо во зголемениот број на мега-домови и суперјахти. Во текот на последните четири децении, извршните директори заработија над 1.000 пати повеќе од обичниот работник.

За работникот платата се зголеми само за 24 отсто. Само минатата година, извршните директори имаа приходи за 300 пати повеќе од обичниот работник. И „доцниот 19-ти и почетокот на 21-от век забележаа технолошки промени, зголемена глобализација, економски раст, концентрација на богатство и зголемена нееднаквост“, соопшти американскиот Совет за надворешни односи.

И двете епохи, исто така, доживеаја „зголемена имиграција, промена на демографијата и пад на застапеноста на помалку образованите рурални белци“. Советот оценува дека додека нееднаквоста во богатството вртоглаво растеше во текот на првото позлатено доба, земјата во подем разви нови алатки за да разбере и соодветно да одговори.

Но, „за разлика од општествениот активизам забележан во тоа време, денес земјата во опаѓање, соочена со деиндустријализација и појава на gig економијата, се повлекува во незнаење, културни војни и перформативен гнев“. Ова значи дека веројатно нема да има „брзо решавање на главните проблеми во земјата“. Во 19. век работниците во Америка гледајќи дека големата нееднаквост ги уништува нивните животи успеаја да се организираат во синдикати, кои станаа незаобиолен дел од општеството.

Тој работнички активизам ја преобликува државата. Денешните работници му ја предадоа власта на Доналд Трамп и на Републиканската партија преобликувана од него, чувствувајќи се напуштени од политичката елита и верувајќи во чудесните ветувања на милијардерот. И неговото „едноставно мото: дадени ветувања, остварени ветувања“.

Годинашниов добитник на Нобеловата награда за економија, Дарон Аџемоглу, турско-американски економист и професор по економија на МИТ во Масачусетс месец и пол пред американските избори напиша една извонредна анализа за тоа како „да се избегне новото Позлатено доба“. Нема да го прераскажуваме Аџемголу, туку ќе пренесеме делови од оваа анализа за да разбереме малку повеќе дали Америка ја чека златно доба или ново позлатено доба.

Диктатура на дилетантизмот

„Технолошките милијардери како Бил Гејтс, Марк Цукерберг и Илон Маск не се само меѓу најбогатите луѓе во историјата на човештвото. Тие се, исто така, исклучително моќни – социјално, културно и политички. Иако ова е делумно одраз на општествениот статус што нашето општество го придава на богатството воопшто, тоа не е целата приказна.

Она што е важно дури и повеќе од едноставното богатство е тоа што овие конкретни милијардери се сметаат за претприемачки генијалци кои покажуваат уникатни нивоа на креативност, смелост, предвидливост и експертиза за широк спектар на теми. Додадете го фактот дека многу од нив ги контролираат главните средства за комуникација – имено, клучните платформи за социјални медиуми – и ќе имате нешто речиси неспоредливо во поновата историја.

Сликата на богатиот, храбар бизнисмен кој го трансформира светот може да се проследи барем до разбојничките барони од Позлатеното доба. Некои поединци секогаш ќе имаат поголема моќ од другите, но колку моќ е премногу? Некогаш, моќта беше поврзана со физичката сила или воената моќ, додека сега нејзините актери обично произлегуваат од она што Сајмон Џонсон и јас го нарекуваме ‘моќ на убедување’, која, како што објаснуваме во нашата книга ‘Моќ и напредок’, е вкоренета во статус или престиж.

Колку е поголем вашиот статус, толку полесно можете да ги убедите другите. Изворите на статус варираат во голема мера меѓу општествата, како и степенот до кој тој е нееднакво распределен. Во Соединетите Држави, статусот стана цврсто поврзан со парите и богатството за време на Индустриската револуција, а нееднаквоста во приходите и богатството вртоглаво се зголеми.

Иако имало периоди во кои владината интервенција се обидувала да го промени трендот, американското општество отсекогаш било структурирано околу стрмна статусна хиерархија. Оваа структура е проблематична поради неколку причини. За почеток, постојаната конкуренција за статус – и моќта на убедување што ја дава – е во голема мера работа со нулта сума, бидејќи статусот е ‘позиционирано добро’.

