Иако од МВР вчера го потврдија за ПОРТАЛИКС случајот каде што полициски службеник во работно време сексуално вознемирувал младо девојче, лицето сеуште не е идентификувано . Во одговор до нашата редакција од ОЈО изјавија дека случајот е во предистражана постапка .
“Предметот за кој покажувате интерес е во предистражана постапка и по него постапува јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Станува збор за сексуално вознемирување од еден неидентификуван полициски службеник и во моментот се прибираат докази за расветлување на случајот. Со оглед на сензитивноста на случајот не можат да се споделат повеќе детали.”-изјавија од ОЈО