„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе пати јасно кажуван, тоа е дека уставни измени под овие услови не може да се случат и ВМРО-ДПМНЕ останува на тој став, а тој став го кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека на таа лидерска средба која наредниве денови треба да се организира дека истиот став ќе биде пренесен и на таа лидерска средба“, рече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека доколку СДСМ сака за било кое прашање во државава да се постигне консензус, тогаш консултациите со опозицијата не смеат да се случуваат отпосле.
„Не може да се прифатат прво работи а после да се обвинува опозицијата дека не ги прифаќа и да се обвинува опозицијата дека не е способна да постигне консензус. Тоа не е пример само со уставните измени туку и со договорите со „Бехтел и Енка“ кои се потпишаа“, кажа Попов.Попов истакна дека уставни измени под вакви услови со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ нема да се случат и како партија во повеќе наврати ја имаме повикано власта да ги стави на дневен ред уставните измени.
„Пред да одат и да прифаќаат и на се да викаат да треба да дојдат и да се консултираат со најголемата опозициска партија во државата и со најголемата пратеничка група во Собранието. Моментално СДСМ се однесува како да имаат 80 пратеници, па не се консултира со никого, но СДСМ има многу тенко мнозинство откако владее се до ден денес“, потенцираше Попов.