Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш најави дека неговата земја ќе произведува тенкови „К2 Црн Пантер“ користејќи јужнокорејска опрема, јави полската државна новинска агенција.
Полска порача напредна воена опрема од Јужна Кореја, вклучувајќи ракетна артилерија Чунму, тенкови К2, самоодни хаубици К9 и борбени авиони ФА-50, како одговор на зголемените закани од Москва по руската инвазија на Украина.