Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека станува збор за терористички напад.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека првичните информации укажуваат дека станува збор за терористички напад. За агенцијата Ројтерс сведочеше и еден работник во ресторан на улицата Истиклал.
– Кога ја слушнав експлозијата, се замрзнав. Луѓето само застанаа во место и се погледнаа. А потоа почнаа да трчаат. Што друго можете да направите? – рекол Мехмет Акус, додавајќи дека веднаш по експлозијата му се јавиле роднините.
– Ми се јавија роднините, знаат дека работам во Истиклал. Им реков дека сум добро – вели Акус. Ердоган го осуди „страшниот напад“ на популарната пешачка улица и вети дека казната ќе ги снајде сите оние кои ќе извршат терористички напади врз турската нација.