Повеќе статус за вас значи помалку статус за вашиот сосед, а поостра статусна хиерархија имплицира дека некои луѓе ќе бидат среќни додека многу други се несреќни и незадоволни. Коментаторите често прашуваат зошто на некој со стотици милиони долари некогаш би му требале уште стотици милиони. Има само малку работи што не можете да си ги дозволите ако веќе имате 500 милиони долари, па зошто да копнеете по 1 милијарда долари? Затоа што ‘милијардер’ е ранг на статус.

Она што е важно не е моќта на трошење, туку престижот и моќта што им ги дава во однос на колегите. Постојат и еволутивни и социјални основи за поврзување на моќта на убедување со статусот и престижот. На крајот на краиштата, индивидуално рационално е да се учи од луѓе кои имаат експертиза и разумно е да се поврзе стручноста со успехот.

Но, кога статусот е поврзан со богатството, а нееднаквоста во богатството расте многу, темелите на експертизата почнуваат да се уриваат. Размислете за следниот мисловен експеримент. Кој има поголема експертиза за столарија – добар, главен столар или милијардер од хеџ-фонд? Се чини природно да се избере првото; но колку повеќе богатството дава статус, толку е поголема тежината на ставовите на милијардерите од хеџ-фондовите, дури и за столаријата.

Или разгледајте порелевантен современ пример. Чии гледишта за слободата на говорот имаат поголема тежина денес, на технолошкиот милијардер или филозофот кој долго време се справува со ова прашање, и чии докази и аргументи се подложени на лупа од други квалификувани експерти? Милиони луѓе на Икс (Твитер) имплицитно го избраа првото“.

Можеби од ова парче од анализата на Дарон Аџемоглу кој посебно пишува за „диктатурата на дилетантизмот“ ќе ни ги разјасни на сите нам корените на неверојатното политичко враќање на Доналд Трамп. И зошто тоа враќање беше неизбежно, иако одовде, а и од цела Европа, тоа изгледаше како нешто незамисливо. Но само од Европа.

Во САД, луѓето кои го очекуваат „златното доба“ тоа изгледаше дека мораше да се случи. Па ни вселенска кампања на Камала Харис не можеше да го спречи тоа. Едноставно, изгледа дека, повторното доаѓање на Доналд Трамп беше неизбежно. И покрај тоа што има пресуди дека е криминалец, дека се водеше процес за неговото повикување да се упадне во Капитолот на 6 јануари, дека навредува, омаловажува, потценува, се заканува, ќе протерува милиони имигранти.

Сето тоа беше неважно за неговите огромни армии поддржувачи. Ним тоа не им значеше ништо. Во иконата се крстиш или колнеш, ти не ја доведуваш во прашање нејзината веродостојност. Така е и со Доналд Трамп. И да не го донесе „златното доба“ најголемиот дел од оние што се крстат во него ќе му простат, а на ветувањата ќе заборават.(dw)

Љупчо Поповски, ЛИБЕРТАС

 

Најново

МТЕЛ: Ние славиме, вие добивате! 🎈 Уживајте во роденденските изненадувања и добијте награди

Sase Ivanovski

ХАК ТУА ДЕВОЈКАТА СЕ ЗБОГАТИ СО 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД КРИПТО ИЗМАМА, КРЕИРАШЕ СВОЈА ВАЛУТА КОЈА ПРОПАДНА ЗА РЕКОРДНО ВРЕМЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛИНТОН: ЈАСЕР АРАФАТ ОДБИ ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА СО ГЛАВЕН ГРАД ВО ИСТОЧЕН ЕРУСАЛИМ И НАД 95% ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА ЗАПАДЕН БРЕГ

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: ЌЕ ИМА ЛИ “ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА” ВО САД?

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Sase Ivanovski

Уништени небезбедни млечни производи и месо – АХВ изрече 23 казни за мали продавници

Sase Ivanovski

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Sase Ivanovski

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Sase Ivanovski

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УГРО ОБЈАСНУВА ШТО Е ЉУБОВ, ДА ГИ СИМНЕМЕ МАСКИТЕ

Sase Ivanovski

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Sase Ivanovski

АХМЕД МУАМЕДИ: Се додека функционерите и нивните семејства не ги примораме да користат јавно здравство, јавен превоз и јавно образование нема да имаме квалитетни јавни услуги

Sase Ivanovski

ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА ПРИЧИНА ЗА БУГАРСКОТО ВЕТО ЗА СРБИЈА Белград се труди да открие што ја мачи Софија

Sase Ivanovski

ЕКСПЛОЗИЈАТА НА ИБАР-ЛЕПЕНЕЦ БЕШЕ ЛОША РЕЖИЈА Курти барал причина да ги пушти безбедносните сили на север?

