Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

   

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija. Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.