На фотографиите објавени на социјалните мрежи на велешкиот портал tirekovmirece.com може да се забележат големи количини на вода низ улиците, по кои сообраќаат возила. Моментално, сообраќајот во централното подрачје се одвива отежнато, надлежните препорачуваат внимателно управување со возилата.