За време на дводневниот Late Night Shopping продавниците ќе работат до 23 часот, а во петок, на 19 јули, има и дополнителна причина за посета.
Тоа е настапот на бендот Поп Арт во Gourmet Avenue, кој ќе започне во 21 часот. На ваков начин Diamond Mall им овозможува на посетителите да уживаат во несекојдневни искуства и им нуди одлично шопинг доживување, со ексклузивни попусти и понуда, како и со можност да се забавуваат со музика и уникатна храна во Gourmet Avenue. Трговскиот центар Diamond Mall се базира на уникатен концепт кој обединува богата понуда на привлечни брендови, можности за уникатно гастрономско искуство во Gourmet Avenue, како и првиот и најголем центар за забава и едукација Dream Zone, наменет за деца од сите возрасти.
ПР