Sase Ivanovski

ХОРОР ВО ДЕСПОТОВАЦ Мајка чувала бебе во замрзнувач, го убила при породување?

Sase Ivanovski

Во јануари почнува имплементирањето на унгарскиот заем за компаниите

Sase Ivanovski

Додека Вториот пензиски столб не почне поробусно да учествува во исплатата на пензиите, во ПИОМ ќе има дупка, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Повредена малолетничка во Ранковце при игра со соученици

Sase Ivanovski

Нападнати средношколци во близина на училиште во Аеродром, им впериле пиштол

Sase Ivanovski

Републичкиот обвинител Коцевски не му вршел притисок на Хајрулахи, одлучи Советот на јавните обвинители

Sase Ivanovski

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕГЛАТА НА ЖИВОТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕГЕНДАТА НА НБА ЛАРИ БРД: КОЛКУ БИ САКАЛ ДА ИГРАМ СО НИКОЛА ЈОЌИЧ

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија: После изборот на новиот состав на Централниот, Надзорниот и Извршниот одбор, процесот на возобновување на СДСМ продолжува со избор на новите раководства на Општинските организации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гере Трипков стои зад првиот македонски бренд на облека за лица со попреченост!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Посета на министрите Тошковски и Филков и претставникот на УНХЦР Габриел де Годој на прифатно-транзитниот центар Винојуг – Гевгелија

Sase Ivanovski

(ФОТО) ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГАШИ НА ОХРИД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерството за животна средина и просторно планирање: НАПРАВЕН ПОВТОРЕН ВОНРЕДЕН НЕНАЈАВЕН НАДЗОР НА ЕМИСИИТЕ ВО ВОЗДУХОТ ОД ЕМИТЕРИТЕ НА ЦЕМЕНТАРНИЦА УСЈЕ

Sase Ivanovski

(ФОТО) Јаневска: Нова група пријатели од САД ќе волонтира во нашите училишта, Мировниот корпус речиси три децении активно придонесува во образовниот процес

Sase Ivanovski

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека во понеделник (09.12.2024 год), поради државниот празник Св.Климент Охридски автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Едукативен текст ЈП Лајка, од пиротехника страдаат сите: децата, возрасните и илјадници животни!

Sase Ivanovski

Грција ги зголеми даноците, а растат и цените на туристичките аранжмани

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Украинците го нападнаа Крим, затворен мостот во чија близина одекнуваат експлозии

Sase Ivanovski

Тројца повредени од обезбедувањето на Гаши, возилото излетало од патот

Sase Ivanovski

Бериша најави простување на казните за струја, вода и за дивоградбите ако победи на изборите во мај

Sase Ivanovski

Пад на увозот и извозот, трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Sase Ivanovski

Скопјанецот кој ги уби братот и снаата во Стајковци осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

Ердоган ги подржа бунтовниците во Сирија и се надева дека режимот на Асад брзо ќе биде поразен

Sase Ivanovski

Бугарските шпиони сакале да го застрелаат новинарот Христо Грозев или да го затворат во пештера

Sase Ivanovski

Севернокорејците се толку лошо обучени што Русите не ги испраќаат во првите редови

Sase Ivanovski

Гаши: Партиите кои прават кариера од меѓуетнички тензии не ѝ сакаат добро на државата

Sase Ivanovski

Меџити: Законот за употреба на јазиците се дискутира поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ

Sase Ivanovski

Јаневска побара трпениe за случајот со ученикот и бојкотот:„Не може цела јавност да го стигматизира детето“

Sase Ivanovski

Крмов: Системски се гради антимакедонизам под покровителство на СДС и ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Се крчка нов Закон за помилување: Дали веќе нема да се ослободуваат криминалци кои се „интересни во негативна смисла“!

Sase Ivanovski

Поголеми плати во здравство, потпишан e Анекс на Колективниот договор

Sase Ivanovski

Уставен суд: Нема да коментираме ничии ставови

Sase Ivanovski

Претседателката на Советот на јавни обвинители: Не размислувам за оставка!

Sase Ivanovski

Тројца припадници на обезбедувањето на Гаши повредени во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

ИМАМЕ 1,5 МИЛИОНИ РАБОТОСПОСОБНИ ЛИЦА Работат 46% од нив, каде се другите

Sase Ivanovski

ПРОБЛЕМИТЕ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА ЌЕ СЕ СЕЧАТ ОД КОРЕН Формирана е комисија за следење на снабдувањето со струја

Sase Ivanovski

ПОРАСТ НА ПЛАТИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОД 10% За првпат Владата има пари, ССМ очекува прифаќање на барањата

Sase Ivanovski

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ЈА ДОГОВОРАТ РАБОТОДАВАЧИТЕ И СИНДИКАТИТЕ Државата ќе ја прифати нивната одлука

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МУЦУНСКИ ВО БРИСЕЛ: НАУЧИВ ДА ПЛИВАМ ВО БУГАРИЈА, МОИТЕ ДЕЦА НАУЧИЈА ДА СКИЈААТ ВО БУГАРИЈА

Sase Ivanovski

НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ, НЕМА ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ВОЗРАСТА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ Мицкоски очекува вториот пензиски столб да ја покрие дупката во првиот

Sase Ivanovski

По повод празникот „Свети Климент Охридски“ 9 декември, понеделник 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Меџити: Се грижиме за зголемување на отпорноста од поплави на Полошкиот регион

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ејупи: Со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратеникот Арсовски потврди дека нивен активист е предложен за член на Советот за граѓански надзор

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мисајловски на затворањето на вежбата „Maple Arch 24“: Македонската Армија нуди услови и можности за заокружување на целиот процес за извежбување согласно највисоките НАТО – стандарди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТНО ПИСМО во врска со државната награда “Мето Јовановски”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Папазов: Во Кочани за 3 години се остварени значајни вложувања и новитети во секоја област

Sase Ivanovski

Во тек е исплатата на социјална и детска заштита

Sase Ivanovski

Да Вучиќу, во Србија е невозможно „македонско сценарио“

Sase Ivanovski

ГРОЗДАНОВ: Перспектива или „загадени умови“

Sase Ivanovski

СЕ ТРАГА ПО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПЈЕ Два дена не е вратена дома

Sase Ivanovski

НЕ СЕКОЈ ШТО ЛЕТА Е „СУПЕРМЕН“ Две деца скршиле раце, 9 имаат набиеници, но не се знае уште колку жртви има од играта на Тик-Ток

Sase Ivanovski

САД ЈА КАЖУВААТ ИСТАТА ПОРАКА И ПРЕКУ ТАЈНИТЕ ВРСКИ СО МОСКВА Лавров вели дека топката е во дворот на Трамп

Sase Ivanovski

УСТАВНИТЕ СУДИИ АЛБАНЦИ ЌЕ ГО БОЈКОТИРААТ ОДЛУЧУВАЊЕТО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ Оспорен е целиот закон, нема да учествуваме, вели судијата Осман Кадриу

Sase Ivanovski

БУГАРИТЕ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ВЛАСТА НЕ ИМ ГРАДИ АВТОПАТ ДО МАКЕДОНИЈА Ќустендил бара брз старт на изградбата на магистралата

Sase Ivanovski

📽 БУНТОВНИЦИТЕ ВЛЕГОА ВО ПАЛАТАТА НА АСАД И НАЈДОА ФОТКИ Пресвртот ќе се случи во Дамаск?

Sase Ivanovski

АСАД Е ПОД ПРИТИСОК, БУНТОВНИЦИТЕ СЕ ДВИЖАТ КОН ХОМС Илјадници луѓе бегаат од градот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОЈ СТОИ ЗАД 10-ДНЕВНИОТ УСПЕХ НА БУНТОВНИЦИТЕ ВО СИРИЈА? Ал Џолани сонува за народна влада која нема да ги гони малцинствата

Sase Ivanovski

ОН: 280.000 раселени во борбите во Сирија од 27 ноември

Sase Ivanovski

Стапката на невработеност 12.3 отсто

Sase Ivanovski

Државјанин на Косово фатен како превезува мигранти

Sase Ivanovski

Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје

Sase Ivanovski

По договорот со Ким Џонг-ун, Путин ќе потпише договор и со Лукашенко за безбедносни гаранции

Sase Ivanovski
Вчитувам....